Мајки дали има нешто спрејче за деца пример за заштита од бактерии да излезиме дс го ппрснам чисто превентивно во носето...?
Јас уште од бебе ако не заспие додека цица ја ставам на перница на нозете и ја нишкам. Така не ме болат рацете, а и ми успева, заспива за неколку минути. @Milkiway ние сме врсници мислам, и кај мене малата почна сама да бара да мочка, само на сабајле засега, кога се буди скоро секогаш е сува и одма оди на шољата, дали дека гледа од брат и не знам. Инаку јас користам адаптер, и син ми кога беше мал одма адаптерот врз шољата и директно внатре, така не ми прави лом по подот и не чистам нокшир.
Ведран е 15м толку ти е и малата? Супер и јас помислив на адаптер баш ќе земам и тоа секако ќе се најде. Сега го лажам со цртани седнува му пуштам си гледа.
Ако сте почнале од скоро да пробува да заспива сам така ке биде, на почеток се вртат по еден саат некогаш и два се случувало додека заспие. Треба време да се прилагоди и навикне, трпение ке се намали времето.
Браво бе мами. Синко мој стнаува од нокшир и ми вика мама пшш и моча пред нокшир наместо во него а е 17м
Убаво е децата да ги тренирате децата да кажуваат за мочкање и какање ама ако не се спремни самите ке си губите време и нерви. Околу 2 години се развива тој дел од мозокот кога перцепираат дека мочкаат или какаат. Најчесто околу 3 години оставаат пелени. Некои и на 2, 2,5 кое кога е спремно. Не се водете по муабети дека нашите генерации на 1 година оставала пелени.
Точно, и јас немам намера непотребно да се нервирам уште сега на 16м. Почнав да ја седнувам само на сабајле зошто сум сигурна дека ќе мочка, таа сака повеќе пати во денот кога го гледа брат и ( влегува со него во купатило) ама засега доволно е толку, таман да знае за што служи шољата. На лето, ќе има 2год. ќе биде топло времето па може да пробаме. Син ми почна да кажува на 2,5 год. и мислам дека е ок. А тоа што нас едно време не седнуваме на нокшир на 9м е било да си олеснат нашите мајки, без памперс богами тешко било.
И син ми сам почна да кажува, на 2 г и 3 м, јас не ни пробував мислев ке е тешко бидејќи малку зборува. Ама спремен си бил, сам фрли и дали пет пати се измочка во гаќи, успиен кога е. Тешко е без пампи ама на таа возраст децата не разбираат од мочкање. Не е поента да одиш по детето со нокшир. Треба само да каже.
За прошетки не ти треба превентивно. Јас прскав една недела пред и по градинка диво оригано ама немаше ефект. Според мене нема потреба.
Мајки некој сируп за против повраќање при возење со кола? Само да не е локомотив сирупот бидејќи не ни делува веќе.
Не сретнав тема за детска козметика па ќе прашам тука. На малата од ладното ѝ се вцрвенува и суши кожата на обравчињата. Моментално користам крема на babylove но очигледно не одговара. Препорака за некоја каква да земам? Ќе ја тагнам и @Biodevojka ако види да ми препорача.