Јас неколку пати имам користено Тобрекс. Тобрадекс немам користено. Не знам зошто на ќерка ми и се случуваше ова често. Прв пат и се залепија очињата на 1 месец. Ама од капките одма поминуваше. Камилица на очи не би ставала, а посебно не кога веќе се третираат со капките мислам нема потреба
Tobradex капките се со кортизон, подобро Тобрекс земи, тие се антибиотик само без кортизон, а истото дејство го имаат, ги имам ставано на малата пред 2 месеца кога беше настината и имаше зелени гурлички на едното окце и за 1 ден и помина. За носето многу често измивање со физиолошки раствор, јас ставав и солена вода и едно 10 дена ја држеше со жолто зелен секрет беше и се исчисти со тоа само што го пишав.
Еве не и ние закачивме нешто од градинка- рота та дааам Тука не вакцинираат за рота па така што бебе е без вакцина. Има некоја повишена темп до кај 38макс (за која ја не давам парац), не повраќа, а од сабајле само еднаш имаше проливче...претходните 3 дена по 3 пати. Е нема апетит и само цица. Што да очекувам, колку трае?
Мајки од што би можело да е ова кај бебе? Да напоменам имавме три дена тт,дали е можно да е реакција после неа?
Да, голема е веројатноста да е од висока тт, моето така се нафрли ама само еден ден траеше, другиот ден ништо
Да и кај нас ова беше пред некој месец, имаше ситен осип на грб и стомак но се повлече за 1 ден. Вирус е ке помине.
Мајки кога почнавте да ги ставате децата во обичен кревет да спијат? Мојата е 16 месеци спие сама во соба ама почна да ја префрла оградата и да си се симнува од креветчето сама…Уште не знае да заспие сама ја заспивам легната на мене со галење па ја префрлам во креветче. Ама вака како почна да ја префрла оградата од креветчето сама ми е страв да ја оставам и се мислам да ја ставам јогата на земја да не ја мислам…Инаку оградата од креветчето не се вади така да тоа не е опција..
Јас ги купив Ефералган и ми се покажаа многу ефикасни.Инаку не сите деца имаат реакција од ММР моето никаква реакција немаше за разлика од другите вакцини што после секоја вакцина креваше температура.
Од педијатарот го слушнав ова и не ми се веруваше.Од година можеш да му го скратиш млекото ако доволно јаде млечни производи.На година ипол престана, капка млеко нема пробано освен во пудинг, ама млечни производи ептен сака и искрено не се секирам крвната слика му е стакло, оди во градинка за 6 месеци 4 пати се на се се има разболено дај боже така да продолжи.
Ако јаде доволно млечни производи, не е проблем ако пие малку млеко. Мојава ај што пие ептен малку млеко дневно, кога оди во градинка ни 100мл не пие дневно, туку и млечни производи не сака баш. К млеко 2,3 лажички и толку, сирење воопшто не јаде, павлака исто малку јаде. Гриз или бискоти со млеко навечер ѝ давам, ама веќе не знам ни јас што друго со обично млеко да дадам