Еве ме и мене во групава. Синко наполни година неодамна. Забележувам некои промени, почна да се заигрува повеќе со играчките-самостојно околу пола час и повеќе што го сметам за успех. Знае на подлогата каде е кучето, мачето и други животни, и ги покажува со прсот, дава аплауз со рачињата. Единствено се загрижувам што не кажува ниедно зборче, тој ќе рече мама баба и толку, тоа е..останатите се некои неразбирливи зборчиња. Има некоја возраст на која кажуваат по нешто? Рано е да се грижам? Спојлер: Игра Инаку еве една предлог интересна игра. Јас ги собрав овие капачињава останува уште да ги залепам и да си играме
jaс со мерак и ги лепев овие, па ги боев внатре, ги цртав, и кога зема ми ги испокина ги корнесе од картонот,па слатко си се смееше и така беше играта да кине а не да ги отвара
@firequeenn И јас како Бела ги собирав, мене идејата ми беше животни да излепам под нив ама него му е поинтересно да ги лепи по мебел и така остана Сега имам капачиња низ цел стан.
Женски знам дека секое дете е приказна за себе, но од кога ги учите сами со лажиче да јадат или вилушка? Син ми без да го форсирам, а искрено не сум ни за тоа сам да јаде, бараше и со раце јадеше. Сеа пак го ранам така ми е посигурно колку изел. Ќе го налапкам па нека игра после и нека замислуе сам дека јаде Инаку е скоро год и 3 месеца и вчера сврза цела реченица! Додуша 3 збора ама толку чудно ми беше не ми се веруваше дека од тоа усте мало слушнав нешто разумно а не јапански (очите ми се насолзија). Горе прочитав околу заигрување, он откако седи сам па после и кога почна да лази по 2-3ч сам си играл! Само сум му давала идеи за со која играчка, а некогаш и со една буквално 2ч не ме барал. И сега како поголем исто прави и многу убави игри сам се заигрува. Ве поздравувам
Знам твоето со ќерка ми се неколку дена разлика па ќе ти пишам вака подетално, ма да секое дете си е различно и не треба да има споредби. Еве на пример има деца што од раѓање се посамостојни, и деца што постојано бараат во раце или некакво внимание. Има деца што ќе проодат на 10 месеци и деца што ќе проодат на 15 месеци. Исто и за зборувањето. На годинка според логопедите, треба да разбира и да извршува некои основни команди како на пример ‘дај ми ја топката’ (што ја држи во рака), погали го мечето, да пукне, кажи браво со рачињата, да покажува кон познати предмети и слично. Фондот на зборови за 12 месеци е претжно мал и неможе да се очекува да кажува којзнае што. Мама, баба, тата, деде, дада, ономатопеи исто се рачунаат како зборови (ав ав за куче, мау за маче, муу за крава) па-па кога излегуваме надвор, буууу за како прават колите… отприлика тоа е кај нас. @lemon8ejt мојава од 10 и пол месеци не сакаше лажица да види јас ако ѝ давав. Ја оставив сама малку се шлапаше неколку дена и со раце и не знаеше како со лажицата ама ѝ помагав, јас ѝ полнев она си ја земаше и од 11 месеци веќе асално јаде сама со лажица (ако е нешто погусто како пире на пример, ако е течно ѝ тече) и со вилушка си боцка.
Барем еден оброк давај му скроз сам нека јаде. Поважно е сам да научи да се најаде отколку да биде прејаден. Не дека и јас некогаш не правам така ама мора да се контролираме. Секогаш на детето треба да му се вика јади колку што ти се јаде. А не "види сестра ти колку убаво јаде" "супата цела треба да се изеде" ...
Парацетамол за забите. Иначе има некоја вироза штом ти крева температура, не е тоа од забите. Ништо никогаш не им облекував, ни кога беа мали, ни сега. Си тераа најобично со тренерки и чорапи, ни хулахопки, ни хеланки, ни ѕиври. На планина ако одевме, само дебели зимски панталони фатирани од внатре, отпорни на вода, и високи чорапи, до пола лист. Толку. Машките не треба да се облекуваат многу надолу.
@Annath не крева веќе, два дена имаше температура, ништо друго. Ни мрсули ни мозолчиња ни кашлање. И самата му се спушташе. Шо вироза ќе да е таа
Без разлика на возраста давав 200ие на 1кг. Сопрев на 2000ие бидејќи тоа е максималната доза што може да се дава без чести проверки на Д вит во крвта. Еднаш проверивме и добро искочи дозирањето. По потреба се дава повеќе.
Нашиот е околу 11.5 кила, и му даваме 600 и една лажичка молерс (таму околу 300 би требало да има). Докторката ни рече не би било лошо да провериме, и планираме деновиве да отидеме.
Штом искажува желба за сам да јаде, можеш пола од јадењето да му го даваш ти, останатото сам да јаде. Или дај му да држи лажица, виљушка во рака, а ти во меѓувреме храни го. Мојот од нешто пред годината го оставив сам со раце да јаде храна која беше потврда или лепче, после му дадов и лажичка, накај 14 15 месеци, времето потопло беше и малку земаше, нешто ќе ставеше. Летово совлада лажица, му дадов виљушка, сега на 20 месеци боцка и јаде, се нема повредено, а и не се плашам. И со лажицата, сам цели манџи му ги давам да ги јаде, нешто паѓа, голем дел ја јаде. Ама рацеве бар слободни ми се, за кратко, дур не треба после да исчистам нередот. Туку, ти кажи какви игри игра син ти... Дај идеи
Како одредувате колку треба да е дозата на вит. Д3? Јас кога го прашав педијатарот дали да земам д3 со омега на бејбитол или молерс ми рече бејбитол да земам по една капсула на ден, ама ми звучеше како ради реда да ми дал бидејќи сигурно не памети за кое дете го прашувам Инаку сме 20м