Синко има 2 години точно, 17кг и 98цм. Кецовите кога му искочија му беа со кариес, а не фати ни цула, ни шише, а цицаше до 16-17 месеци. Значи не од храна да му бидат “расипани”, па да ми е криво. Не сме имале проблем со храна. Му давам животинско царство или киндер, лиже лижавчиња, јаде смоки и чипс. Но ништо од ова претерано, или да плаче да се корне и да бара. Некогаш кога шетаме знае да побара Мама може лиже, ако не јадел скоро знам да му земем и лижнува 2 пати и го фрламе. Секој ден јаде овошје, грицкаме морков и крастсвичка и пробувам да избалансирам, а не да го ограничам. На крај, секоја мајка си знае што е најдобро за нејзиното дете и секогаш ќе го брани својот став, кој често знае да биде напаѓан и критикуван од друга страна Како што мене некој ми се чуди за горенаведеното, така може и јас ќе се чудам за нешто друго и така во круг. Да се живи и здрави!
Коментариве за благото... Но, чим педијатар ми кажа да почнам му давам благо за да не му се смееле децата во градинка, ништо веќе не ме чуди.
20 месеци е речиси и не давам чоколадо намерно. Од "шеќери" давам сокче, меѓутоа природно, или цедено. Стрвен е и мојот многу, се што ќе види сака да проба, ама не јадам она што не давам пред него. Татко му му има дадено Животинско, така што има пробано, но не се потресува многу за него. Обожава овошје и би одбрал тоа попрво кога би бирал, сигурна сум. Околу дискусијата за здравјето на забите, му ги четкам од првото. Користам и тут мус за заштита од неодамна. Имаше период кога сакаше да се четкаат, сега протестира, но му го најдов крајот- го земам пред огледало со мене и тој ми ги четка моите, јас неговите. Пробајте, мислам дека ќе ви успее вам што ви протестираат. Најмногу што ме грижи е што е голем љубител на леб, ама за него секогаш се дава полнозрнесто, интегрално, така што и тоа некако го регулирам. Не се чувствувам дека го моделирам според мене и мои замисли. Едноставно јас сум одговорна да се обидам да создадам најдобри навики за него, се додека не знае да одлучува за себе. Доволно се едуцирав на тема правилна исхрана на дете и вака сметам дека е нутритивно најисправно. Така што, во иднина кога би посакал благо сам, би дала во некоја умерена количина и не како награда за нешто. Секогаш ќе инсистирам на овошје без разлика дали јаде благо или не.
Благо се нуди заедно со оброкот, не како десерт или ужина, за да не го ставаат на пиедестал. Треба да биде на исто рамниште со другите храни. И не, не значи дека ако ставите благо заедно со другите храни во чинијата, ќе го изеде само тоа. Децата не се како нас возрасните, да сакаат или благо или солено да им биде, сосема им е ок да јадат благо па солено и обратно. Е сеа, не мора да биде највкусната работа што постои, може да биде некое по-не-преблаго чоколадо или домашен мафин. Во многу случаи е побитно како ја јаде храната, отколку што јаде точно. Секогаш треба да биде опуштена атмосфера и препорачливо е и родителите да јадат со него на иста маса. Не треба да се форсира детето на ниеден начин во врска со јадењето. Ако отиде на гости некаде и му дадат благо и јаде еден тон од тоа, и тоа не е воопшто погрешно, всушност за да не се тресе од возбуда при помислата за благо, треба да има неограничен пристап до благо, одвреме-навреме. До 2 год е онака "по книга" препорачано да се избегнува благо како такво само заради тоа да не се навикне на премногу благиот вкус на јадењата, и плус да не му заменуваат благите јадења оброк кој има многу поголема хранлива вредност. Али да не ги правиме децата пребирливи, само затоа што нас ни е страв од некоја храна. И јас морам да замижам кога јаде животинско царство син ми, ама тоа е, не сакам да мисли дека некоја храна му е "забранета" и после уште повеќе да се треска од земја по неа. Многу е битно и ние родителите да не го правиме јадењето да биде уште една област во која децата ќе ни ги тестираат границите и ќе си играат со нас. Треба да им дадеме до знаење дека ни е сеедно дали и колку ќе јадат, ние само мирно да си ги гледаме нашите чинии, а тие да прават со својата чинија се` што знаат и умеат.
Да, и јас така знам. Нешто ми се врткаше дека кај нив имам видено таков податок. Сега син ми за една недела прави 2 години. Со спиењето периодов е променет, се буди почесто и навечер како потешко да заспива.
Исто беше и кај нас за регресијата на 18 месеци. Две недели пробуваше да ја отфрли дневната дремка ама после тоа се откажа Од прилика за 2 недели би требало да се врати на старо
Ај и јас да се пожалам на тема спиење. 22 месеци има и веќе 2-3 недели се буди во 4 сабајле. Никаква промена нема во секојдневие, дневната дремка е околу 2 саати најчесто, си легнува во 21h и сабајле во 4 е на нога свеж. Јас за беља сега патам од низок притисок и стално ми се спие, едвај преживувам. Можно е некоја ваков проблем да е, регресија? Давајте идеи зашто не можам да функционирам, частам што сакате.
Јас му давам и животинсско, и кроасана и крем на лепче и барни.. Се умерено.. Но не заменувам оброк со тоа.. Не ниму бранам нити па давам со сила
Ви ги читам муабетите на тема чоколади…Генералните препораки на ААП е до 2 години да не се даваат преработени шеќери заради мал милион причини кои сите ги знаеме-се поврзува со хиперактивност, кариес, зголемен ризик за дијабет…итн. Во овошјето има доволно природен шеќер, нема потреба од дополнително. Јас давав и плазма ама кога прочитав колку повеќе шеќер има во споредба со обични бисквити престанав. Неспоредливи се бебешките кашички и купечки ужинки прилагодени за бебиња кои содржат шеќер, со животинско царство или чоколадо. Нормално, ако види дека јадеме и побара ќе ѝ дадам да лизне и да проба, затоа не јадеме пред неа. Еве пример денес на гости ме виде кај што јадам парче торта, побара-ѝ дадов да лизне еднаш два пати и сама се тргна. Сметам дека ако нешто строго се забранува на детето, истото му е попосакувано (ова не само за благото туку општо за сѐ) Е сега мојата е 16 месеци и не знае да побара освен ако не види, за поголеми деца не знам, ама сметам дека мора да се постават граници. И никако да не се користи чоколадото како награда (ајде изеди го ручекот ќе ти дадам чоколадо, или направи го тоа и тоа ќе добиеш лижавче). Намерно и без да побара како замена за ужинка не би дала. Тоа е мое мислење.
Убаво мислиш. И јас така мислам и многу други мајки. Ама некои мислат дека чоколадо може да се даде за ужина, и дека нема штета.
Кој како мисли и сака нека си прави. Тука уште 10 страни може да се убедуваме, џабе е. Ако некоја мајка смета дека е во ред да дава чоколадо за ужинка, ок нека дава… Тука сме за да си ги кажеме нашите мислења или да дадеме совет ако некој го побара, а дали некој ќе ги прифати или не-нивна работа..
Еј аман веќе со тоа која е ,,нај мајка " Се некој попаметен е од мајката на детето ,те свекрви ,те мајки, те вујни ,стринки... чак и луѓето по улица. Ете јас мислам дека монте може да дадам над годинка после јадење и тоа ако јадела убаво ,друга мисли од 8 месеци да и замени оброк и ок е тоа. Утре може и двете на монте ќе живеат на училиштен одмор и што ? Која е по совршена ? Таа ќе го одбие на годинка од доење моето ќе цица до две. И ? Демек моево разгалено и со расипани заби ќе е ? Или нејзиното не сакано ? Не ве разбирам... малку е притисокот од сите околу нас уште и тука притисок ќе си правиме ? Секој си го сака своето дете и не постои родител (добро има ама ретко ) што му мисли лошо. А секоја крајност е лоша за се така и (не)давањето одредени намирници или уреди.
Мајки ќе ве замолам за услуга. Ќе сака ли да провери некоја дали го има калма б сирупот низ аптеките? Во мојот град го нема.