Пробиотиков го давате за некоја потреба или нешто така превентивно? Прашувам бидејќи јас немам давано од бебе кога беше. Btw поздрав генерацијо
Здраво мајки Се извинувам ако прашањево не е за тука но би сакала да ми одговори некоја мајка од Скопје. Каде на приватно можам да одам кај некој специјалист педијатар за малата, нрка е и систина или ремедика, кратко полниме 2 години. Настинува на два три месеци со ратечен нос повеќе од 10 дена. Какви прегледи да барам ?
Мене ова ни звучи нормално особено за зимски период. Систина др Симонида ќе ве води и ќе ви каже што да напрајте во главно брисеви и кс и преглед, ако треба ете и алерго тестови.
Мајки кој д3 го давате на деца од една годинка? Ние имавме доза од 1600iu, поради зголемено потење и отворена фонтанела, па од понеделник до петок давам по 1капсула д3+омега,плус две капки солдевит, а викенд три солдевит и една д3+омега. Почнав на Хелтеид да давам мултивитамину, па таму во 1мл има и 400iu д3 витамин, па кога давам од нив намалувам од солдевитот.. Амаааа дури после месеци користење гледам пишува дека Солдевит е за деца над 3 години, а не знам зошто Вие како давате, од кои? Не знам Џејмисон да не беа поголеми и поисплатливи..
Јас давам солдевит и ортопедот и матичната ми го дозволиа. Дозирањето е најважнo. Солдевит имаш и капки и спрејче , знам во аптека првично ми дадоа од капки мислам ама ја им реков спреј од 1000, јас треба 1000иу да давам едно прскање рече ортопедот е таман. Плус во Молерсот има мала доза што го пие. И тука имам читано доста членки го даваат Солдевитот. Туку кажите пливит колку капки да давам , кај моите сум а Пливит имам тука солдевит заборавив , 1000иу треба дневно да внесува од д3. Шо цена се џејмисон сеа да не се намалени @forumce
Пред 2 м околу 800 мислам дека ги земав. Пливит д3 има 400ие во капка, подобро 3 капки дај А солдевит колку се?
Мајка, пливит д3 капките имаат 200 ие во капка. Сега баш проверив , ако за истите пливит зборуваме (што мислам дека се едни, зелена опаковка). Еве и слики:
Мајки, колку млеко и млечни производи им давате на малите дневно? Синче не пие млеко, пробав еднаш ад ми го фрли шишето и толку беше. "Цица" навечер за заспивање само, веќе неколку месеци, повеќе му е за гушкање тоа отколку дека нешто голта. Инаку вечерата е скоро секогаш со јогурт или кисело млеко, или малку сирење или кашкавал. И тоа е тоа. Малку ли е? Во разговор со други, само моево не пие млеко, деца од 2-3 години пијат и по литро на ден. Инаку, чоколадо или смоки давам понекогаш. Сега знае сам да си побара, па често преговараме Инаку, знае и во 4 да си стане наспан, па едвај некако да го презаспијам. Рано си легнува и рано станува. Заби не дава да му измијам, запечатува уста и крај. Не сака ментол пасти, веледа, елмекс сите ги пробавме и џабе. Мора да е некоја блага и овошна. Сите запчиња ги има сега, на 20 месеци излегоа 5ките.
Солдевит 450 - 460ден , 10мл се За солдевит ли кажуваш 300ден ? ти другите ги зимаш изгледа , и мене едни што ми дадоа беа така неекоа сума 250-300ден
Прашањево може не е за тука, ама мајки со поголемки деца имате повеќе искуство околу ова. Син ми прими минатата недела ММР вакцина, педијатарот рече да чекаме реакција, ако воопшто појави, после 7 дена. Денес е 7ми ден, супер е, нема реакција, а утре треба да тргнеме на пат. Педијатарот рече не е проблем, само чепчиња да сме носеле со нас, ама мене некако страв ми е. До кога може да појави реакција после таа вакцина? Малиот е 11+ месеци.
Во теорија до 21 ден може да има реакција. Во пракса околу 10ти ден реагира. Може и без реакција да биде, и тоа е чест случај
И кај ќерка ми на 9-10ден јави некоа мала температура , имаше само 3 дена промени во апетит намали малку и тоа беше се. Чепчиња , сируп носи си , лепенки за разладување и немаш мака , Среќен пат имајте , се ќе биде добро , може и да не јаве ништо не мисли на тоа
Бидејќи очињата и се лепат од дрлки матичната ни рече капки tobradex да пуштам и да промивам со камилица чај. Утрово кога ја видов неможе очиња да отвори срцето ме здоболе . Ни препиша и сируп tylol cold Настинати сме скоро недела со течење носе и поѕкашлување . Искуство со капките и сирупот?