Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ти сама си стави епитет дека си несовршена, а никој не ти го пиша тоа. Зошто?
     
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Година и 5 месеци е, ни јогурт ни овошен јогурт буквално ништо не сака ни да допре на устата, а не па да касне.
    Ќе пробам со двопек да видам дали ќе успее.
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Оф, цинизам душо. Ако тргнеш да читаш од горе ќе сфатиш зошто.
     
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Мојава беше 2 дена без јадење. Само вода. Пред некој ден бевме на инфузија оти цел ден спиеше. Имаше тт над 39. Колку има тт твоето? И кај мојава мислам дека е од забите, кс и беше супер. Нека си пие течности барем. Супа можеш да дадеш
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Уопште не ми е муабетот нашите што правеле, баш не се согласувам со многу од тоа. Не сум ја copy paste муабет, се водам по реакциите кај моето дете од одредена храна. Ме интересира се како му влијае.
    Храната е психологија, кој јаде само за да се најаде многу греши.
    Јас сакам ритуали, го носам да за викенд у Мек и се знае кога се иде, тогаш се дружиме и со уште едно другарче негово, а дали јаде? Еве најискрено може пар компирчиња а сендвич не, али пробал и не сака.
    Шо па толку тоа овошје, тука везе нема овошјето некогаш ми е жал коа му го рендам јаболчено шкрипи као гума.
    Убаво е да се има ред, без строги правила. Ама дека не значи и зависи од тоа детето што ќе сака тоа е факт, кога ќе ви се докаже на дело ќе ви остане само личната садисфакција дека ете до нешто сте се држеле
     
    На Осе, Zuza28 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    39 имаше и сабајлево, го истуширав и му ставив чепче сега добар е, ама пак не јаде. :worried:
    Ќе направам баш сега супа, не ми текна воопшто, фала ти.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Двопекот го открив уште со 2ките и многу ми помогна. Сепак мислам дека сакаат ладно и кисело. Остави и некаде некое јаболче, бананче исецкано па може ќе земе така. На моево му давам неке мижи, му оставам си игра и помини замини ќе земе...баш бев очајна од дете се што јаде одеднаш 3 дена на вода и што цица. Стварно е лошо кога дете не јаде
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Точно е ова за ад. Мојава прва ќерка ја доев и повеќе напредуваше. А втората е на ад и ептен слабо напредуваше, дури ни минимално. Од цврста храна повеќе се поправи
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Јас ѝ правев од таа пилешката на подравка. Обично не давам таква на малата, ама имам читано дека делува како инфузија. Повеќе водата ја пиеше отколку фидето
     
    На mal.ecka и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.370
    Пол:
    Женски
    Додека сум јас главна ке јаде здрава храна. И ке прави тоа што е за негово добро.
    За брокула прочитај нутритивни вредности и за чоколадо па види која е разлика. Никој не кажа дека е криминал ако отидеш на гости и изеде чоколадо. Ама да даваш сама за ужина наместо овошје е лудо и неодговорно.
    Може да има карактер за облека, игри, и некои работи кои не се штетни за неговото здравје. Чоколадо не што нема ништо здраво, туку може да е штетно.
    Да знаеш сега што му истекнува и какви тантруми има ако не добие, ехе, глава боли. Сака да трча по гарнитура на пример. Епа нема шанси да дозволам.
     
    На Malesia и Panovic им се допаѓа ова.
  11. Babymama2020

    Babymama2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2020
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Здтаво ве молам за искуство кој е соиден трицикл, сакам за пролетва да земам, има попуст во Енци менци на Qplay?
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Има вишок енергија и затоа сака да трча по гарнитура. Децата не можат како нас да седат на едно место. Мојава сака да скока на спална и јас ѝ дозволувам, ма да она е голема, ама нема врска. Мм едно време додека се шетавме не ѝ дозволуваше да трча, ќе паднала:^) Господ да чува. Е ај да гледа филмови и леже цел ден. Не бива така
     
    На Осе и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Кај нас е генетска предиспозиција.
    Јас бев иста на негова возраст сега едвај 55кг имам не се дебелеам колку и да јадам. Е ама од кај мм има.
    Ќе ти одговорам, Да на ад е. Меѓутоа и јас сум порасната на ад, сестра ми, внук ми...
    Пр. маж ми е доен и девер ми а имаат голем проблем со гојазност.
    Заби прв пат во бременост поправав а сум била на кравјо и адаптирано. Не знаев што е расипан заб, а внук ми од чоколади пошто друго избегава да јаде од 5г е по забари.

    Во моја околина како што гледам не игра улога дали било ад или доено во однос на дебелина, туку баш генетиката.
    Јас реков не му бранам да проба, ама сега на 17м не гледам зошто би му дала животинско да јаде, освен да речеме да проба. Особено кога четкање на заби ни е хорор и едвај се учиме.

    Заби се расипуваат и од доење кога цица ако се успива со цицање, не само со ад.


    Мислам ептен глупава споредба и напад.
    Која е поентата, треба да се осеќам виновно дека е на ад? Па од тоа е дебело. Глупости не знам што ја отворив дискусијава уопште.

    А ништо ад не е полошо од доено. Демек на цицка ти е па може да јаде мек и чоколадо.
    Уште па не било болно. Не се разболело ни моево освен пролазна настинка и воспаление на уво што било неминовно. Тоа е веќе до чистота на градинка и какви деца праќаат. Оди сега во приватна 2м ниту еднаш не било болно, Хрватска е посредена со градинките од овде. Сум била сум видела какви се условите таму. Така ако гледаме...
     
    Последна измена: 4 март 2022
    На Krofna* и haruki им се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Шеќерите се битни исто така за енергија, за мозокот, секако во умерена доза. Секако се активни по цел ден, па не е голема штета. Поголема штета се гумените бомбони и лижавчиња и такви обоени производи.
    Некогаш и нам нѝ е потребно коцка чоколадо за засладување.
    Двегодишно дете веќе може да касне малку чоколадо.
    Јас му давам и сушени урми по две на ден (ем благи ем со железо), а понекогаш и коцки чоколадо. Ретко давам купечки сокчиња, повеќе му цедам портокал.
     
    На Zuza28, Ava.84 и elimkd им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.370
    Пол:
    Женски
    Јас не кажав децата да се стават на кетозна диета. Шеќери во овошје имаш, ама сложени. Во чоколадо имаш прости шеќери кои никако не се корисни за организмот.
    Пак ке кажам, ако детето си јаде, не треба ни да му спомнете чоколадо. Што подолго се храни здраво и што подолго е без антибиотик тоа подобро за него и неговиот имунитет.
     
    На elenaklasik и Panovic им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Немојте со вакви притисоци, доволно ги имаме. Не е лудо ниту неодговорно ништо во тоа, избор личен е, понекогаш.
    Несвесно сите си правиме притисок да биде сѐ нај. А еден ден кога ќе се соочиме со контрање од нивна страна, ќе нѐ заболи јако. Затоа релакс. ;)
     
    На Осе, Zuza28, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    @Milkiway слушав еднаш од некој доктор за цицањето и дали се расипуваат запчињата. Рече дека поинаку е кога цицаат, бидејќи млазот директно го голтале, немал контакт со забите, за разлика од шишето. Така што, верувам дека при доење продолжено не се расипуваат, па што знам, можеби ниту при пиење со шише, особено не првите години. Е подоцна со повеќе заби и со повеќе благо, има штета.
     
    Последна измена: 4 март 2022
    На Осе и Zuza28 им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Пиење антибиотик не зависе од тоа дали јаде чоколадо или не. Малата за неполна година пиеше 3 пати аб, а големата што јаде и грицки и чоколадо, во овие 4 и пол години само еднаш има пиено.
     
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.370
    Пол:
    Женски
    Јас се соочувам со котра од страна на син ми и тоа јака. Се врти околу иста храна и до пред некој месец беше најголем нејадач. Ни сируп помогна ни ништо. Сум дава и чоколадо за да јаде. И пак не сакаше. Само леб.

    За мене е неодговорно да даваш чоколадо пред да понудиш овошје. А деца кои јадат се ке јадат и овошје без проблем.
     
    На Осе и elenaklasik им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Порано мислеле од млекото е, шеќери дека има ама тоа е мит веќе. Не знам како директно го голтаат не е дека дојката во грло им е директно.
    Не можам сликата да си ја замислам ама сигурно има врска некоја и тоа.

    Како год, сигурно е шише поголема изложеност, но лично кај мене не била, сум немала проблем, не значи дека син ми исто ќе нема.

    За доењето мислам на тоа: Ако цица и заспива од непроголтаното млеко се создава кариесот затоа викаат да не се успива на цицање.

    Син ми пие ад седечки, миеме заби, после тоа легнува спие.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.