Да 2 месеци без прекин одеше па настина кашлаше 1 недела не одеше, па после 3ки вадеше па уште 2 дена температура и толку.Да не го подречам не се разболува толку многу.Со лесно дај боже да се навикнете и да си одите цел ден.
Среќа си има појак имунитет добро е тоа. Кај нас е проблем оди 5 дена и после 10 дена болен. Цел месец без прекин нема. А они сакаат да дојдеме до месец без прекин. Ама тоа може на пролет ќе биде, не можам до пролет до 12ч да го држам. Инаку еве кај вас убава адаптација сте прошле како што бараат,па пак ти ѕвонеле. Жива глупост. Изгледа мантра им е ѕвонењето
Ќе пробам со виранто ако успеам да купам. Утрово се разбуди запечатена во носот . Полн секрет и тоа жолтеникаво зелена боја , нон стоп крчи . Влечам со носе фрида пумпа. И мене ми се растече носот и кивам , а башка тоа и добив Ептен убава нова година ќе ни биде
Женски здраво, Дали пуштате дете во градинка откако ќе прими мрп? 16 месеци има малиот сега ќе го вакцинирам а баш тогаш и во градинка планираме да почне па да знам искуства..
Јас го вакцинирва пред 2 недели, скаав да почне сега од 10ти јануари ама ми рекоа од урпавата не било паметно имале одмори користеле воспитувачките и нјадобро било од 1.02. Јас би ти препорачала ако имаш можност нека ти одседи 2 недели дома по вакцината бар и д акачи температура и да има реакција ( моето јави осип по цело тело) ќе знаеш дека е одвакцината а вака ем ќе се секираш ем ако качи температура ќе ти го вратат дома некој ден или осипот ќе ги исплаши плус поослабен ќе му е имунитетот па полесно ќе може да зкаачи плус од таму, ќе имаш прекин во адаптацијата. А има и многу што одма ги пуштаат. Исто е 16м
Јас со имунитетот малце може и имам претерано.Прележавме бронхит па му давам боров мед, лој од гуска, рибино масло, бекутан мултивитамини и можеби и од тоа е појак на имунитетот.Плус после секое бањање го мачкам со сало
@lavinija28 го купив виранто но незнам дали да го давам да не е доцна веќе. Едвај заспа пред малку. Носето кон сѕоп се полни со секрет и неможе да цица. Како го даваш сирупот ?
Да. Моето дете немаше ни реакција ама од градинката ми кажаа дека слободно може да оди, тука не практикуваат изолирање после мрп(не сум во мк) е сега во Мк е зима, сезона на грипови, вируси… ама ако е на адаптација секако малку ќе седи за почеток.
И ја не сум МК, тука ги праќаат после вакцина најнормално ако нема реакција. Него баш се погоди ист ден и да го запишеме па да не му прекршам...ќе причекам бар недела дена. Фала
Болат ушиња кога вадат заби? Се тепаше со рачињата по ушињата овие два дена и се исплашив на скроз друго место ми отиде паметот. Денес ја чепнав со прст по непцата, долните четворки камен отечени.
Ги чешаат ушите и синко така правеше. За болка провери притисни околу увцето ако не реагира нема болка.
@Milkiway ако имаш можност смени ја градинката. Претеруваат воспитувачките. Дали проба да збориш со директорката? Да им кажеш дека мора да работиш и да се погржат за детето? Јас така земав 7 дена за адаптација на син ми кога го пуштив во приватна и 5 дена ми го враќаа на 2 саати. И ми викаа рано било да преспие. Им реков дека јас морам на работа, нема кој да го чува и мора да седи со спиење и веќе не ми се јавуваа да го земам. Мислам не сакав ни јас да плаче ама морам да работам. А за приватниве дека има до детето некоја цело време и дека ќе го пазат е малце дискутабилно. Според мене ги оставаат да плачат и не се јавуваат. Еве и женава сега што го чува синко има работено и во приватна и во државна градинка и истото ми го кажува. Посебно кога се помали скоро цел ден седеле во креветчиња. Што ми се поклопува со тоа што синко едно време додека одеше во градинка и после тоа ако го оставев во креветче и излезев од соба одма почнуваше хистерично да плаче...
Извини, дури сега се приклучувам на форумов. Го давав два пати по 5мл како што пишува, наутро и навечер(10мл вкупно на ден). Не крена мојов тт, сега веќе е подобар а во меѓувреме (до вчера) и мене ме болеше грло, кивав, се мрсулавев ,ме чешаше носот и челото ама без тт па денес гледам ок сум (пиев две ноќи парацетамол и две кафетин колд, вит Ц и Д....). Скоро сите околу се така, со носот и грлото...
Веќе еднаш сменив. За трета државна ќе поднесам документи ама врски истрошив веќе, па ако имаме среќа од септември може ќе го примат во поарна. Освен опција приватна колку да оди сега и да пробаме да се адаптира немам друга за жал. Не ми се враќа пак јово на ново во државнава. Немаме одмори веќе за користење. Инаку да они си се штитат,што е нормално. Јас 3м плаќам градинка нив не ги интересира. За во креветче ваму не ги оставале бидејќи добивав слики, ама едноставно сакал некој да седи да го заигра. Барал внимание. Знам дека еден ден кога ми го вратија на слика ги избројав точно 7 деца, а они 3 негователки. И срамота беше да го вратат да не можат да го смират. Сите други деца веќе адаптирани од претходно. Да не зборам дека секое зимање само стрес ми беше ти се јавуваат како од Бојно поле вришти моето, во позадина уште некое: " Одма дојдииии плаче многуууу не можемеее да го смириме !!! " он ти го враќаат со липање и тресење и целиот модар паднал не го видела колешката ај ок и дома паѓа. Ама ја прават да изгледа на поголемо него што е. Јас им викам ако нека плаче ќе се смири, јас морам да работам. Џабе. Не ги интересира. Вика не може. Јаден, пиен, преслечен за тоа нема збор... Затоа пишав овде и сфатив дека тоа е опцијата, да поиде во приватна чисто да направам споредба како тука ќе се адаптира. Да видам дали е до детето или до градинката.
@detence2020 @kanella За ушиња и јас приметувам нон стоп ги чеша а јас си мислам од косата и е. Моментално ги вадиме тројките едната горе е пробиена а другите побелени . Незнам дали од што е настината или од забиве абе детево се смени комплет како да не е тоа дете. Заспиваше до 21h сега 23h ја фаќа и едвај заспива, од што неможе да цица од носето плаче и бега од мене. Три вечери по ред се буди во 01 по полноќ и плаче и покажува на кај кујната со прст и вика тамо тамо ја носиме и давам вода несака...не полудува незнам што и е
И мене неколку дена ми стануваше околу 2 по полноќ ама за вода да се напие и продолжува да спие.Инаку од полни 8 месеци не станува навечер.Додека го доев стануваше после не стануваше ич.Инаку обично кога вади заби знам да го намачкам со гел за непца и така се смирува
Јас и самата се чудам како ќе ја одбијам од цицање. Веќе 21 месец е и мислам дека веќе нема фајде од тоа. Ептен намали со јадење, млеко несака да пие , ноќе се буди...