И кај мојот кога вади заби, има денови кога му е помека покашеста каката. Вчера имаше така, тројките му се како набабрени, ама едвај се спуштаат. Ако беше вирус, ќе го познаеше: повраќање, темп, нерасположено дете. Ама ако мислиш дека треба, направи анализа.
Иста е и мојава за утеха една ноќ само преспа ама заспа во 1... така да си се помирив дека е такво детето а да ја одбијам ми е страв дека ќе нема како да ја презаспијам така да ќе си продолжи и со цицање.
Моето е 21 месец, ретко да преспие цела вечер без претање, превртување, станување за вода или си ја бара цуцлата па плачи... Презаспива ама мн немирно спие. Сега пак му се затна носето, не се мрсулави ама си има секрет. Се мислам дали да дадам Виранто? Пиеше и почеток на декември и почеток на јануари (ама тогаш беше со течење нос, кивање, солзење од окце).
Па да, си го пие, некогаш и јас знам да се напијам. Вкусно е ама многу мрсно, не знам ни ова како го пие
Јас виранто му давам буквално веднаш што појави симтом ( црвени образи, кивање многу често во текот на денот) и знам дека настинува омалаксан е само враце бара и можам да кажам дека многу настинки сме ги спречиле на време. Мене ми е спас од кога го открив, а и за мене земам таблети виранто супер се покажале
Мајки со 4ки заби можно ли е дека вади да нема апетит? Незнам дали од короната што не фати дали заби што вади ама буквално мишто не јаде ни пие само вода и млеко не одбива се друго на сила веќе незнам што да направам да пројаде
Пишав и јас за истово. Вода и млеко. Јаде не е дека е без ич храна, ама прв пат да ми одбива јадење. Ништо не сака. Се надевам ќе избијат па ќе заврши нејадењево
Овој дури и се исфрли околу устата ама сите 4ки одеднаш мислам му излегуваат врескање на увелико. Добро ако е од забите супер јас се плашам и од коромата што не фати да не е
И моето исто се исфрли цел околу уста со 4ките, а деновиве исто јаде многу послабо од обично и пак се нафрла па мислам веќе и 5ките почнаа да го мачат.
Кај син ми горе во исто време ѕиркаат и 3ки и 4ки. Доле само 3ката лево е подизбиена. Изгледа нема правило. Секогаш наеднаш му избиваа. Така кецови двојки сите 4 одеднаш му избија
Која паста ја користите за децата? Јас купив сега веледа ама од страната ми пишаа дека таа е за кога ќе почнат да растат трајните заби.
Јас на Алверде земав, 1 годинка е и има 6 заби, не дека миеме којзнае што, ама битно навика ствара.. Оваа ја пишува од 0-24.