Не се вадат ни ногарките ни оградата Да се вадеше оградата лесно ќе беше а вака треба или душекот на земја да го ставам да спие (а ладно е на земја) или детско креветче. Ќе ровари и мојата ќе отвара фиоки ќе растура..ама тоа е не знам како поинаку. Единствено одма кога ќе се разбуди ноќе да ја презаспивам. Инаку имаме бебифон и така ја пратам кога се буди цело време откако спиеме во различни соби. И јас мислам дека барем до 2-2,5 години се мали за сами во кревет да спијат така и се препорачува.
Има креветчиња кои што се прилагодуваат и за бебе и за поголемо дете, да пробаш со нешто такво. Првично кога почнува да се прекачува, имаш опција да извадиш 3 решетки од оградата, за да може безбедно само да излегува и влегува, без да се повреди. После тоа кога ќе потпорасне, ги тргаш оградите, се заменуваат со такви странични даски и станува кревет за детенце, што може да се користи до 7 год некаде.
И јас тоа мислам. Кога беше болен почнавме да го ставаме и толку сега лоша навика. Воопшто не е нит убаво нит удобно. Ќе побарам баш нешто такво некако мора да го одучам. А многу се нервира во неговиот. Дење ќе заспие и се буди. Го ставам сам на спална и така презаспива повеќе. Дали е научен на спалната толку не знам што ќе се прави. Ама удира клоца, живи ненаспани сме
Mamicki so im davate na vasite deca za apetit? Imame 15 meseci dve nedeli nisto ne jadit samo smoki denje nojke,ne piet ni mleko
Нит мојот не пие млеко. Откако престана да цица, само на кисело млеко, јогурт, урда е, од млечните. Млеко купечко нема пробано. Му правевме анализа на калциум пред 4 месеци, супер му беше. Не се преоптоварувам да пие млеко, покрај толку богатин со калциум млечни продукти.
Да ама таквите ако се тие што мислам се по 30.000 тоа ми е прескапо па за неколку години пак да треба да купувам нов кревет… Подобро ќе земсм такво од Икеа на развлекување што се прави и за дете и за возрасен.
Ако мислиш на растечки кревет, тие како кружни што се извлекуваат, не е таков. Се работи за обично креветче, може да се најде сосема солиден за цена 100 - 150 евра, а можно е и Икеа да имаат. Ваков тип.
Не се толку скапи, моето упола од таа цена го зедовме, три решетки напред се вадат, дете си влегува-излегува слободно
Не јас се мислев да земам од тие од икеа што се на развлекување, 100 евра некаде креветчето и уште толку мислам е душекот исто се прави и тој во 3 димензии со додатоци. Од тодлер до возрасен ќе може да го користи. Јас мислев за тие кружните ми зборите тие ми се мн скапи не ми се исплаќа.
Мајки дали некоја од вас ја има подлогава и дали стварно не се лизга и не може да ја извади дете чинијата ? Размислувам да ја купам, зошто синко само ја преместува чинијата и штом се најаде знае и да ја фрли на под. :/
Чинијата се навртува на подлогата нема шанси да се извади , е сеа подлогата колку држи не знам не сум користела.
Мајки, дало имате користено трајно млеко на Пекабеско ,или пак имате слушнато нешто за него дали е ок?
Еве го како изгледа за тодлер (првата слика) и за возрасен. Има уште едно ниво на извлекување измеѓу. И душекот посебно се купува и така се прави на 3 дела. Го има во повеќе бои.А има и други модели вакви на развлекување ама поскапи се малку. Баш види на страната во children категорија.
Јас ја имам и зависи на што е ставено. На медијапан и мазни површини убаво се лепи подлогата. Кај мене на послужавникот од хранилката не се лепи убаво, ама во последно ја ставам на маса да јаде (хранилката доближана до масата), а врз масата имам стакло и убаво се лепи не се поместува.
До колку кг се чепчињата ефералган од 150мг? Порано кога ќе качеше тт детево ставав чепче и одма паѓаше, дејството му беше по 5-6-7часа, а сега му ставам чепче и ај што многу бавно симиња тт, дури му дејствува и по 3-4 часа само. 12,700 е тежок, а има 1год и 5месеца.