Да, буквално само од себе, затоа што се што правам џабе...заоѓа од плачење т.е тоа е вриштење. Да го боли нешто зар нема и преку ден да го боли? Преку ден е добар само во сон ова веќе 3 ноќи по ред. Затоа велам не можам да анализирам од што е ама бар решение кога ќе се уплаче така..
Исто како тебе милион прашања .Мн пати сум ја будела од страв дека ја боли нешто .Има некоја врска со развојот,со учење нови нешта,стравови.Еве не најдов решение уште плаче скоро секоја вечер и секогаш ми е трауматично. Плачењето е обично 2ч и после се смирува сама од себе .
Мајки како и колку давате маџун? Имаме полна годинка Ми донесоа домашен маџун од грозје ама не сум давала до сега .Секој совет ми е добродојден
Мене 3 вечери по ред ми се будеше така вриштеше сред ноќ и му излегоа 2те горни тројки и еве ноќеска не мрдна.Можеби од заби е не знам.Викаат дека кога мируваат тогаш најмногу ги болат
А кои заби се најболни, тројките? И колку долго излегуваат? Тоа вриштење и кај нас го има, дали кошмар или болка, којзнае...
Мајки ако може совет. Малиот е 16м и не сака да јаде манџички пасирани. Ако му ги изблендирам тогаш јаде, инаку не... Парчиња јаде и тоа огромни, ама само кога е сува храната, пример леб, палачинки, ќофте итн. Не знам дали јас грешам и не знам да му понудам правилно или па тој си е таков
Да пробаш да му ги исечкаш на парченца манџите и со малку течност. Сѐ од манџа може да се исечка, компирот, морковот, месо,и ако јаде сам, најубаво.
А зошто му ги пасираш манџите? Исецкај на поситни парчиња(на пр.компир, боранија) или грашок,леќа,грав давај му ги цели...само потстисни ги малце и нека јаде му штом знае да џвака.
На него му се набабрија околу роденденот а еве сега скоро 17 месеци има му пробија.Нека им поминува со лесно
Ние со ниедни заби немавме мака а има во моментов 14 освен со четворките.Не јадеше 1 недела ништо температура 38-38.5 и по цели ноќи плачење.3 четворки за 7 дена ги извади…
@elenaklasik Под пасирање мислев малку со виљушка му ги стегам, не со пасатор. Сум пробала и така цели во парчиња како што си се и пак не сака да ги јади
Душава ми испадна со тој период , кај нас траеше 2 мес. Жива се јадев. Од дете јадач , имаше денови ништи да не јади ама нишшто. Прекинавме и млекото пред дремка да и го даваме демек се заситува од него , не ни успеа. Млеко и плазма , понекогаш ќе ставев просо . Се радував и на една порција дневно. Пропратно се правев , и остануваше . Не останав на тоа не јади и тоа е тоа. Нудев и нудев храна , и фрлав. Еве сега си се разјаде пак на старо . Ќе помини . Без разочарувања.
И синче плаче ноќе последниве недели, се буди 2-3 пати и финално станува во 4 и 45 секое утро. Еве не мора ни да погледнам во часовник, знам дека е толку штом станал. Јас раскажувам приказни до 6ч потоа татко му го превзема, а јас дремнувам пола саат да соберам сили за цел ден. Не знам, таа регресија од 18м можно ли е порано да почнала кај нас? И 5ките веќе нека излезат, мислам дека и заради тоа плаче ноќе. Ептен му се набабрени, а дека се скроз позади само бута прсти во уста и гризе ли гризе ... со нагони за повраќање
Луѓе како оди со проверување крв од вена, ќе се додржи ли детето. Една докторка ми предложи да испитаме д3 и таму уште нешто...мора од вена. Јас не верувам дека ќе можам да го додржам таму, а страв ми е иглата да не се скрши, да не се повреди детето
За д3 може и од прст само ќе треба две епрувети, па размисли си што би издржал повеќе. Ама и како иглата би се скршила, не зезај Ќе му ја држиш цврсто раката и брзо ќе му земат. Ако плаче при вадење крв може и вена е побрза опција.
Кај нас тука само од вена земаат крв без разлика што ќе испитуваат, од прст не земаат. На мојата и имаат 4 пати до сега земено од вена, ја држат двајца и една/еден боцка. Ќе плаче, ќе рика ама нема мрдање до дека не завршат, зависи и каков е докторот или сестра што и дали ќе најде одма вена. Некои од прва наоѓаат и за секунда се наполни шприцот и готово, а некои дур најдат вена на мене ми се слоши гледајќи додека чекам, а камоли на бебе. Ги имам искусено и двата случаеви па затоа кажувам.
Нас ни дадоа една играчка, со една рака го држев него а со друга рачето слободно и накај играчката му ја вртев. Две сестри му ја држеа раката што требаше. Плачки имаше ама некако помина.