Со антибиотик. Прво Панцеф, па од кога скокна 140 црп почнавме со Сумамед и се излечи. Инаку, изгоре од температура 5 дена едвај се симнуваше.
Здраво мајки. Синко скоро 17,5 месеци. Кога му бранам нешто тој се тепа по глава и вика пам, пам. Или кога се игра, а неможе нешто да направи, се нервира и се удира по главата. Или си ги тегне ушињата. Незнам што да мислам? Има ли некој вака сличен случај со дете? Се плашам. Незнам дали да се посоветувам со стручни лица?
Малиот ми е 13м ич не е заинтересиран пример да покажува со прст. Устава пена ми фати : Покажи кај е кучето, светлото, мама, тато,патката шајката...му збориш тотално е незаинтересиран. Сака книги да ги врти страните сега тоа му е интересно. Треба ли да ме загрижува што не покажува? Едно време покажуваше на очите кога ќе го прашаш кај се на пример на мече, ама веќе не. А знам деца од 11м веќе почнуваат до прстето да покажуваат. Пољупче такви работи јок ништо не сака ни да те сослуша да решеш за да му покажеш... за криенка пример играме ја се кријам он со мм ме бараат тоа сака да прај, фиоки да отвара затвара.. Да не пропуштам нешто деуго? Покажуваат ли вашите овој период со прст кон нешта што ги сакаат или препознаваат? И заборајв уште нешто. Браво прави, Чао нејќе да направи. Исто едно време ќе мафнеше и толку. А цело време му правиме и му покажуваме како.
Па еве слично понашање и со мојава пишав баш неколку мислења поназад... А кажи ми од кога е таков мојава е 15 месеци скоро ,од пред недела дена прави вака .... @Milkiway не се секирај ,ќе почне мојава на 13 месеци почна одеднаш и да покажува со прст (сега веќе и ,,то" вели (демек тоа го сакала) и чао и да гушка ,за пољубац од годината прави. Браво правеше ,тапшин тапшин пример не сакаше да ја слушне одма не ,,тепаше" . Пробајте да смените пристап ,значи не покажи кај е пајката туку дај ми то тоа и покажи му со прст ти. Па после кога ќе знаеш сака нешто не му го давај туку чекај да ти покаже. Мислам ме сфати. Исто и со пољубац кога ќе се слушнете на Вибер со некој или при поздрав правете му вие на тој пољубац па кога ќе ве гледа вас ќе проба и тоа. Во фаза на имитирање се сега затоа те советувам вака.
Јас не би правела ништо на сила. Еве имам познаничка, работи на факултет предава јазик, пишува докторат, нема никаква говорна маана, а ми кажуваше дека до 2 одделение цицала палец. За смирување, се криела.
Моето покажуваше тој период, но уште за некои работи што го форсирам не сака. Пример во сликовници само животни покажува, не ги разликува но знае да одвои што е животно, што човек. Читав на еден инста профил дека и не е баш добро постојано да ги тераме да покажуваат или да повторуваат по нас. Може да има и контра ефект. Јас сега почнав полабаво дур му раскажувам некоја сликовница му ги покажувам работите и не го терам да ми каже веднаш. Ако посочи кон нешто со прстето му кажувам што е тоа. Па после го прашувам и покажува пак. Мислам дека овој беше профилот на инста: https://instagram.com/healthiest_baby?utm_medium=copy_link За секоја возраст има, може да пролисташ. Доста корисни совети има.
И мојата се удира нешто кога не е по нејзино и ме гледа право во очи дали ке реагирам ама само и викам ке те боли и ја игнорирам, менувам тема и поминува. И јас се секирав на почетокот ама фаза им е мислам сакаат внимание и да им идеш по газето.
моето има 20месеци, дури од пред два месеци почна да мафта за чао а сега и вика Таооо, 13м е мало уште продолжи да му зборуваш ќе се изненадиш колку само допрва ќе упива
Дај боже да е така. Но, јас се обвинувам и себе и мм. Јас за малку да одморам му пуштав Tom and Jerry, а мм за да испиеме кафе на раат Пиче за младиче. Tom and Jerry само се ќофтаат, а оние три во песната се фаќаат и за глава. Па едно време препишував на тоа. Потоа, мислам дека го прави за повеќе внимание. Пак ќе речам дај боже да е фаза. Но, за секој случај во понеделник ќе се консултирам прво со педијатар.
Хаххаха децата ли да си ги учиме или бабите и дедовците Тие и "порано" ми се смачи , да бидам учителка за стари лица . Од зборење неправилно до овие тепањата на предмети.
Син ми од 10м правеше чао, здраво, дај пет итн. Али не покажуваше со прст и не правеше браво, и послем на 13м почна сам и браво и со прст да покажува. Без гајле ќе почни. За книги потруди се доловиму моменти кои би му биле интересни ние има е 10кмиги од прилика и сите ги памти по нешто. И ќе ми ги зема од раце додека раскажувам и почнува тој како демек кажува пр. Волкот правел фуу и дува и бам куќата на прасето хахха. Се надополнуваме. Сега броиме до 5 што стварно сум изненадена јас велам еден тој кажува со трсте и вели да(два) па вели ти(три) јас велам четири и тој го повторува на некој негов јазик и велам пет и ми дава рака да пукне. Али па затоа кога ќе го прашаш сакаш вода пример земам не потенцира со да или не, а на негова воздрас веќе почнуваат од 15м да кажуваат.
Мое мислење е дека не треба да ги форсираме колку повеќе форсираш толку поголем отпор се прави, јас упорно му зборам кажи дај, кажи да, кажи ајде нема абер, знае да каже мама а не ми се обраќа со мама а знае да откачи да, ајде ама не повторува, звуци тек сега имитира на 15 месеци и тоа треба да е нешто глупости па да му е интересно и да повтори. За покажување со прст покажува ама и за тоа изводи знае да не сака да покаже каде е мама каде е тато Ако му речеш каде е далечинското донеси го го носи, бара цуцла. Пак ќе кажам да не форсираме ама од пусти страв да не не прозбори , да не му фали нешто сме напорни.
Мајки, малку истражував. Значи дечињата што ни се тепаат по глава било фаза и поминува само од себе. Тоа го прават за да привлечат внимание, кога се исфрустрирани, кога им избиваат забите. Најдобро е да се погалат во тој момент, да им се одвлече вниманието од нешто што сакаат, а не смеат.
Што мислите за пантофките на досс? Мм му земал на малиот ама гледам имаат на средина перниче кое доаѓа баш на вдлабнатинката од стапалото, па се мислам да ги вратам или се сепак во ред за 20 месечно дете??
Мојов исто кога ќе се изнервира нешто ако не е по негово се случува да сака да се мавни по главата, а порано сакаше и да ја чукни од нешто (од кревет, од врата и сл.). И после тоа одма доаѓа да се погалиме или ќе поплачи уште кратко ако го здоболило тоа што се удрил
Дали мислите дека е рано за кинетички песок, на мене ми е многу интересно па се мислам да земам да играме заедно ама од друга страна ќе го пика во уста ако го фати нервоза ќе лета на сите страни има некој искуство на 15 месеци кинетички песок ?или да не се глупирам поарно