Мајки ве молам кажете нешто за ублажување болка од запче. Образот лев црвен жар му е, можно е тројчето да пробива. Уште тројките и четворките и една двојка останаа. И температура имаше до 38,4 вчера, самата се снижи, денеска пак крена до 38,8, му ставив чепче. А не кашла, нема нос течење, најверојатно од забите е, зашто и од спиење со рикање се буди и се чепка во непцата
После година, мешав со семе од коприва еден месец и ставав во овошни каши и јадеше. Само кај нас железото беше 4ка и морав суплемент да дадам и се среди. Ке правиме контрола пак нареден месец.
Од која причина испитавте железо? Тоа се гледа преку крв од вена така? До сега само од прст му земале, не ми спомнале за индикација за проверка на железо или подетална кс од вена.
Јас му ставав мраз во оние глодалките за овошје што е става внатре си гризеше колку му е доволно и после сам го фрлаше. Евентуално дентинокс 200 денари е мислам, на база на камилица. Бело вино помага исто така на ова ми текнува.
Крв и од прсте покажува ниво на железо, не мора стрикно од вена да е, најверојатно се е в ред затоа и не ти спомнале
Во синлаб од прст ни земаа само посебна епруветка. Долго време бевме со низок хемоглобин па матичната не прати,со фероглобин 2 дози се среди .
За проверка на железо, може и од прст, само мора да се наполни цела епрувета, бидејќи крвта требала да коагулира.
Мајки може е глупо прашањево, ама сакам да ве прашам дали им облекувате нешто здоле под тренерките на машки деца за надвор на поладно, од типот на хеланки, хулахопки. Лани немав потреба, мал беше, со скафандер го шетав. Оваа година трча па не знам како да го опремам. Не знам што да му облечам зошто ладничок е кога ќе си дојдеме од шетање само по тренерчиња...И ако им облекувате, од каде купувате.
И јас исто лани не му облекував, ама овај период почнав со хулахопчиња и баш ми е смешен ко балетан е има убави на тритекс, имам и ѕиврички тие што се без стапалчиња, ама сега за сега ги користам само за спиење, кога ќе е минус под тренерки
Ти благодарам, ќе разгледам Мислев само јас имам луда идеја машко со хулахопки да го облечам па ми беше срам да прашам
Наполни година во октомври после 2-3 недели од роденденот почнавме малку во овесна каша. Уште давам така во доручекот.
Зошто срам, па и на машките им е ладно Јас добив совет од педијатар да не ставам два слоја за да не се загрева кај курето туку некои високи чорапи. Ама лани кога ептен паднаа температурите му купив два пара и му ги облекував тогаш, ептен беше ладно. Оваа година и јас се мислам што да правам, високи чорапи над колена никаде немам видено, до душа не ни барав. Ќе му земам веројатно пак хулахопки. Да ти кажам право мм без хеланки зимно време не мрда од дома, пресмешен е ама ладно јбг
Мајки, бебе е 15 месеци и еве 3та ноќ станува помеѓу 00-02ч и плаче т.е вришти без престан! Немам ништо сменето во рутина, инаку не се буди по цела ноќ, станува сабајле помеѓу 6.30-7.30. Сега му дадов и да цица, додека цица ок кога ќе се тргне продолжува со урлање. Буквално не прифаќа ништо за да се смири на секој обид (лулашка, песнички...) на се вришти од петни жили. Дали некоја имала слична ситуација и како да го смирам?
Тоа може да е од повеќе работи. Може вади заби,може го боли нешто или го доживува денот . Мојата е 3г и ретко имаме мирна ноќ. Кога има ноќен терор ,гледа во нас испаничено ,но не е свесна и будна , плаче хистерично ,тогаш ништо не помага освен детето само од себе да се смири.