Ja primetiv kerkata 19meseci, 4-5 dena veke trepka so ocite i toa dosta cesto...milsev da ne izvodi ama ne...imal li nekoj vakvo iskustvo?
Најчесто го ингорирам ама кога гледам дека прави нешто што може да се повреди (се качува упорно од стол на маса, чука ја удира кујната, ме гризи, ме штипа, удира со сета сила да ја тресне вратата, го претрчува ќошето, знае и со некоја тешка играчка да ме удри ….) се дерам ко будала бројам до 10 да не кренам рака во моменти кога излагам од контрола, иначе се почесто слушам -не го плескаш? Не знам дали им е трик прашање
@Jana06 кај синко подолго трае ова. Само што си смислил игра: го облекуваме и по 2 мин не тоа, оди бара нови тренерки. И така два три пати. Шорц врз тренерки, пижами за на гости, фармерки со прерамки форсира. Најчесто и борба гаќи да облече со гол газ сака да оди.
Цртани гледа? Ако видела од некој лик мисли дека е интересно. Синко гледа за јадење и го фаќам каде ги имитира ликовите од цртани.
И јас го добивам тоа прашање Сите ми се чудат дури свеки навива 'плесни го, плесни го'. Другарка на која децата и се бубачки вика како мислиш без ќотек да го воспитуваш? Јас само дишам длабоко и бројам до милион да не полудам додека порасне...
Ве читам за пресоблекувањето, па да се надоврзам. И кај нас е исто, сега е 16 месеци, а негодувањето почна само што наполни година и еве се уште трае. Ме интересираше психологијата зад ова, па всушност пронајдов податок дека тоа е најдосадната работа на свет за нив. И кога ќе се размислам, го разбирам. Да седиш мирен, кога можеш да правиш...па, се друго! И секој пат се присетувам на ова и полесно ми е. Инаку обавезно нешто му давам да држи в раце, креми, играчка, било кој предмет што ќе му задржи внимание 2мин. Често тоа е пропратено со песнички или приказна (многу сака и внимателно слуша). Му одвлекувам внимание на секаков начин, што ќе ми текне во моментот. Понекогаш знае да биде невозможен и да се витка како гума додека јас се обидувам еден ракав да му облечам, но игнорирам и најмногу со разговор го залажувам. Го терам да ми кажува ономатопеи, пример.
И јас сум во бунило со тоа воспитување. Не ми палат методите некако. Со разговор ништо не се решава. Му зборам му објаснувам зошто не треба да прави нешто. Ќе го прашам дали ќе го направи пак, вика да и се смее. Кога прави некоја беља (пример го удира прочистувачот за воздух одозгора кај што се копчињата) го тргам од таму, како игра го сфаќа тоа и бара начин како да се мушне таму кај што не треба. Кога ќе го искарам, се смее на глас и пак во круг. Со соблекување имам мака од пред година, 2 е еве го. Пелена стоечки само гаќички. Го лажам нешто сега во последно време повеќе ми упалува, ќе се разболиш ако седиш гол итн. Малку полесно станува како расте, ама се случува и да немам време ни живци па со сила да го облекувам. Вреска со крокодилски солзи и откако ќе го облечам, толку е. Нема метода стварно, само трпение треба. Децава си тераат по нивно, ние само смирени да бидеме останува.
Мене сега после осмиот скок почна да ми преспива по цела ноќ. Дури се чудев првите 2 ноќи инстиктивно станував да ја проверам. Синоќа се разбуди еднаш ама со нишкање одма ја презаспав. Ги укинав ноќните подои можеби има тоа врска незнам..
Пишува само дека треба да се чува во фрижидер и да не сњ употребува по истекувањето на рокот. Не пишува дека е ограничено после колку време од отворање да не се користи
Ќерка ми е 20+,уште ја пресоблекувам на комода со подлога Има моменти кога ја фаќаат бубачки и одбива са легне на пример,ама ѝ давам нешто од фиока и веднаш се залажува.Или пеам.Пеењето секогаш пали. Многу сака да е гола па ми шета така,ако ме изнервира и викам отсечно- што сакаш прави си,се тргам од неа и си доаѓа ко попче сама. Е јас сум дома со неа,немам работни обврски,кога би требало насабајле да ја спастрам неа и себе,па да стасам градинка/работа,сигурно далеку постресно би ми било.
Пак 2 дена во градинка и еве не вечерва со температура 39.1, носе загнато и малку кашлица. Му давам бруфен. Е сега кога давате бруфен, може да се мачка со ракија или чорапи со оцет? Нема така нагло да се симне температура??? И како давате парацетамол во комбинација со бруфен? Цел ноември беше болен, секој две недели со температура, јас 8ми месец трудна значи се исцрпев луѓе. Едвај чекам да се раздени…
Кога давам бруфен не го мачкам со ништо, чекам да се симне и за брзо ако пак качи тогаш туширам, мачкам со алкохол додека издржи до следната доза. Инаку, давам на 4 саати наизменично парацетамол и бруфен кога има над 39. До 39 само парацетамол. Кога ми викаа сите 'Издржи, така е кога тргнуваат во градинка, мора да ги помине вирусите и бактериите' ми идеше да ги задавам ама стварно е така. И кај нас беше исто, 3 дена во градинка, па 3 недели дома. Не знаев кај се наоѓам со месеци, ги поминавме сите можни вируси, бронхит два пати, јас цело време се разболував со него ама дојдовме до момент кога успешно оди по цел месец без да фати нешто. Очекувам зимава уште 2-3 пати да се разболи, јас и во средно бев болна секоја зима. Само да видиш да се консултираш со педијатар за бебето кога ќе дојде дали да паузира од градинка да не му донесе нешто.
Ќе го носам обавезно нареднава недела на контрола.Од лабараторија и од болница не излеговме. Цело време стига до 39.2 или 39.3 и давам бруфен. Делува одма И кога ќе поминат 6 саати од дејството он пак крева температура и така во круг. Чепчиња не сум пробала да ставам, страв ми е и не знам како. Во Систина на ургентно пред 2 недели му ставија одма кога го видоја. А ова на 4 саати наизменично, даваш бруфен, па по 4 саати од бруфенот даваш парацетамол? Кога ќе влезам во 9ти сега планирам да не го пуштам во градинка, да не закачи некоја корона.
Да, бруфен и после 4 саати парацетамол, па после 4 саати пак бруфен ама ова само ако брзо качува над 39. Мене чепчиња ми е полесно зашто со сирупот имаме проблем ептен дава отпор, а и ноќе не го будам само полека му го ставам. И побрзо делува. А што му е, вирус некој?