Има ли некој скок или што и да е на 13м? Луѓе полудев од дете што јадеше се и требаше јас да кажам доста кога е не јаде ништо. Го молам трчам со лажицата низ соба дури правам по 3 јадења за секој оброк за на крај пак да не јаде. На леб сув и тоа малку само, млеко и вода живее. Цел ден пие вода а да јаде никако нејќе ни да проба. Заб не гледам да вади, до душа мислам за 4ки му е ред а не ни дава тоа да видам асално... Збеснав
Ова на мешето му се правеа на син ми така вруќаници. Баш така беше кај нас едвај му ја оправив кожата. Пошто викаш и на газето се проширило може е нешто друго. Најдобро кожен да го види чим педијатарот вика ништо. Фризидерм мачкав поминуваше
@Jana06 тебе ќе те тагнам, некако на исти пат ни одат децава. Правевме контролен брис и испадна дека има моксарела, а на предходниот стрептокока. Со што ја излечи моксарелата? Пак антибиотик примавте?
Не ја третиравме никако ама пиеше антибиотик заради бронхитот, па така со тоа се излечи и моракселата. А буквално ништо не му препишуваат специјално за мораксела зашто само носето му тече од неа. Сега мислам ја нема ама сигурно пак ќе ја фати, само се надевам нема да ја осети.
Кај нас не течи носето, се тоа се стабилизира и еве пак нешто се појавува Ништо ми останува да си чистам секој ден носе со физиолошки раствор
Дали го однесе на пулмоалерголог заради бронхитот? и дали правеше испутување преку крв од што го прави бронхотот?Мојот матичен како незаинтересирен беше ми рече дека на секое промена на времето да очекувам дека ќе сме со бронхит.Денес ќе ја носам во Ремедика со се отпусно писмо да видам што ќе ми кажат
Вирус беше и во двата случаи, премногу густ секрет, затнато носе и спушта на гради. Грлото беше во ред. Го носам на пулмолог и јас во Ремедика кај Искра.
Во Ремедика и јас го носам кај Искра кога е болен, ептен добар пулмолог. Ама еве денес кога е со температура нема термини. Во Систина кај кого ги носите кога се ептен болни? @Panovic два дена во градинка и ја закачи истата бактерија. Две недели е веќе болен, еве вчера пак температура, носот не престанува да се полни. Пиевме амоксиклав 7 дена, инхалации, капки и еве не пак на почеток. Утре нов брис.
Ја има некој шемата за пиење на Бронхо-ваксом? Сега бевме во Систина и гледам во извештајот заборавила докторката да ми ја запише. Запамтив само 10 дена по 1 таблета.
Може малку глупо е ама не губиш ништо пробај со кромид исечкан на четири во креветче додека спие ,ќе му го олесни дишењето. Не знам што е ама од тогаш до денес трае (15 м е )...
Вадење крв од вена Една сестра нѐ пречека, малку повозрасна, веројатно мислеше дека лесно ќе помине (таа). Го легнавме малиот, му ја зеде десната рака и ајде да ја почне процедурата. Што мислеше таа не знам, ама малиот почна да плаче, да се оттурнува. Го држиме со мајка ми, таа раката му ја стега, а иглата боцната. Ѝ се откачи цревцето од шприцот, го бркаше да го пикне, па ѝ се измести иглата во рачето и кога гледам иглата мрда внатре, кожата се оптегна, мислев ќе пробие иглата. Протече низ цревцето, ама во шприц ништо не влегува. Престанете ѝ велам, ништо не тече, џабе е, мачење е ова. Таа упорна. Ех мајка, ми вели, уште колку ќе гледаш вака Се откажа, ја тргна иглата. Викна помлада сестра да ѝ помогнела. На другата рака младава му ја пикна иглата, брзо протече и се наполна шприцот. Решето двете рачиња. За односот - да не расправам. Знаете, државно. "Ајдее не плачи де, доста ајде". Па кога се смири при крајот му вели младата "ааа се смири сега а?" Па нели тоа баравте, им велам, што сега не чини... И се пожалија двете дека многу силен бил, жилав . Хах , нормално ко кременадли му давам. Инаку @Jana06 резултат од витамин Д е следниов Сигурно ќе засилиме доза, не е лошо, ама ќе треба да се покачи малку . Кај твоето колку беше?
Според Антоније треба да е барем на средина од реф вредности па и нагоре не е лошо да е. Ова е ниско.
Не земале, помала количина е така од прст. И плус испитувавме калциум фосфор и железо од друга епрувета. Така што мораше повеќе крв да извадат.
Спојлер После овој резултат му препиша 2500ие ама ич не ми текнува колку време. Па намаливме на 2000, па летото воопшто не давав деновите кога беше подолго на сонце и од септември навака сме пак на 2000. Ќе го носам за брзо пак да испитаме, ме мачи фонтанелата мада еднаш Антоније како да рече дека не зависи од дозата Д витамин.
Мајки од кога почнаа вашите деца да ја преспиваат ноќта? И дали уште пијат млеко? Ќерка ми е 15 месеци и почна мн стално да се буди навечер, и плус уште млеко пие 1/2 пати. И излегоа две четворки, но сталното будење и пискање продолжи. Одам на работа и едвај функционирам.. До кога вака?
Млеко ад ноќе не ми пие од негде 4 5 месеци. Ја мислам навика и е затпа ти се буди не дека е гладна. Давам 2 оброци млеко 13м има, сабајле и пред спиење. За будење се буди и го презаспиваме не знам што е периодов... Приметив дека кога го носам во игротека не се буди таа ноќ спие од 7ипол до 6ипол, а иначе вака станува и будење 5ипол... пробај зголеми актовност измори ја.