Zdravo, kerkata mi e 20meseci fati pnevmonia,piese bez problem Pancef, no od denes ni smenia so sirup Clarithromycin 7dena, go povrati i nema sansa da pie pak.. dali moze da se mesa vo sok da probam taka ili nekoja taktika da go pie? Fala
Кај мене престана одеднаш и почнав шише да му давам и немав мака со тоа.Пиеше козјо до пред месец дена сега и тоа не го сака заспива многу лесно го легнувам гледа цртан 10 минути и заспива
Мајки, тие што доите, користите нонстоп од тие влошките за млеко што се, или не? Јас веќе 16 месеци постојано носам, не дека млеко има како на почетокот ама навика еве. Од вчера почна да ме чеша на едната града, не знам дали би можело од нив да е. Инаку кај мене откако наполни година малата не цица во текот на ноќта, заспива со цице и наредно во 7 сабајле.
Носев на почетокот кога се правев лом од градата што не доам.После си ставав пелена и не носам.Имам едно пакување останато не употребено. Ако не ти тече немаш потреба да носиш.Сваќе .
Ајде некој совет околу спиењето 17 месеци сме спие два саати денски ноќно време заспива 9 и се буди еден два па до 5 си играме
Приметив кај малава деновиве потврдо кака а сега еве пред капење се мачеше да кака и гледам нема ништо и кога да ставам пелена приметувам дека и е тврдо и по малку крв околу анусот. Зарем е можно да се створат хемороиди или од тврдата столица и е. Ме фаќа страв. Јас имам проблеми со хемороиди . Си мислам одбива да јаде од ова ако ја мачи....
Истото е некогаш и кај нас. Имам забележано дека кога му растат заби така се буди и си седи или пак кога е во регресија. На година и пол е третата регресија може и од тоа е.
Мајки, при миење на запчињата, пастата знаат да ја плукат малите? Мојата прави пу, не плука ништо само го изговара тоа пу Поради тоа терам уште само со вода, а и не знам зошто многу споро и излегуваат забите. Има само кецови одоздола, кецови и двојки горе. Вкупно 6 заби, уште малку 16м. Кај вас каква е ситуацијата?
И јас само со вода мијам 14м е има 8 заба. Јас неможам да го додржам да стои за да ги исчеткаме не па паста да ставам ќе треба да се бориме, одма четкага штом ја види ја бара да ја гриза
Период е и ќе помине. И јас малку поназад барав помош, никако не сакаше да спие за денската дремка. Кај моето имам забележано дека регресиите му траат по 2 недели после тоа се враќа во нормала. Мнооогу е важно да преспие денски, ако не се одмори преку ден навечер од премор ќе биде уште полошо. Многу кафе и нерви и ќе помине
И мојот ја голта дека му е блага. Оваа ја користам и миеме заби ако сме дома и по 4-5 пати не го терам јас сам бара мислам ради што се шлака со вода али небитно два пати со паста два пати само со вода. Иначе има 14 запчина и сега вади уште две 3ки, а имаме 17м
И ние истата ја имаме со вкус на јагода ; на почетокот ми бегаше ама сега сам сака да се мие заби ...Иначе и мојот на знае да плука мали се уште ќе научат.. Скоро 2 годинки сме...
Мајки кога ви почнаа децата да преспиваат по еднаш дневно и колку време им трае дремката? Ќерка ми (14 месеци) денес спиеше еднаш 2,5 саати пошо стана покасно од вообичаено ама не може да издржи будна повеќе од 4 часа. Инаку спие 2 пати по саат-саат и пол. Рано ли е за една дремка? И како ви помина транзицијата од 2 на 1? Ние сите кратења на дремки ги поминувавме ужас и со плачки до сега…
Малиот има годинка и 10 месеци и деновиве почна да си зборува на глас сам со себе Си раскажува приказни, му се обраќа на некому “седи тука”, “дојди ваму” или на кучето му дава наредби и слични муабети. Нормално е?
Ист број на заби има и мојава (4горе и 2 доле), и исто миеме само со вода, се голта таа, па за паста тоа секако.
После година и пол премина на една дремка, иначе на таа возраст и моето имаше две дремки, само не знам зошто плачки, прати си го детето, ќе го осетиш кога ќе дојде моментот и кога ќе е спремно за една дремка, не форсирај
Се поклопуваа со скокови и на секое заспивање плачеше и одбиваше да спие. Да не бев упорна ќе се преморуваше. Не форсирам ама синоќа спиеше 12 часа, а инаку си спие по 9-10 и има 2 дремки денски. Денес дремна 2 и пол часа, а ако имаше и втора дремка ќе си легнеше на полноќ.
14 месеци, 6 заби- четирите кецови и горните.двојки. Миеме заби со детска паста и ја голта. Прво јас ѝ ги четкам а потоа ѝ давам сама демек да ги мие и мијам и јас со неа заедно. Ја ставам да стои исправена на корпата за веш и јас сум до неа. Знае дека треба на крај да плукне, се наведнува со главата над умивалник ама не знае да плукне