Ја имам трослојната од дормео само првиот слој го користи кога сака. Перницата си стои ама тој не секогаш спие на неа. 18м скоро, му ј аставив кога беше болен пред некое време и е ок.
Немам линк за цел каталог, јас не сум зачленета, ми ја пратија само оваа слика бидејќи само за тоа прашав. https://limes.mk/detska_pernica_2-5/ а овој линк ми го пратија за перниците само.
Здраво мајки. Пред малце ја заспивав ќерка ми (19 месеци е) ја галев за главчето и случајно назад на главата на карши ушето на тилот има мало топченце вантрешно е.. Од надвор гледав ништо нема нормално е... Многу се испаничив мало е како топче се осеќа на допир, што може да е? Читав масно ткиво може да е или фска внатрешна? Голем паничар сум, нема да заспијам
Јас порано имав исто прашувано, синчево мое има некое топче кое му се појави кај вториот месец и се наоѓа на вратот баш на жилата (кога се вртиме странично таа жилата што се испакнува малку). Видено од педијатри и ортопед-според нив било некоја 'рскавица на самата коска , може сама ќе загинела. Ортопедот кога бевме пред годинка го виде и на ехо, рече не е нешто страшно, нема запушувања на артерии/вени...можи со растењето ќе исчезнело а ако не, понатаму ако имало потреба хируршки ќе се отстранело. Жлезда не било според нив, а и јас сум загрижена уште бидејќи тоа си стои...Не му пречи ништо, ама кога се врти странично се познава. Како бебе тој на таа страна ја држеше главата, па не знам дали има некоја поврзаност. Ова можеби не е исто како кај твоето, само реков да пишам мислење, а мене место не ме фаќа , не знам каде да го носам да видат...Дома сите ми викаат ништо не е ,ќе помини, можи било масно ткиво....Знам порано (ќе ја означам @Dikinzi мислам пиша), дека бебиња така со топчее ги нооселе на физиотерапии, им пуштале кратка струја и ги третирале топчињата. Пак, ќе речам, кај тебе можи нема врска тоа. Да не е жлезда поради настинка или поврзано со заби вадење...За посигурно нека го ѕирни доктор..
Мајки детето е 19 месеци.. Супер се развива зборува океј не се сомневам на ништо.. Ама имаа ли некоја фаза кај вас таа возраст Само ги отвора затвора рацете т.с прстите маало да штипи со прсти ата така изгледа не цела дланка да ја затвора и отвора.. Ептен ме нервира кога го прави тоа..
Има од двете страни, се слушнав со др. Нормално било на настинка и кога вадат заби тие биле реакциони жлезди и така се правело кога се во таа фаза. Јас да бидам мирна понеделник ќе направам крвна слика.
И од вас да побарам совет се мислам да купам кенгур имам две мали деца и барам решение за едното да можам да излегувам со двајцата, користел ли некој од вас? Вреди ли да се дадат повеќе пари гледав повеќе модели конкретно https://www.babycenter.mk/mk-freeon-kenguru-6v1-discovery-gray-964423.html или https://www.babycenter.mk/mk-freeon-kenguru-3v1-carry-me-blue-964422.html ваше мислење
Ние ептен искористивме кенгур. Ако излегувате често, препорачувам. Малото не секогаш ми сакаше во количка, во кенгур супер и удобно, си разгледува од високо, лесно ми заспиваше во него, ептен практично. Од линковите би ти рекла поевтиниот, имав јас само седиште за околу половина, крајно неудобно на колковите (моето беше буце), плус мора да го држиш убаво бебето во секој момент, што знам, мислам дека не е којзнае колку практично. А и за до 20кг, дете од толку кг сака да трча, нема да ти седи во кенгур секако.
Мами, Ве молам хелп како да го тргнам бебе од цице...година и 5 месеци е. Веќе ми е неугодно, а сепак јас сум проблемот...тешко ми е кога ќе помислам дека нема да ја имам таа близина. За помош мислев за мене како да пројдам преку тоа. Он бара, насабајле обавезно а преку ден кога ќе му текне, не заспива со цице...мислам дека со него нема да ми биде комплицирано.
Прочитај тука имаме пишувано https://forum.femina.mk/threads/Престанок-на-доењето-одбивање.4228/ Мораш ти да си психички спремна, моето пак само на града заспиваше и јас ко тебе помислив дека нема да ја имаме веќе таа близина ама напротив, сега со гушкање заспиваме Година и 5м не е веќе бебенце
Знам...имам и друго бебе 4 месеци и кога го дојам поголемиот дали дека малово нежно, ама непријатно ми е веќе. Ќе прочитам, фала не знаев дека има тема посебна
И јас мислев дека ќе ја изгубиме близината ама сега наместо цице, многу ме гушка. Обавезно се мазиме пред спиење, а сабајле е најубавото. Не може да прекине да ме гушка, само вика мама мама и ме гледа со најубав поглед
Скроз те разбирам, мене ептен мачно ми стана доењето, само размислував како да го одбијам, кога тој преку ноќ сам се одби. Многу ми беше тешко, плачев и осеќав празнина ама помина за брзо.
Мене некако уште не ми дава душава да ја одбијам. Година и 3 месеци е, пред 1 месец се одучивме од заспивање со цице, и не бара воопшто во текот на денот и ноќе, освен сабајле. Одма само што ќе стане ме буди мама мама, и одам да ја земам од креветче и одма ми ја трга пижамата. Како кафе за расонување ѝ е А ми е и мене малку непријатно зашто ме трга, грицка, си игра. Не знам ни млеко дали имам веќе. Ама па од друга страна ми е убаво така да си се галиме, не знам ако ја одбијам дали ќе сака да се гали така. Обично после пладневната дремка одма во акција се пушта, нема она време за гушкање и галење Знам дека ако ѝ го скренам вниманието со нешто друго сабајле кога ќе стане, ќе покенка 2 минути и толку после, заборава и не бара. Се има така случено неколку пати по 2 дена воопшто да не цица. Веројатно јас не сум психички подготвена…
Мајка и нке така останавмме наа еден подој сабајлле.. Така беше 12 13 14 мес никако не ми се одбиваше.. И еден викеенд станавме покасно а требаше некаде да одиме и забоорајв. Да му дадам станавмме ајде поручок ова она. И после ми текна. И свекрвата вика помина ли 24 сата од последното цицање.. Викам да.. Е толку вика не го враќај.. Викам зошто.. Вика тие деца после урочуваат што се вратени на града... Нее сум знаела.. Нез дали да вверувам ама шубе ми беше некаало на мисла ме стави и толку не го вратив веќе