Долни двојки кога искачаат? Некаде прочитав до 16 месеци, мојава има 15 и нема абер за долни двојки. Мислам горните 3ки,4ки побрзо ќе искочат. Не можам ни да ја видам убаво на горното непце за 3 и 4ки, ама доле дефинитивно абер немаат. 2 месеци се поминати од последната двојка горе кога ѝ излезе…треба да се грижам?
На мојот на 15 месеци не му беа ни потечени долните двојки. И јас вака како тебе почнав да се загрижувам, па кога тргнаа и двојки и четворки во исто време не знаев кај ми е главата.
Значи, да се спремам психички Ми се виде долго време да нема ново забче. Те читав во друга тема за новото меше, честитки и со лесно до крај Те паметам од труднички кога бев јас на почеток ти беше при крај со првото, па може ќе се дружиме и пак така
И кај моето на 18 месеци му никнаа долни двојки, а пред тоа му излегоа сите 4ки, и доле и горе. Сега се како малку отечени 3ките
Majki koga sme veke kaj zabive,Dali e normalno imame Edna godinka I Samo edno zapce...Dali ke I izlezat naednas ili treba da prevzememe nesto
Што можеш да преземеш, ќе излезат. Кај секое различно, брат ми исто само со еден заб бил на 1 годинка
Што ќе превземеш ! Панорама ќе правиш? Немојте да се плашите, нема човек без заби . Ќе му пораснат , најверојатно генеза на некој од фамилијата. Ќе излезат покасно, и поздрави ќе бидат забите.
Ако те теши на 15месеци прво запче.. сега сме 2 години и полна вилица. Секое дете е различно ќе излезат кога тогаш.
Дали сте слушнале за испитување - старост на шаки кај деца? За што служи овој податок, како се прави, на што укажува?
Мајки за атопичен дерматит од кое млеко за тело сте најзадоволни? Земав маслена купка на еуцерин,се мислам дали и лосионот за атопична кожа на еуцерин или на мустела да земам или сосем нешто друго? Имаме така посува кожа ,како црвено на рачињата горе и малку на ножето. Педијатарката ни рече атопичен дерматит било.12 месеци сме. Искуство некоја мајка ?
Презадоволна од La Roche Posay Lipikar Baume AP+, се исчисти кај син ми и ништо не се врати. Користам се од колекцијата и се покажа супер.
Во разговор со една докторка, ми спомна таа за мерење старост на коски кај дете. Читкав нешто, се гледало дали коските се иста старост како и возраста на детето. Што нема...
Доколку детето видно заостанува во растот, најверојатно прават таков преглед за да ги проверат коските. Јас бев загрижена, па затоа се распрашував. Син ми е висок 85цм на 23 месеци. Докторката спомна дека во Скопје прават такво испитување, дали кај ортопед или ендокринолог, не запомнав. Сепак, рече не гледа проблем, зашто ѝ изгледа здраво. Јаде, спие, игра како што треба.
Значи има причина за таков преглед. Цело време е така ситен? Ти и татко му ниски сте? Син ми на една година беше со таа висина, ама цело време оди малку повисок од генерација. Доста деца а негова возраст сум видела за глава пониски.
Татко му висок е, јас баш не. Ама ја следи својата линија на растење. И стапалото му го мерам, околу 13 цм му е. 21/22 обувки. Твојот што број носи? 11 кила има, ама и ние сите сме слаби како градба. Генетика, тоа е.