Јас мојот го одбив од ноќно коа вадеше горе 2ки значи некаде 9 10 месеци, а дење цица. Ми заспиваше во 21ч, во 19.30 му давав вечера, па го бањав и кај 20.30 АД во кревет. Ако пиеше 120мл АД преку ден, тогаш 150мл ќе ми дадев и заспиваше. Некогаш бараше цице ама минута. Еднаш се будеше кај 2ч само го гушкав го нишкав, а кога ќе станеше кај 5ч ми давав 90мл АД ми беше жал да му давам чај. Искрено добро пројдов ич не правеше проблеми. Брзо престана во 2ч да станува и само во 5ч и тоа некогаш аларм местев да му дадам АД од страв ако не стане дека кај 6 ќе стане и нема да презаспие. Пробај така, и пробај место ти сопругот да му го дава млекцето а ти гушкај го кога ќе стане прв пат
2год и 2 месеци има ,уште пред да наполни две многу ретко ја користевме количката. Ако одиме во некој трговски па за да не прави хаос по алиштата,го стававме во количка или трицикл. Кога сме на кратка релација гледам за раче да го шетам. Од септември оди во градинка што ни е на 5мин и одење враќање ни е пешки.
Јас уште немам смислено, имав некои идеи во глава ама не знам. Прво ми дојде на памет пиклеров триаголник, па баланс точак, па сега нешто си размислувам дете ко дете ќе се израдува на било каква играчка, а рестото пари на сметка да му ги ставам
А зошто толку често му даваш ад? Нели му е многу, давај му ужинки. Давам 3 оброци и 1 ужинка башка со нас си поткаснува од доручек/ручек. Ад пие сабајле и навечер значи само на 2 на ден сме. Вечерата единствено со кравјо му ја правам пр чоколино, гриз... Инаку до 2г ќе му го терам. Гледам и за трошоци зборите. 2 кутии трошам хип 1300 ден ми е месечно.
Брм брм. Кола ќе му подари. На прашањето "што сакаш да ти подари Дедо Мраз?" Одговара "колА-колА Само дали татко му да се маскира или не, се двоумам...
Да, го шетав скоро секој ден пред ладново и пред да биде болен. Ама ако влегуваме во сити мол и сме повеќе време таму, ако имам некој со мене го вадам од количка и си шета. Понекогаш го шетам и само за раче, ама најчесто беше со количка. И мора да имам смоки или кифличка да има занимација
Добро утро мајки Можеби моето прашање не е за тука но немам време да ја барам темата околу спиење на децата. Ние веќе го тераме 21виот месец и се уште заспиваме со цицање. Ноќе се буди по три четири пати и тоа во период после 2 до 6 сабајле. Еве утрово стана уште 4 и цело време ја презаспивам и џабе во 6 15 на нозе и плаче. Многу немирно спие. Јас стварно незнам како е д апреспива цела ноќ без будења. Ве молам за совет
Исто. На секој саат се буди, прета, се врти, ме тегне за блуза вика цице цице......21 месец за некој ден
А најлошо е што не цица туку држи само и не пушта . А утрово несака да цица бега, дали забите ја мачат незнам. Пробав да ја одбијам но не успеав но мислам дека ќе морам ама па ме плаши какп ќе ја заспивам и презаспивам ако се буди вака
Користев на подолги релации па откажав да не речам скроз. Има моменти кај што ми бара во раце ама ретко. Секаде одиме пешки на шетња. Количката ја користам за заспивање околу малово . Ама детето ако си сака да се вози сеуште зошто да не.
Ви се има ли случено нешто слично, детето е 14 месеци, обично навечер пие шише млеко ад па се успиваме и сабајле кога стане. Последните 4-5 дена штом го види шишето почнува да плаче, ајде пие малку сама си го зема, го трга и почнува пак со плачење. Едвај 60мл пие. Насабајле исто пиеше 200мл сега може 50-100 зависи кога како сака ама исто плаче додека го пие. Не сум менувала ништо си пие аптамил 3 откако наполни 1 година. Иста е топлината, се е исто. Не се заби во прашање, проверив… вода си пие по цел ден и јаде без проблем. Се мислев да пробам со друго млеко ама не верувам дека е до него…
Да прашам, 21 месец имат дечково, не знам дали е фаза или нешто друго, ама урнебес е по цел ден. Само плачи, се сака да е по негово, не сака чорапи, не сака патики, не сака палто, шал,капа, ама ништо не сака и само пишти, вреска. Татруми на најјако? Чаре некое или да чекам само од себе да поминит?
Навика е.. Јсс го одбив до надрж декс нема да мрда... Ама почна млееко обично да пие и помирно спие него со циицето.. Оти не цица саамо тегне.. Јас му. Тргнам и тојсе расплсче и само малтретирсее.. 21 ммес е многу за детето да цица уште.. Офби го и давај си друго млеко ќе видиш колку помирно ќе спие
Навика му е, не знае само да презаспие и затоа бара да цица, ист случај со заспивање со цицање, те имам читано дека стресно ти беше одбивањето исто ко мене, намалувај подои, првото будење не давај да цица, не пуштај тв, светло, не станувај и не давај го на никој, ќе има плачки ама издржи и вака и така немаш сон, за три четири дена ќе ги врзе тие саати до наредно будење, се така постепено тргај подој по подој ќе видиш подобрување кога само ќе научи да презаспие
Преку ден пие по 100 до 150 мл млеко но неможат да ја заспијат. Ме чека мене и на цице заспива веднаш . Почнав навечер пред спиење да давам млеко по малку но нескаа само жвака цуце и едвај 50 мл ќе испие и пак бара да заспие со цице. Ќе морам да се мачкам нешто да не бара . Осеќам дека ќе биде тешко но морам...
Само упорнст колли е детеето поголемо повеќе разбира и пптешко е... Јас дење го одбив ноќе мн стануваше и само тргаше цицката безврдка.. Млрко не прифакаше и сок сок ама од него хороор беше станување лудило... И после маж ми го научи со мллеко нз како ама го научил и се среди спињето.. Помирно и фо. Девет спие...
Девојки, на малата пред некој ден видов дека на големите прста ноктите на нозете и се малку пожолтени и како испукани, денес и на другите прстиња, а на второто прсте се излупи, падна скроз ноктето. Се јавив и закажав утре на дерматолог да ја види. Искуства некој од вас да се соочил со вакво нешто? Еве ќе пуштам и слика