За поголеми се дозира по 10 капки,не е стрикно за бебиња.Кај мојата најдобро влијае Ваја ,еве сите антибиотици со неа сме ги минале.Зависи и до детето,дали му одговара.
И кај нас Вајата супер влијае. Пие антибиотик а првпат да нема пролив и да и крчат црева. 10 капки, не се буни, го пие, изгледа е вкусен.
Не сум знаела дека се дава и за поголеми, ќе се вратам тогаш на Рекол Бимбо, најдобар се покажа досега.
Број 5 (за сега) или 6 (за некој месец) по Австралиски броеви. Синот мој има 20 месеци и носи број 6 (23 по наше).
Тоа со тежината и ние стално го мислиме, го мериме детето, се нервираме. Човек кога ќе размисли со ладна глава сфаќа дека најважно е да е здраво. Ние не сме во мкд, и веќе некое време 11 кг ни покажуваше вагата и ајде не можев да го слушаме веќе мм и отидовме кај една докторка што се специјализира за исхрана на деца, деца спортисти, и самата е мајка на 6 деца. Рече дека се е ок, важно е да расте во висина и да го мериме на 3 месеци (не цело време и ете само за секоја сигурност можеме да испитаме крв, витамин Д во крвта и тсх хормони на тироидната жлезда. Некогаш и од тироидната не качувале на тежина.
Секое дете си следи некоја своја крива на растење во тежина и висина, тоа се нарекува перцентил ... На пример ако во првите месеци видите дека следи 50ка перцентил, тогаш очекувате дека и понатаму ќе треба да биде тука некаде околу 50ка. Не треба да има некои нагли промени од својата крива на развој само. На пример ако детето е во пониска перцентила, ништо посебно, е поситно дете, и секогаш во детството ќе биде тука некаде, едноставно си ја следи својата крива на развој. Вака изгледа тоа, пр за машки деца: https://cdn2.momjunction.com/wp-content/uploads/2014/07/Weight-for-age.jpg Мерете одвреме навреме и обележувајте си на дијаграмот и секогаш ќе ви биде полесно ако е на иста крива или плус минус тука некаде.
Мајки, јас давам вит ц од капките Бејби витал. Штом се потрошат, дали правите пауза или одма продолжувате со нови капки?
Ама има исклучоци Син ми од 2 месеци е над 100% на дијаграмот. Сега е висок 105cm со 19.2 кг на 25 месеци. Се е ок со детето, и татко му така растел.
Не е исклучок и тоа е таман. Битно е да ја следи таа крива. Еве мојов на дијаграмот за тежина се движи помеѓу 25 и 50 перцентили, а во висина највисоката не знам ваљда 100 е таа. Тешко качува на тежина ама битно нема големи отстапувања.
Правам пауза, па по потреба давам пак. И јас ги давам истите. На самиот производ се советува да не се употребува постојано долго време. Гледам најмногу преку овошје и зеленчук да внесува Ц.
Здраво. Сакав нешто да се консултирам со вас. Можеби е и се надевам дека е непотребна грижа, но приметив од синоќа дека пелените не се полни како претходните денови. Се работи за син ми, 23 месеци. Вчера кога го земав од кај баба му после работа, можеби и беше штотуку променет, но имаше мали знаци дека мочкал. Сабајлето исто така, имаше мочкано ама не како изминатите вечери кога дури некогаш и ни протекуваше пелената. Не знам дали е алармантно, дали да го водам некаде. Сега ми се јавија имал и мала температура 37.7. Инаку месец и пол се бориме со настинки и грип, и уште поткашлува и носето му тече.
На моето му се има случено од многу топло да не мочка. Педијатарот прво тоа ме праша, колку е топло дома и дали пиел течности. Консултирај се со баба му дали и колку пиел вода, сок евентуално преку денот.
Не пие вода како што знаеше и нешто ми одбива да јаде последните денови. Претпоставувам е од носето што уште му тече и искашлува секрет. А за топло, топло е 24-25 степени сигурно има.
Може некој вирус да му биде. И моево имаше скоро период само на вода беше. Немаше апетит воопшто, деновиве полека се стабилизира. И кај нас е таа температура, гледај за спиење да биде некој степен пониска од неа.