Nas ni pomogna losionot na Bioderma i maslenata kupka na Bioderma,se mi e izbrobano Eucerin,Mustela,La roshe...
Имате ли Искуства со тргање на цуцла? Читам некои пишуваат да се сечат цуцлите на врвот за да не ги сакаат повеќе и евентуално се откжуваат полека. Или само да ги фрлам и да издржиме неколку дена-недели? 16 месеци има мислам дека е време… преку ден кога ќе ја види почна да ја бара па ги кријам денски. Ја давам во кола кога ја возам ако кенка. За спиење е многу приврзана со неа. Најмногу сакам да ја тргнам бидејќи добро спие навечер ама почна да се буди 3-4 пати и да ја бара за презаспивање. Може ако ја тргнам ќе спие подобро. Искуства?
Пробав со исечено фрлаше и вриштеше брз престан, ова за спиење Денски не му ја давам ни дома ниту во градинка...ама за спиење не знам. Нема шанса да заспие пробав неколку пати. Ноќе кога ќе се развика не легнува ако не му донесеш цуцла. Не знам што ќе правам следно сенф на цуцлата за да му се згади сам да ги остави
Ни сечење, ни криење денски, ништо. Пресечи. Фрли ја и крај. Ќе плаче 3 дена, толку е. Избери период кога е здраво детето, не раснат заби и кога ти си спремна психички зашто ноќе ќе ти треба сила.
Јас мислам првин добро е да пробаш со зборување дека не му треба повеќе цуца, или па низ игра ние ја фрлавме кој подалеку и тој ја фрли позади спална и готово нема цуце на 10м многу лесно поминавме, али си најде утеха во шишето пие млеко пред спиење и тоа цело шише 360мл. Твоето е големо и може да разбере повеќе
Значи да темпирам викенд за кога ќе дојде понеделник да им кажам во градинка дека не носам цуцла веќе. 2 дена за викенд белки ќе се навикне колку толку. Милки и мене ми е за спиењето само посебно навечер мачно ќе биде сигурна сум дека ќе седи будна, не знам дали сум доволно спремна, сега си викам готово почнуваме ама ноќеска кога ќе ме разбуди и нема да сака да презаспие мислам дека ќе се предадам Јана мислам дека те имам читано за цуцлата ама не можам да најдам, значи после тие неколку дена се одвикна скроз и од тогаш сте без цуцла нели?
Разбира кога и зборуваме основни работи, може и ќе разбере знае што значи нема, нема веќе, не, сепак најмногу ми е за ноќеска дека последнава недела ми се буди едно 3-4 пати и не презаспива без неа. Ок не се ни трудев поинаку да бидам искрена, само пробав 1-2 мин тапкање и не биваше и право цуцла давам за да спие и она и ние
Зошто загрижена? И ќерка ми на неполни 23 месеци е 85 цм висока што е апсолутно супер за таа возраст, нема причина за грижа, нормално дека од дете до дете има разлика и сите деца не се исти. Килажата исто така ви е супер, мојата е 12,5 кг. А син ми од бебе проблем во ставање грамови, а не кг, значи ако ставеше 100, 200 гр се радувавме. Еве сега гледам во книшката негова, на 23 месеци имал 10.300 кг и висок 84 цм. Многу малку ставаше во килажа, беше слаб за негова возраст, ама здрав, прав. Ете го сега 9 години е и пак е супер, 27 кг е.
Пробај со зборување ама многу објаснувај цело време не пали кај сите деца тргање цуцла без никакво предупредување. Кај нас тоа беше проследено со тантруми страшни до гризање на јазик. Со многу разговор ја тргнавме и не ја жалеше три дена туку цели две недели ама не беше страшно затоа што беше спремна. Се е до детето си го знаеш какво ти е одбери го праволниот начин. Да напоменам прво ја тргнавме за денска дремка од кога ја тргнавме за навечер ја жалеше две недели.
3 пати го одвикнував и му ја враќав зашто ми беше полесно мене. Ќе се разболи, ќе вади заби, ќе плаче без врска, а јас работам од дома, сама го чувам и морам ноќе да се наспијам. Четвртиот пат ми пукна филмот кога видов во градинка дека си ги мењаат цуцлите. Ноќе кога ќе се разбудеше го држев во раце да презаспие. Сега во градинка ги гледа другите деца со цуцли ама не става веќе во уста. Кај нас со зборење ништо не постигнав.
Во право си. Секако малку поситно ми е детево и слабичко, ама јаде сѐ и кака по трипати. За инфо. Гледајќи и други дечиња по висина, се задумав дали е таман, па ми почнаа бубачките. И јас мислам дека е таман, сега отпосле, ама има доста вон просек деца, што се збунив колку треба да биде. Мојот е баш во средината, просекот, со должина и тежина и се роди во просек, така и си тера. Можда понизок ќе биде од татка, ама здрав и жив нека е. Ехеее како шутира топка со лева, стрелец прав, фудбалер роден на мајка. Па и светски познати освојувачи и императори биле метро и 70, па што... Можда и тоа ќе биде... Мајка не е мајка ако не извезе цела приказна
Штом си ја прати кривата нема што да се грижиш. Мојава исто расте ситна, а ние сме со мм високи и крупни. Она ко соленче на 15 месеци е 8,9 кг и 78 висока, а родена е 3kg и 50 цм
@Katerina94 jас некoj периoд не jа давав преку ден и вo градинка истo. Еден ден пресекoв нема цуцла мачетo jа зема, jа бараше, тагуваше ама се oдвикна. Вчера jа лапна на бебетo и кажав самo мачетo кажа oдма да jа вратиш и самo jа фрли.
Мајки кога почнаа вашите дечиња да зборат т.е да кажуваат зборчиња? ние сме 12++ и кажува само мама и тата. Брбља нешто на нејзин јазик,кога и зборам ме гледа во уста и само првите две букви ќе ги каже или воопшто не отвара уста
Мајки, да прашам за мислење. Му давав на малиот Виранто неколку денови, сега веќе гледам дека не му течи/ затнува носето па се двоумам дали да прекинам или да го додадам цел сируп. Што мислите?