Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Јас во секое време имам дома Ефералган чепчиња и сируп, Блокмакс сируп, Неофен чепчиња, Оперил, солен раствор некое спрејче, алкохол. Пробај со Виранто ете кај многу дечиња помогнало само не знам кај вас да не е касно веќе. Давај Ц витамин.
     
    На mal.ecka и srce-9 им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Бидејќи за совети е групава ќе пишам овде, ако треба да се префрли во градинки темата нека ја префрлат.
    Ми треба совет ја веќе не сум паметна што да правам, а на форумов бар ќе добијам мислења.
    Може ме читале некои дека имав проблем со детето со адаптација. Одеше во еден клон од Х причини го префрлив во друг. Се на се е тргнат од 01.09 и ниту еднаш не е останат после 12ч. Дел што бил болен, оди 5 дена макс, па примаше ммр,де што тераат адаптација и морало 2последователни недели да оди за да остане на спиење. Сум пробала и со убаво и со лошо со негователките. Никако не биднало. И сум ги молела дека немам кој да ми го чува, џабе ќе ги будело другите деца ако го оставеле на спиење. Па они ќе пробале до 13ч па ќе прибале до 14ч... скроз се разочарав веќе. Сега мислата ми е дали вреди да дадам уште една шанса, мм да земе 3 дена одмор и во тие 3 дена да го адаптираат како знаат, или приватна која секако не можеме да си ја дозволиме, ама ќе се скрпиме. Јас веќе не планирам да го адаптирам во државната. Ќе има скоро 20 дена пауза примаше панцеф. Инаку проблем наведуваат дека плачел а кога одам да го зимам еден куп деца плачат. Дури и адаптирани плачат сабајле. Наводнп внатре не се смирувал само ако седеле до него бил мирен...веќе ми збогтиса секој ден да ми ѕвонат дојди земи го плаче. Ама стварно веќе ми се лоши кога ќе видам дека ми ѕвонат.

    Е сега во приватнава има 1 место ако не реагирам ќе ми го зафатат, а финансиски таа највеќе ми одговара.
    Како би изиграле на мое место? Дали во приватната да го запишам 1месец,па понатака пак да пробам во државнава ако нешто биде да го испишам од приватнава? ... стварно не знам како да постапам? Знам дека и него ќе му напраам хаос, ама што да правам се трудев максимум да се адаптира. А важно ми е да оди од 8 до 4 затоа што е на мој терет чувањето. Веќе сите можности ги исцедив.
    Кога ќе наполни 2г пак би го вратила во државна, здравје од октомври. Секој совет ми е добредојден. Искуство слично уште подобро.
     
  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    @Milkiway Воспитачки се 2 или 3 а деца се многу повеќе во државните градинки што значи дека не може една да стои до него цело време и да го занимава.Неразумно е да се бара тоа.Да, вистина е дека треба да пробаат да го смират ако плаче,ама нема лутиш ако се јават да кажат дека не успеале и дека треба да си го земиш. Знам дека е мачно ама тоа е реалноста.
    Ако можеш запиши го во приватната , еве кога веќе не се адаптира во другава, а мора да оди тогаш тоа е единствено решение. Може ќе платите повеќе ама бар ќе знаеш дека има некој до него, нема да се мислиш дома цело време,да ти биде хаос во главата.
     
    На Fatalnata, crazylady и Milkiway им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    7-10деца редовно одат они се 2-3.
    Али да не очекувам да седи некој со него 8ч. Меѓутоа пак не се 25 деца како пред короната. Сега се многу помалку.
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Скоро во секоја јаслена група одат околу 10 деца плус минус. 'Многу плаче' според мене не е изговор, нејзина работа е да најде начин да се зближи со детето, да стекне доверба во нејзе, да го зближи со децата. Многу деца плачат, кај син ми во група адаптирани деца плачат од ништо и на видео многу пати сум видела директна реакција од воспитувачка како ги смирува инстант. Ако прават така тогаш сите треба да си ги зимаме децата и да менуваме градинки често. Особено на почеток кога на некое дете потешко му оди адаптацијата, треба да му се обрне повеќе внимание. Ќе седне доле со децата, ќе играат на музика, ќе го подржи во раце ако треба.
    Ако плаче додека другите спијат, комотно може на воздух надвор да го изнесе, може ќе се излуфтира и ќе заспие. Има начини, само кој да се потруди.
     
    На Fatalnata, Izzy_0504, Chuchanov и 4 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    @Milkiway не знам како ти е дома ситуацијата, опција жена за чување?
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Ми е поминато низ глава како опција. Проблем е што тешко се наоѓа и знам дека над 20000 е да доаѓа што ни е многу над буџет.
    Од друга страна сакам да оди со деца, затоа би пре градинка него жена. Се си мислам жена ако земам нема никогаш да се адаптира како што треба.
    Што знам може грешам во размислување
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Имам Ефералган чепчиња ,лепенки за температура , спреј и отворен сируп парацетамол но можеби веќе рокот е поминат. Давам ацерола
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ако е повеќе од 3 месеци отворен фрли го, земи нов. Јас на секое отварање запишувам дата на кутијата и ако помине одма купувам нов да ми стои неотворен за секој случај.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.390
    Дали си реагирала кај шефица, директор?
    Нека си најдат начин да си го анимираат за да не плаче и да ги буди другите, не верувам дека ако пријавиш во управа ќе ти речат да си го земеш. Вака само пред тебе се силат.
    И моето беше залепено за едната кога тргна во градинка,па не ми рече да го отпишам или да си го земам
    Постепено се навикна.
    Исто така на почетокот имаше период кога не спиеше кога спиеа другите,заспиваше пред нив. Имаа обид да ми кажат дека не спие и пречи,им реков да си најдат начин да не прави галама дека одиме на работа и не можеме пред спиење да го земеме. Си се прилагоди.
     
    На Fatalnata, Izzy_0504, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Нејќат никој ништо да чујат верувај. Се што можеше пробав. Они се упорни си стојат на тоа дека е адаптација. Од таму секако против мене се вртат дека мора да имам разбирање таква е јаслена адаптација за некои деца траела и цела година тоа ми го кажаа од управа...ама мојот директор нема разбирање веќе, јас 3м не сум тргнала како треба на работа. Нив тоа не ги интересира. Еднаш закаснив во 12ипол го земав намерно закаснив полузаспан ми го дадоа. Они ќе го заспиеле ама за 30м ќе се разбудел и ќе ги разбудел другите. Детето треба да го научам 2ч од 12 дп 14ч да лежи дома и да е буден да ќути, за да може да се адаптира.
    Абе што да ти кажам повеќе.

    Стварно не сум паметна што да правам. Страв ми е дека ќе си тераат своето, а ќе го пропуштам местово во приватнава. И не знам како да изиграм што да правам. Може ќе се адаптира не викам не, само немам веќе 2 недели за адаптации и зимање во 12ч. (facepalm)
    Нит се водам нит се терам
     
  12. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.900
    Допаѓања:
    1.672
    Viranto forte давај, прскај со спреј од оригано
     
  13. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Јас давам виранто Форте и витамин ц плус синомарин капки на 2-3 саати по една капка во нос
     
  14. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    По мое не се замараат затоа шо и малата кај мене или спие пола саат или не спие воопшто па никогаш не ми се јавиле во 12ч да одам да ја земам ниту пак имало коментари дека буди деца и слично.
    Се иритирам страшно од вакви работи ако не им се работи нека си седат дома.
    Ја би отпишала дете искрено и ке го запишам во приватна затоа што не е до детето до нив е.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.390
    Немам коментар...да пробаш во друг клон на градинката,на крај во приватна:!:
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Шта речи а не заплакати е работава. :D

    Фала многу тебе и сите што ми одговоривте. Бар малку ми олеснува кога ќе си пишам
     
    На Izzy_0504 и elimkd им се допаѓа ова.
  17. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    2.159
    Пол:
    Женски
    Јас еве на два пати поминувам добро со виранто. Прво кива, очиња насолзени, носе течи и после сето тоа се смирува и фала Богу не крева тт. Освен бејби тол омега+д3 капам и 4 капки пливит д-3 и даван и вит. Ц . Еднаш аптекарката ми рече да не давам дополнително д3 пливит бидејки и вирантото има, ама некако ги погодувам да дојде до кај 1200 ие. Во носето спреј или диво оригано или аква марис прскам и влечам со носко :)
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    @Milkiway Сум те запамтила по проблемот. Јас имам многу тешко дете за адаптација, секое утро е со плачки, заспива само со цицање итн итн.
    Од твоето искуство, благодарна сум што не успеав да го запишам во државна градинка.
    Мој совет, приватна градинка, прескапо е, знам, ама вака се мачите и двајцата. Ќе си фатите ред и ќе се преродиш.
    Околу финансии не би да ти солам памет, ако постои некаква можност, запиши го.
    Не знам од каде им е тоа дека детето мора да спие, па уште и временски интервал. И те молам кога ќе го отпишеш искарај се убаво.
    А бе не треба да е вака, не е секој за деца да чува, за никаде сме.
     
  19. detence2020

    detence2020 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2021
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Да ти го кажам мојот случај со синчето кога почна во градинка. Месец ипол ни беше адаптацијата, 1 недела 1 саат, 1 недела саат ипол, 1 недела 2 саати, 1 недела 2ипол саати, 1 недела 3 саати, 4тата до 12 т.е. 4 саати. 5тата недела почна да спие 3 дена и 4тиот ми ѕвонат 5 пати, а јас работам во школо не смеам да се јавам на час, си помислив којзнае што му се десило додека да им заѕвонам и 2те дојди земи си го детето плаче не сака да спие.За инат им отидов во 2 и јасно и гласно им кажав дека пред 2 нема ни кој да го земе ни па некој да го чува и ако уште еднаш заѕвонат за тоа ќе се обратам кај директорката на градинката.Уште 3 дена ѕвонеа не им кревав телефон, наводно го шетале по занимални за да не ги буди другите деца и видоа не видоа толку беше.Еве го да не го подречам си оди 4 месеци нема гајле.Имам 1 куп другарки што работат во градинки никогаш не им се јавувале на родителите ако не спиеле децата, односно пола група спие другиот дел ги занимаваат со нешто од 12 до 2.
     
    На Fatalnata и Milkiway им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Катастрофа се.
    А кажи ми месец ипол без прекин одеше?
    Бидејќи кај нас е тргни застани. 5 дена оди 10 дена дома седи.