Како што ги приготвуваш за вас. Не јаде од вашата храна? Мојата јаде тоа ние што јадеме и ги јаде баш и се убави
Една пријателка има дете колку моево и кога бевме на гости имаше направено дропчиња (е сега треба да се од природно чувани кокошки), и шампињони, и хељда. Така како сос, не многу густо. Дропчињата, кромидот и шампињоните заедно некако пржени, а хељдата посебно сварена па додадена. Мислам дека е добра комбинација, само тешко да се најдат добри дропчиња.
Иста е и мојата. За некој ден прави 14 месеци, не оди уште, не кажува ништо, само на нејзин јазик нешто, ни мама, ни тато, ни па покажува нешто. Зборев и со педијатарот, ми рече да оставам, секое дете е различно, а јас сум загрижена. Сака да си играме, се криеме, се смее, и она со рачињата се крие, знае браво и да се крие.
На муабетот. Моето е 16 месеци, уште не оди, кажува само мама, баба, дај, ајде ама не да бидат со значење, на пример да викне мама по мене. Покажува со прст од една година, тогаш научи и тапшин да прави, па за еден месец тоа му беше за браво, и чао прави само ако јас му кажам да му каже чао на некого. Разбира се и извршува команди. Двете мои најблиски другарки имаат деца кои им се скоро на иста возраст ( нивните). Едното на година и пол збореше како навиено, а другото дури на 2 години почна да кажува зборови со значење и да го зголемува фонтот, а дотогаш исто како моево неколку зборчиња без значење. Често се фаќам кога го споредувам со други а сосема е погрешно. Гледам деца на негова возраст јадат сами, а моето не сака ни да проба без разлика колку јас го учам. Може едноставно му треба повеќе време за некои работи.
Секое дете си е приказна за себе. Кога немав деца, споредував девојче на другар, со дете што го чуваше свекрва ми. Машкото што го чуваше свекрва ми, на година ипол збореше ептен многу, дури да се чудиш, а девојчето, три-четири месеци поголемо, збор не кажа до две години, можеби и повеќе имаше. Кога почна да збори, збореше многу почисто од машкото, тој си остана на бебешкиот говор подолго време, иако почна да збори околу година дена пред неа. Нема правила кај децата. Јас мојава не ја споредувам со други деца, ќе си прозбори кога ќе и дојде време. Кажува само неколку зборчиња, но разбира се, извршува команди, имитира животни, не имитира нас. Многу ретко некое зборче да го повтори по мене, фокусот и на друго место, хиперактивна е и паметот и е да се качува некаде, да се глупира. Прематурче е, и не очекувам премногу да зборува на 16 месеци. Прооди на 14 месеци. Генерално сум задоволна со нејзиниот развој досега, дај боже така и да продолжи.
Дали некој се соочува со дете кое јадело се и наеднаш не сака ништо да види? 14 месеци е, освен смока и лебче ништо друго не јаде. Ни парчиња, ни блендирано, ама ништо.
Кога почнавте да давате мед? И во колкава доза/дневно? Малиот е година и 1 месец и се бориме со низок хемоглобин. Јаде буквално се, и месо и спанаќ и цвекло и просо и зелени мешункасти.. баш баш се, ама некако се е на долна граница. Сакам да почнам да му давам мед со семе од коприва, да пробам уште тоа пред да дадам суплемент.. инаку пие и цедени сокови и плус вит Ц капки така што има добра основа да се врзе железото што го прима, не е тоа проблем..
Јас од минатиот месец почнав да му давам да го истражува (значи на 16м), под мој надзор секако Многу му е интересно. Само биди подготвена на неред и спреми метла или правосмукалка Доколку сакаш пробај прво со тесто (playdough) и форми.
Во оброци по малку почнав од година, а малку покасно и по една мала лажичка од сабајле. Кога ќе го изеде, кога не. Ако не сакаш се уште да даваш, можеш и само семе од коприва, не мора да бидат комбинирани. Убава храна даваш, пробај да појачаш брокули и црвено овошје, бело грозје. Знам како ти е, и ние цело време се мачиме со хемоглобинот, по 3 месеци внимавам строго на исхраната, ќе дојде до 135 и едно разболување толку е, одма паѓа нагло.
Нашите мислам се генерација, и он со прст сега почна да покажува и тоа што он сака не јас да прашам каде е нешто па да покаже. А за пољупче и слично се трудам да го учам и таман ќе се откажам тој сам ќе изненади ќе направи нешто што не сум пробала да го научам одамна. Не му се секирај сите се различни еве овој па книга освен да искине друго не знае.
Баш тоа дојдов да прашам. И јас се загрижив, и мојата неколку денови веќе протестира, уста не отвара а баш јадачка си беше. Ние сме врсници. Може и период да е.
Исто преку ноќ мислам дека престана да јаде. 2 години и 1 месец е освен овошје, зелнчук, лебче, ѓеврече, млеко со коронфлекс , јогурт, кисело млеко и компир друго ништо не јади. Во градинка исто леб и салата не сакал ни да проба од јадењето, а крвна слика топ.
Период е. Мојава од ептен јадачка, дојде до тоа да не отвара уста, и тоа уште на 11 месеци. Имаше и периоди кога еден ден ќе јаде, па три дена ништо не јаде и така си теравме до пред десетина дена. Веќе сме 16 месеци. Деновиве јаде, не можам да се жалам, иако не јаде колку што јас би сакала. И многу е ограничена со намирници што ги јаде. Месо не јаде скоро воопшто, се уште не сум нашла на кој начин да и го дадам. Манџички никако, освен леќа, но и тоа некогаш јаде, некогаш не. Супи, чорби, каши никако, не јаде ништо што се јаде со лажичка, само парчиња. Варено јајце само белка, од пред некој ден почна и кајгана да јаде. Од овошје јаболко, модра слива и банана, но и неа ја избегава во последно време. Сок од портокал може да испие колку и да и дадеш, некогаш и ставам и калинка или јаболко. Од зеленчук јаде карфиол, брокула, домат многу, од скоро почна и морков и печен компир. Јаде леб, тестенини, такви работи, но во мали количини, исто и бисквити, благи работи по малку. Од млечни работи, јогурт, малку павлака и моцарела. Тоа е нашето мени. Уште мака мачиме со јадење, но за разлика од порано сме многу подобри. Јас давав прашок б-комплекс. Јас сакам да прашам, сиров зеленчук, конкретно цвекло и морков од кога може да се даде? Пример сок од цвекло да мешам со овошен сок, од која возраст може?
Мојов е 13 месеци ми рече матичната свежо цвекло колку еден нокт смее, ако е варено може повеќе да се даде.