Еве го Пантексолот, во сите аптеки ја има За ладно време има скоро на сите брендови. Јас ги имам користено на Веледа и на Нивеа, и двете се добри.
Околу роденденот, 8 скок. И нас ни е лудница. Само што јас не ја бркам со лажицата и ако не го изеде тоа што ѝ е послужено ќе јаде следен оброк. Малку hardcore што ја оставам да се изгладне ама поинаку нема ефект кај нас. Обично кога прави така за вечера ѝ правам нешто што сум сигурна дека ќе го изеде (палента со урда и кисело млеко или овес со јогурт ми се сигурна опција секогаш) Сама јаде од 9 месеци. Сега веќе не ме остава ни да ѝ помагам со приборот. Многу е збесната, само мама мама пишти по мене. Де во раце де долу да шета сака, најчесто не знае што сака. Ќе помине ај, трпение само. Него..како ги научивте сами да се успиваат? И на која возраст почнаа? Мојава нема шанси да ја легнам во креветче и сама да се успие. Се исправа плаче вришти. Цуцла не фати, палец не цуца, нема некое мече или ќебенце што ги гушка, само во раце или на цице ми заспива. Деновиве се стабилизира со дремки конечно, се врати на 2 и ноќе не се буди толку често. Фативме некој ред, иако легнува касно. Тоа ќе го решам ама до ова самозаспувањево стварно не знам како да правам..
Ќе ја успиваш на некои деца темпераментот им е таков, им треба поддршка, мислам дека е и мала твојата. Сите пријателки со поголеми деца 2-3г уште ги успиваат, лежат со нив, читаат книга. Ретко сум слушнала сами да се успиваат кога се мали.
Не знаев дека мислиш за нишкање. Тешко е, посебно кога се поголеми и потешки. Почни да го намалуваш нишкањето полека, после тапкај ја по газето спуштена на кревет. Вметни друга асоцијација за спиење ама не го исклучувај нишкањето скроз и веднаш. И полека почни со другата аспцијација се повеќе и повеќе додека нишкањето веќе не е присутно. Вака успеа на другарка може и тебе ќе ти е од помош
Јас уште на десет месеци пресеков нишкање во раце. Одлучив да го оставам на спална и сам да заспие а јас покрај него. Гасев сите светла и сите во кревет. Си играше, се криеше под перници и на крај ќе се измореше и паѓаше. Искрено првите две три вечери заспиваше касно дури накај 12 ама после си фати ред во 9-9.30. Е сега и ден денес мора со него да легнам за да заспие, и на пладне и навечер, ама барем раце и грб спасив.
Како јас да пишувам исто почнуваме во градинка за 2недели и не сме јадачи воопшто,тантруми има не сме за жалење.
Да си се утешам само дека има други ноќни неспијачи. На будење по 100пати навечер веќе се навикнав, веќе 16мес., ама будење во1-2ч. навечер за да си игра неколку часа, и ништо не ја успива, раце ме болат од лулање и на крај се откажувам. Дали 3ки растат, дали вежба станување, одење, не знам, ама многу ме исцрпува.
Еве ноќеска 02:30 стана со вриштење ,едвај ја смиривме. Ок заспа околу 3:15. Сабајле во 5 стана наспана ,до 6:40 се качуваше по кревет и заспа... Не знам периоди ли се што ли е .... Се лигави и гриза дали се и 3ки поим немам веќе ....
Здраво мајки, Ние сме година и 8 месеци и не знам што се случува последниве 2 дена. До пред два дена го земаше сама шишенцето со млеко, одевме во спална, легнуваше, пиеше млеко и си заспиваше . Последните два дена не сака да слушни за спиење. Ниту сака млеко да пие. Се заспиваме со седење пред телевизор и гушкање, млеко не сака да пие и пантовките не ги слекуваме заспиваме на нозе со нив. Исто има намалено и со јадење овие два дена и последниот период е многу плачлива и пробува да управува со сите нас. Дали некоја мајка се соочила со ваков или сличен проблем и што би можело да е?
Мајки а како ги облекувате ,знам досадна сум со ова облекување ама многу ме замараат + и јас сум зиморлива и од што не сакам и неа да ја направам зиморлива можеби не ја облекувам доволно Боди на кратки ,фатирани панталони и блузе носи и јас сум толку облечена ама овие два дена се тресам буквално. Дома е 22 степени ,на земја 19-20 ,она е цел ден на земја не застанува ни минутка.
Боди на кратки и тренерчиња за дома, ама па потопло е дома, климата на 24, 25 … Мада не е ни оваа температура пошо стално вратата е отворена, мали влез излез прави
Исто го облекувам овие денови. До пред 3 дена беше на боди на кратки и тренерки, а сега и блузичка зашто залади. Знае да се запоти, ќе го пресоблечам и ставам прозор во спална на кип, да влезе свеж воздух, а да не му дува директно. Ако мислиш дали треба повеќе, не.
Кај нас на 30 е пуштена ама грееме две соби и кујна ,на термометар марама температура затоа викам доле на земја дека е 19
Леле, ти како маж ми Вечно сме во војна за температурата. Толку е зимурлив што ако е под 24 степени, се наоблекува и се мота со ќебе. Во кола исто пушта парно на High, јас за 2 минути почнувам суво да кашлам и паники од топло да ме фаќаат. Дома само чекам до вц да отиде, одма отварам врата од тераса ширум. Топол воздух според мене воопшто не е добро за дома, намалуваш влажност, погодна средина за бактерии... Подобро пониска температура и наоблечени. Мислам супер ви е температурата ама климата на 30 степени С'клет сум јас затоа вака пишувам, моментално по гаќи и маица со прозор на кип. Бег ме убиваат навечер со парното
Јас да прашам за Омега 3, давате и исто како на бебиња кога беа на babytol или има некои други за дечиња?