Ние нашето си го кажавме, а дали некој ќе го прифати тоа, или ќе си остане на своето, не е наш проблем. Затоа викам кој како си мисли така нека прави…И за јадењето и за сѐ друго.
Исти сме , еве вечерва три пати заспа и се разбуди со вриштење. Ако не е така тогаш седи до 12... веќе ѕвезди бројам ми се врти буквално сум burn out
А зошто монтето не го замениш со здрава верзија на пример пудинг од банана и авокадо со какао? Има време ќе јаде и монте Генерално сметам дека додека се мали и не разбираат до толку, стварно нема потреба да ги трупаме со преработени шеќери. После сами ќе бараат. Ова пак ќе кажам, е мое размислување и не сакам да ме сфатиш дека мислам дека си лоша мајка само зошто не се согласувам со давањето монте на дете под 2год. Ниту за мајката погоре што дава чоколадо. Не сме тука на натпревар дојдени, тука сме да размениме мислења и совети. А сите сме најдобри мајки на своите деца иако ниту една од нас не е совршен родител. Сите во нешто грешиме, некогаш свесно, некогаш несвесно, луѓе сме. Јас благото би го заменала со здрави варијанти, барем додека не почне самото дете да сака вистинско чоколадо или сладолед или било што такво. Толку има избор барем денес на десерти што не содржат бел шеќер, а се здрави и стварно благи. Пример здрави сникерс барови правиш и имаш за 2 недели десерт, а ако даваш поретко, и за цел месец. Здрави мафини, браунис, палачинки. Огромен е изборот.
Океј е Мила, те сфативме сите, како што кажа членката, доволно сме под притисок и осудувани како мајки. За чоколадо да коментираш 100 пати дека детето ќе трпи штета е too much. Не му давај на твоето и до 10год ако сакаш
Ама еве јас давам монте еднаш во три недели и тоа не го јаде цело... Ама не можам да глумам дека не видела ме сфаќаш што ми е поентата ? П.с дај рецепт за здравите сникерс ??
Aуууу, колкава расправа се развила за чоколадото и благото . Кога ќерка ми 7 месеци не ставаше скоро ништо во уста, во очај, сум давала буквално се. И чоколади, и кроасани и што уште не. Ништо не створа зависност, ете почна да јаде нормално, и ништо од тоа што сум давала ниту бара, ниту па јаде, ако и дадеш. А во денешно време, што е здраво а што штетно, е голем знак прашалник . Ниту овошје, ниту зеленчук е здраво, ниту пак месото што не му го знаеме потеклото е здраво. Порачував од бе-орг, овошје и зеленчук. Крушата што беше поголема од дуња и брокулата што месец дена да ја држиш во фрижидер е исто зелена, како вчера да си ја купила, .... е тие сигурно се поздрави од чоколадото.
Секогаш кога има несогласувања се сведува на тоа најмајка или немајка. Апсолутно нема потреба сите сме различни и имаме различен пристап кон родителството. Мене и на мм никој не може да ни каже и воопшто не допира до нас и не ни прави притисок општеството и фамилијата за како да си го гледаме Нашето дете. Сите ние кои кажавме зошто не даваме благо ни беше поставено прашање, одговоривме се крена револт како се правиме најмајки, мислам страшно безвеза. Јас си кажувам за моето дете и кажувам зошто сметам дека нема потреба од чоколади. Од друга страна не го разбирам мерењето на кантар ако ти сметаш дека е правилно твоето како воопшто имате чуство дека некој ви прави притисок? Толку непотребна фама се прави некогаш.
https://fitlife.com.mk/posni-snikers-barovi/ Еве, јас од кај Драгана фитлајф најмногу правам вакви рецепти ама ги прилагодувам за дете, сите јатки се сомелени на најситно. Чоколадо некогаш не ставам, некогаш користам со 70%какао. Во главно за нас ги правам овие благи, ако види кај што јадеме и побара ќе и дадам ама избегнувам да ѝ давам без да побара. За ужинка најчесто смути давам или има едни овошни детски барчиња во дм, тие ги давам. Инаку ќерка ми овошје не јаде освен во смути. Банана јадеше сега и неа не ја сака. Мандарина на пример ке стави во уста ќе ја гризне и ќе потече сок и ја плука. Кива, шумско овошје не сака ни до уста да ги доближи. Не престанувам да нудам и свежо, кога-тогаш ќе пројаде ама тоа не е причина да давам благо за замена на овошје за ужинка. Јаболко сака, ама ми е страв да ѝ давам парчиња иако џвака и сама јаде сѐ од 10 месеци. 6 заби има. Кога почнавте да давате парчиња свежо јаболко?
Баш сеа разлистав низ слики, ананас јадел на година, а потврди овошја околу 14-15 месеци. Мојот е стрвле и сака да грицка, па јатки грицкаше со предни заби, сега веќе лесно му е со тројките и четворките. Не знам со кој памет сум му давала кога ќе размислам подобро.
Јас ѝ давам се сама да јаде од 10 месеци нормално приготвено и исечено према возраста, уште кога имаше само 2 запчиња долу. Сега јаде пример и варен ѓеврек што е доста тврд, добро џвака, ама за јаболко и јатки умирам од страв. Јаболкото го сецкам на ситни коцкички само така го јаде. Рендано не го сака, на тенки парчиња исто. И тоа мора да сум до неа и јас да ѝ давам зошто ми е страв. Еднаш ја оставив сама да боцка со вилушката, кога фати 3 парченца во уста ги пикна, срце ми застана и само седев до неа и ја гледав, ама си ги изџвака.
Скроз те сфаќам, и јас сега да треба одново да почнам со исхрана не би имала храброст Ама тогаш еден оброк по друг, гледав дека знае да џвака и се опуштив. Ќе си почне полека да си јаде и ти ќе се опуштиш, мојов си јаде сам сега без проблем било што. Само лушпата не ја сака, му лупам и го оставам. Му застанала храна неколку пати во грло, само ќе го чукнам по грб ама и сам веќе знае да го плукне. Пазење треба секако, не дај боже.
Тие се. Јас кога зедов беше шише со розев прашок во млеко што се раствора. Кесички уште подобро, мора да се искористи месец дена од отварање.