Мајки, дали им давате благо на дечките, колку често и што на пример? Мојов многу е стрвле некако, ако сме на гости или имаме гости знае да грицка цело време по нешто...Почна животинско да јади и еднаш во денот (некогаш прескокнуваме) јади половина чоколатце (или цело,зависи) ама после гледам до вечерта да не прима веќе такви шеќери. Ме интересира дали е многу тоа, инаку има 22м.
Едно цело животинско царство и не е баш загрижувачки многу, јас од благо му давам најчесто крем бананчиња ги сака, исто и животинско царство го јаде цело ама не се ‘дрецка’ ако му пикнам в уста ќе го изеде, чим си има главни оброци и не ги заменува со благо не гледам проблем да се даде
Ако е јадач и си јаде се, јас не би давала воопшто. Давај овошје за ужинка. Мојот е нејадач, се разјаде пред некој месец. Во очај давав и животинско кое го одбиваше. Сега почна да јаде колку толку и гледам гумени бомбони јаде бара ако ги види и му ги кријам. Кога ги нема на видик не му текнува. Нудам овошје зеленчук.
Ќе се надоврзам на твојот пост бидејќи се согласувам. Дечкото има 24 месеци и до сега нема пробано воопшто благо, да одиме во градинка и таму не можам да избирам ама на моја среќа има промена во меното и не им даваат благо. За ужина и дома и во градинка има овошје. Можеби не сум во право ама моето размислување колку подолго детето не е запознаето со терминот благо толку подобро. Постојат разни ситуации родендени, гости, прошетки, др дечиња кои јадам ама се трудам на секој можен начин и зборување да го одвлечам од помислата благо, бар сега додека можам, секако понатака голем ќе е и ќе разбира
Браво и мило ми е што си јаде. И јас на моево додека можев да му пикам и не умееше да плукне му давав се најубаво. Сол ни зрно а правев каши со најразличен зеленчук, успевав доста да најдам и домашно, супер си беше тогаш. Сега се врти околу исти јадења ама тоа ми е. За една година ни кг не качи а во висина 10+ цм отиде.
Ние сме не јадачи скоро месец дена, 20 месеци има и сеуште на блендирано сме значи главните оброци на сабајле овошје со житарки и јатки блендирано сето, за ручек месо со зеленчук и тоа све блендирано... И давам парчиња само ги допира и прави фаци се лигави и ги расфрла.. Е сега овој месец одбива и каши и се можда некоја регресија дека вградинка ја пративме два три дена па настинка ја фати и сето е хаос. И давам сируп за имунитет недела дена, маџун по една лажица во денот, ама што знам слабичка си е и бајаги е извишена. Муабетот ми е како да и го вратам апетитот и воедно како да почниме со парчиња.. Таа јади пример двопек, бисквит, смоки, соленки све ама тоа главните оброци се блендираат. Поздрав
Болно дете нормално е да не јади, важно е да пие течност. Стрволинки поретко и така кога ќе поодгладне повеќе ќе и понудиш ако не сака ќе и дадеш по пола час и така ќе пробуваш од главното јадење почесто. Кај големата многу ми помогнаа јајца од препелица за имунитет.Давав по 2-3 дневно.Ги јадеше и кога ептен немаше апетит.
Во право си. Внука ми до 3 години не проба благо. Грицки да. Моето е 15 месеци, ни благо, ни грицки нема пробано. Ќе биде така се додека може.
А зошто не давате благо? Ради завист или? Ме интересира кои се вашите теории или дека шеќер па под дифолд
Затоа што нема ништо корисно во чоколадото. Чоколадо како што е животинско царство е за задоволство, нема ништо во него, витамини минерали влакна или не знам што друго.
Каков бенефит има од благото едно мало дете или бебе? Апсолутно никаков тогаш зошто би му давала да јаде?
Може до утре сабајле да коментираме, просто и едноставно е нема никаков бенефит и потреба од некој работи. Ако ти сакаш да даваш ок ја не би. Праша ти кажавме зошто не даваме благо.
Јас намерно да земам да дадам, не давам ама некогаш кога мене ми се јаде секако дека и дадам и на неа парче чоколадо, вчера и дадов пола cookie. Додека јаде се друго и има оброци, ужини како што треба, не гледам проблем да дадам благо малку. Како што е за нас задоволство, така и за нив. Неќна му го зема на татко и сладоледот и го дојаде. Како што кажав, ако е нејадач или слично да ми прави проблеми, не би менувала шеќер за оброк. Вака по малку не гледам штета. Братучетка не даваше ич благо до 3год па сега детето се тресе букбално кога ќе види благо. На роденден сите си играат, детето на слатката маса лом прави
Па и тоа ми беше идеата. Има многу работи што нема поента и бенефит да се даваат, не само на тема храна, а сепак се даваат. Убедена сум дека на одредени работи повеќе се става акцент и како copy paste сите со ист муабет нормално секоја мајка ќе дава што мисли ама смешно ми е.
Мојава денес си зема наполитанка од масата и си ја јаде. Кога ѝ ја земав рикаше како да ја коле некој. Мала е мојава и јас не сум ѝ дала освен кога дада ѝ јаде па ѝ дадам ептен малце оти е стрвна многу. А во градинка од 8м ѝ дадеа чоколадо. Кога ми кажа мм ми се стемни. Не гледам нешто лошо во тоа ако од време на време изеде чоколадо ама во разумна количина.
Сите ние пишуваме за чоколадо во разумна количина, сигурно ниту една мајка не му дава на дете кое не наполнило две години за доручек цела чоколада. Детенце на таа возраст пак и незамисливо ми е воопшто да нема пробано па макар и само една коцка. Како и да е темава е многу дискутабилна, и чоколиното за доручек/вечера читам во соодветна тема често се дава, исто и плазма со млеко …. и тие оброци ако е за така содржат шеќери
Смешно ми е да, затоа што има пар теми како кравјо млеко, благо, кока кола...за кои одредени мајки имаат мислење copy paste. И не само мислење, него строго се држат до тоа. Незмисливо е да дома за 2-3 год немало некое благо на маса, или детето не видело да јадеш па само да посегне. Мене не ми е ок да му зимаш од рака и фрлаш или да бара а да не му дадеш. Има многу продукти што стојат како без шеќери, или не мора да е шеќер, има нездрави состојки- а ги давате. Освен ако децата немаат 3год и ги доите и само дома готвите по пе ес. Јас би била опрезна ако има прекумерена тежина или има предиспозоции за гојазност. Во секој друг случај, се што е умерено без дускусија давам. Кога сум можела од кашичкине готови да дадам (прочитајте состав) кога сме биле излезени и нема што друго, не гледам простор за стого поставени правила. Еве сега го доев, утре е петок и викенд па сигурно ќе лапне нешто зашеќерено
П.с некни у градинка им дале паштета за ужина, а оди во Монтесори (као некоја фора градинка) па уште ми вика учителката неќеше да јаде ама од други деца може да земе...ај за што попрво да се расправам? Па си викам, дома не јаде никогаш, не јадеме ни ние, па сеа еднаш во 5 дена ако касне во градинка Боже мој.. Можеби сум таква затоа што сеуште го дојам, јаде се и пред да почне во градинка му готвев за секој оброк. Јадач е па некако мислам дека има простор и за некоја глупост без бенефит. Мислев така нешто ќе кажете дека слабо јадат па пробувате да биде тоа природно и здраво или се со прекумерена тежина па внимавате.