Мајки, што давате за проливче коа вадат запче? Регулирам со храна, но дали давате и нешто плус од лекарства пролајф или сл
Како мрзните спанаќ кој ќе се употреби за брзо? Читам постапки на нет, ама би сакала да слушнам и од искуства
Јас го мијам , го оставам во вода со сода бикарбона . Го плакнам и го оставам да се исцеди на крпа. Ги диплам лисјата спанаќ во ќесенца, и го смрзнувам.
2 недели како носот не престанува да тече. Пиеше и амоксиклав 7 дена, инхалации, диво оригано, синомарин и пак џабе. Чистиме носе и пак е полно! Што користите во овие ситуации, не знам што да земам веќе?
На синми, му излегоа прво како некој ситни црвени мозолчињата едно до друго... во пределот на мешето.. после некое време му се направи како сува и рапава кожа, со чешање го разранил местото, педијатарот (незнам дали да ја наречам педијатар) вика нема ништо, нема гајле ке му помине а не дава совет за лекување (веројатно е егзема) Денес забележав и на газето му се направи сува и рапава кожичката (веројатно се проширила егземата) Дали некој/а се соочил/а со овој проблем? И како го решивте? Инаку малиот е во 18 ти месец се си јаде.
Јас виранто давав ама без антибиотик. И оригано. Пробај не губиш ништо. Маслена купка и соодветен крем. Биодерма користам и убава е. И биодерма интенсив бауме крема.
Ако го фатил сеа последниот актуелен вирус не знам што да ти кажам. Јас не памтам во живот вака да ми било. Малиот го држеше околу 3 недели, инхалации, чистење носе и синомарин и си прекина само од себе. Знае да му потече ама намалено е доста. Мене еве некои 2 недели ме држи и уште се затнувам на моменти. Ништо, само редовно чистење и солен раствор, ќе си помине.
Nisto solen rastvor, ovosje poveke i ke mu pomine jas sum veke 3 nedela isto a maliot isto 2 nedeli i seuste si tece.
3 недели траеше кај нас,и сите што ги познавам овој период што беа со исти симптоми. Виранто давав јас,солени капки.
Мајки, некоја искуство да каже со земање крв од вена кај децава. Ќе треба да проверуваме калциум и витамин Д утре, којзнае како ќе му земат, ако успееме воопшто. И друго, намалени неутрофили, а зголемени лимфоцити на што укажува? Crp-то е добро, 6 изнесува, од референтната вредност <6. Леукоцити се ок, кон горната граница одат, ама во граница се, еритроцити се во ред и хемоглобинот е убав за чудо - 129.
@RAK91 @mal.ecka Мојот имаше една ноќ температура до 39.6, а вака другото скроз исто како што кажувате. @elenaklasik Вирус е.
Јана, мислиш? Баш една докторка му ги виде резултативе, не рече ништо. А и нема симптоми никакви, нит температура нит кивање нос течење. Едино мали мозолчиња на обравчињата му излегоа и црвени му се. Сега се мислам од што му се тие...
Па ајде да не лупам ама кај нас кога било вирус такви биле резултатите. Еве сега последно беше така, а леукоцитите нормални, црп 10. За вакцина го носеше на доктор? Ова осипот не знам, ништо не рече докторката?
Докторката нѝ е пријателка, ги виде резултативе и не придаде значење на тоа. Ама со неа повеќе се консултираме сега за проверка на д витамин, сѐ уште не е дозатворена фонтанелата. А осипот вчера вечерта почна да се појавува, и претходно ги имаше ситните брунчиња, ама денес се засили, се зацрвена. Еве штом црп е ниско, не знам, да не се алармирам?!
Ако детето си е добро, физички не му е нешто тогаш да, нема зошто да придаде значење. Кај нас нонстоп беше таква кс додека му пробија кецовите и двојките. Инаку, и на мојов фонтанелата не е затворена, ај баш пиши каков ќе биде резултатот и што ќе ви кажат. Колку Д витамин му даваш? Ова осипот од некоја нова храна, од ладно да не му е? Знам се шири коксаки вирус ама би требало само околу устата да има, дланките и стапалата.
Физички е во ред, да не го подречам. Сега му давам по 4 капки пливит, абер немам ни малку бар претстава дали е доволно или не. Всушност, научена лекција е да се даваат по 3 капки, така и ми велеа, јас му додавам уште по една. Утре здравје, ако најдеме финта за да му земат од вена, добро ќе е, ако ептен се корне, не знам како би. А осипот, дали вчера од една крем супа што му дадов да проба неколку лажички, со шитаке печурки беше, ама не верувам од неколку пати. Си мислам од ладново можда, утрината го извадов, му ставив и крем од Веледа и како повеќе да му се изразија. Има на едниот образ и на брадулчето малку. На дланки и стапала нема. Ќе ти пишам за другото пак
Епа мајка рачунај ти му даваш 800ие,јас му давам 2000ие и пак не е затворена. Не е лошо и ние пак да испитаме.