Арно ти на 19 месеци ова го доживуваш, кај мене е скоро 14 месеци и ова ми го прави на секое соблекување. Вришти на цел глас кога го легнувам да го пресоблечам, после од кога ќе му го извадам памперсот се симнува сам од гарнитура и трча по собата со гол газ и плаче и се смее во исто време. Кога му облекувам алишта се е со бркање и тегнење, по пола саат го облекувам. Се надевам дека е некоја фаза, ама и се навикнав веќе па не му придавам толку на важност што вришти.
Како да ја одвикнам од пиење сок ноќе?секое сабајле е утоп плус и менам преку ноќ еднаш памперс,ако не и дадам сок плаче,пробав и со лулање никако не бива,на секој саат бара
Можеш да дадеш и пробиотик, јас сеуште му давам 16м скоро е убаво е и за имунитетот а и атопичен дерматит има моето па затоа. Еве вчера ептен имаше мака 4ки вади му дадов далерон цела ноќ мирно спиеше.
И ние сме на иста мака само што млеко мојот пие по 500мл од 20часо кога ќе легне до 8ч сабајле шишето е испиени и некогаш плаче за уште и е утоп секое сабајле мислам нема пелена што ќе ја издрже оваа течнос. Плаче вришти и вика меме меме и ако не му дадам нема да презаспие ќе си плаче со сати. Незнам како ќе го одвикнам.. Преку ден едвај го одвикнав па почна со чај да заспива или од сокот шо му го цедам од сабајле.
Пробај прво со чај без шеќери и со нишкање да ја презаспиеш, ќе дава отпор првите вечери ама не се откажувај, полека полека ќе се одвикне. Ако неможеш со чај за почеток разредувај го сокот со вода повеќе па после премини на чај за да се навикнува полека. Така ми правеше син ми и многу рано му се расипаа млечните заби (горните единици) ни кажа стоматологот од цуцлата и сокот навечер и мораше да му ги поправаат за да издржат дур се сменат на 7 години.
Знам за што збориш ама верувај различно е. Нема смеење туку крокодилски солзи и ако го игнорирам привлекува внимание со трескање по тв, фрла играчки итн, ако го скарам повишува тон на плачење. А и поголем е, има повеќе сила да се отргне од мене, па ептен силно го држам за да го облечам. Уствари барам утеха дека е некој период, зашто веќе почнувам да мислам дека е разлигавен
Некоја фаза е што трае долго, мојот 15 месеци, веќе подолго време плаче за менување пелена,трча со гол газ,му текнува да се измоча на паркет,внеси го во туш кабина не можеш да го изнесеш, за сега се глупирам и така се смирува,размислував да земам гаќички пелени за полесно да го облечам,па ми се виде комплицирано да го мачкам со крема,комбинации 300 , јас си мислам дека е топло дома и му е склет, башка цел ден во памперс не знам само знам дека ти се спојува зичка во момент
Да ве прашам тие што давате д3 од пливит ако некоја мајка го има упатството да пише колку време од отварање може да се користи?
Не да ми се спојуваааа..... Особено насабајле кога брзам да го однесам во градинка и да почнам со работа. Ми иде да го треснам. Инаку, гаќички користам со месеци, пелена не знам како би ставила стоејќи. Му ги облекувам во трчање и ако има потреба од крема брзински ги подигам гаќичките и го мачкам газето. Многу пати ни крема не дозволува. @elimkd Не ги користам ама ортопед ми рече најдобро е до 3 недели да се користат без разлика колку ќе се потрошат.
Ги даваат и така или додека не се потроши шишенцето ама јас приметив разлика кај ребрата кога почнав да го фрлам четвртата недела. Барем не е скапо, ако не се лажам околу 30ден беше така? Вигантолот ми рече подолго можам да го користам, па му давам 2/3 од шишето и фрлам или јас ќе си го допијам.
Те читам и колку за утеха да ти е, мојот од 8.5 месеци почна така преку ноќ, еве 17 месеци е па истата песна ја тераме. Пелена сменување, пресоблекување, облекување на боди, блуза или палто се пропратени со плачење до зајдување заедно со крокодилски солзи. Одвај после со мм го смируваме, а ако се удри тогаш само ќе ја смени фацата и за 3 секунди како ништо да не било, ама ова.... Психички сум уморна од тоа плачење без потреба. Во цело родителство тоа ми е најстресно
Па ти добра си ако ова ти се дешава на 19м. Еве со син ми се бориме од 12м и во градинка 2 го фаќаат пелена да менуваат. Му ставам дење од тие пелени гаќички за да можам стоечки да му мењам. Плаче како да го колам и ова трае 2 месеци веќе се бркаме низ спална. Обавезно јутуб телефон му давам особено ако е искакан иначе нема теоретски шанси да седи мирен. Сега веќе и телефон ретко ми пали ништо не сака. И многу нервоза и стрес ми е тоа вриштењето со крокодилски солзи.
Јас некако мислам дека му е некој период како скоковите што ги помина. Не е проблем самото менување пелени, веќе се навикнав на тоа, општо детето многу се лути и плаче и само ако сакам блузата да му ја соблечам. Искрено, стравот ми е да не го разгалив зашто не знам да му покажам заби туку секогаш мора да преговараме за се што не сака да направи. Како постапувате кога не можете да излезете на крај? Викате, смирено зборите, игнорирате? Зошто нема некој прирачник за однесување што функционира
И јас го имам истото чувство дека превише му се допушта. А па само со нас 2ца е . Сега свекрва ми го чуваше 1 ден исто да му ја смени блузата толку вриштеше и главата од креветчето си ја удри намерно од нервоза. Не знам стварно мислам се уште мали за да разберат. Ја се нервирав сега со мм ќе се погледнеме дури смешно ни стана веќе. Пошто кај нас веќе 2м е вака..се надевам дека е фаза
Зависи од моето расположение, некогаш го галам и смирено му зборувам или го игнорирам, ама кога ми ги спојува точките знам да му кажам и мрш у пи*ку матер, па разбира дека ме налутил и застанува и уште посилно вришти. Ама претежно во последно почнав да го игнорирам скроз додека не му помине тоа "лудилото" и од кога ќе се смири го земам во раце и се гушкаме.