Дармфлора е добар за пролив, дијареја, проблеми со стомак. За секојдневна употреба не ти треба, прави запек. Провен ти е добра опција, поевтин е, исто прашок за помали деца, во шишенце, со дозерка. И Пробивал е добар, го купив оти немаше Провен од тој што им го давам на моиве.
Кај моето дармфлора се покажа супер и за секојдневна употреба, нема проблеми со запек. И мислам дека не е 2700 поефтино го купив околу 900 не сум сигурна, големо кутиче со мерица внатре за мали за секојдневна употреба пола меричка а за пролив и сл една цела. Еве вторр месец истата кутија ја користам
Мајки едно прашање, правевме крвна слика пред некој ден и се му е супер освен низок фератин. Ја пратив и на докторот и он ми кажа дека е се во ред. Сега јас гледав нешто и читам пишува како коментар дека има присуство на некои активирани лимфоцити. Докторот не искоментира ништо, јас сега видов, му пишав одма ама сабота фала богу дека не одговара денес. Што би можело да е? Искуство? Фала.
Ако некои од ставките се со некое благо покачени или намалени параметри тогаш не реагираат воопшто зошто секое дете е во контакт со бактетии вируси, заби вадење итн но ако е голема разликата тогаш има нешто и тогаш реагираат. Кај нас секогаш на секоја крвна слика лимгоцитите се покачени малку и стално сум го вакцинирала и немал никаква реакција ниту пак се разболувал и затоа не ни давале терапија.
@Lovebug01 јас му давам по 4 капки од пливит д3.По толку му давам по препорака од ортопед од пред 1 месец, рече по толку до следна контрола. Исто давам и витамин ц капки и омега една вијала. Како ги облекувате на нозете за низ дома овој период? Во фаза на проодување е па се мислам дали да му ставам кондурчиња за низ дома од кеги ги зедов за надвор, со цврст ѓон ама не е прооден уште и ги користи за лазење само Дали со нив да го оставам за низ дома или на босо со чорапи само да проодува
Najdobro e boso, ili Imash od hippo ubavi kozeni toplinki bez gjon koza e celoto isto kako boso da e . Moeto takvi ima i sum zadovolna
Јас земав дебели чорапчиња како со кожа сошиени долу, и босо под нив дека многу ѝ се потеа стапалата ако облечев плус уште едни чорапи. Со нив прооде и сега такви носи за дома ама планирам во скоро време да ѝ купам од тие кожните на Хипо. Додека не прооди не мораш да му облекуваш кондурчиња, јас купив патики најк дури откако прооде, претходно за надвор беше во обични патичиња бебешки од ваикики, ама не ја пуштав со нив да оди. Со најкот ја оставав и дома малку колку да се навикне на нив. Инаку, за проодување скроз босо е најубаво, ама сега не е изводливо, ладно е.. Витамнин Ц колку капки даваш?
Јас купив од 35г. Меѓутоа не ми е баш јасно како се употребува. Пишува да се става во пијалок, јогурт.. Дали би можела да ми кажеш како го даваш? Како да бидам сигурна дека потребната доза ќе ја испие, ако не го допие јогуртот...
Не можеш да бидеш сигурна затоа земи си некој друг пробиотик кој ќе бидеш сигурна дека ќе го испие. Јас и се пожалив на докторката дека на сила пие, па ми препиша бекутан дека биле вкусни и се раствараат во течност и стварно се вкусни ама ете моево никако не сакаше да ги пие, ни во сок, ни јогурт, ни млеко. На крај зезнавме работа, фати кандида од антибиотикот.
Има некој искуство со Др Марина од Ремедика за поголемки деца? 2 матични сменав досега и некако не ми се погодени.. Сакам еден контролен систематски преглед за малата кај асален педијатар. Дали обрнува внимание? Или да одам Систина?
Од Марина бев задоволна до кај 6 месеци, сега не. Премногу пациенти има, многу е гужва и со термин и само брза да постигне секаде. Мислам не е жената крива, стварно ја бараат и ја бива ама некако за поголемо дете нема ништо посебно да каже. Мој впечаток. А што конкретно ти треба? Зашто прегледот буквално е мерење, прашања дали збори, дали оди, градинка бла бла, ете на толку доктори бев годинава и ниеден доктор не ме прашал повеќе околу развој или да препорача активности за возраста. Повеќе ваков муабет имам со ортопедот отколку педијатар. И јас сум во потрага по матичен ама уште немам слушнато за некој конкретно баш позитивни искуства, секаде поделени мислења. Последно се загреав за во реоника ама и таму не примаат нови пациенти.
Ќерка ми 2-3 месеци стагнираше со килажа и не триплира на годинка. Требаше да има 9кг она има 8. Последната крвна слика пред 2 недели покажа хемоглобин на долна граница и ми дадоа сируп фероглобин. Претходно хемоглобинот беше малку над долна граница па еден педијатар ми викаше не земај ништо, друг ми викаше давај витамини. И општо сакав да се консултирам со некој асален за суплементи, исхрана, општо за сѐ. Кај матичниве педијатри тие што се подобрите е исто многу гужва и не можеш ни да ги добиеш. Затоа размислував на приватно да ја однесам.Инаку за развој сум била Систина кај Др Наталија, она е детски невролог и бев презадоволна од неа, 1 час траеше прегледот со совети со сѐ, ептен внимание ѝ посвети.
Зависи што бараш да се обрне внимание? Ако е проблем специфичен оди по специјалисти подобро него да бараш матичен. Матичен ќе измери и ќе ја слушне и тоа е прегледот. Јас така правам ако ми кажат проблем пример има кила одам на детски хирург, проблем уши одам на ушно. Никогаш не оставам само на матичен. Не се шетај џабе од матичен на матичен. Ако ти е баш за прегледот проблем оди кај паскалов. Даваат термин за здраво дете имаш 30м разговор итн.
Немам специфичен проблем. Обичен систематски преглед со совети ми треба Паскалов работи приватно? Колку време се чека кај него термин?
Знаеш дека моево е година ипол и уште нема триплирано? Што да му правам, таков си е. Порано јадеше многу ама и преактивен е. Сега е само активен, ништо не јаде. Хемоглобинот секогаш после разболување или долг период на нејадење му паѓа на 105, па после му го качувам на 135 со добра исхрана. Носи го и во приватна ако сакаш ама јас не би имала големи очекувања.
Сега последно барав термин кај Ѓорги за 7дена ми го закажаа. Инаку можеш да отидеш на приватно кај било кој доктор. Како да видов 1500 дека пишуваше за приватен преглед ама прашај уште еднаш
Ти благодарам. Дармфлората ни го препиша бидејќи после стомачен вирус уште не му е целосно регулирана столицата. Пробано со Нормиа и Ваја, ова како трета опција ни го даде.