Не би знаела мајка да ти кажам, ама штом не ја спушта темп на подолго веројатно ке треба. Јас последен пат кога го носев синко педијатарот рече сируп повеќе мл да давам, јас давав според кг ама голем бил и треба повеќе, 7-10 мл а јас давав 5. Чепчиња исто давам 300, тие од 150 му се слаби. Има околу 12,5-13 кг и 2 г 8 м.
15мг на кило. Не мора да значи дека е до чепчето, можеби е бактериско или друга причина зошто брзо качува температура. Пробај и со сируп.
Вчера бевме на доктор, од забите е тт, сите четири тројки и горе и доле му се отечени, а само еден има пробиено. Грлото и градите се чисти нема ништо. Од кој сируп, блокмакс ли?
Јас блокмакс давам кога не помага Ефералган. Еве сме и ние со 40 температура, не знам од што е ама грлото му смрди многу. Чекам резултати, па да одиме на лекар
Со помин нека е. И моево исто, пред две недели исто со тт и грлото црвено, со инекции заврши, и од вчера пак исто.
Има некоја регресија во спиење на 16 месеци? Значи последнава 1 недела ептен со мака заспива, со крокодилски солзи. Ајде не во креветче, во раце не сака, на спалната салта прави 1 саат и и повеќе, во 8 и пол ја носам во спална тек во 10 заспива. Ми доаѓа преку глава ја ставам во креветче ја оставам малку да поплаче па да се умори и кога ќе ја кренам одма заспива.Претходно супер сама си заспиваше и спиеше во креветче. Кога доаѓа некој да ја чува пример баба ѝ, ако треба да ја заспие со неа во секунда заспива. Сега имам проблем и исто како кога беше 5 месеци, заспана ја ставам во креветче и одма се буди и вришти. Денес одвај пола саат ѝ беше дремката. Не знам што се случи што е ваква ама јас ќе полудам веќе.
На мали деца од година нагоре се дава 1 мала лажица дневно директно во уста или во нешто ако не сака директно да го конзумира.
Ај и тука да прашам..малата ќе прави 2 години...сакам да и земам баланс точак....ги гледам тие на киндеркрафт...дали се добри? Има еден за над 2 години мислам дека ќе и одговара..мислење некој??
Има регресија на 18м ама може и порано да биде. Кај моето исто беше на 17м со истите работи што ги кажуваш. Неколку дена и сосема ја отфрлаше дневната дремка. Период е, ќе помине
Знам дека има на 18м ама помислив да не има и некоја друга. Сега за неколку дена по апп пишува дека влегуваме во 10скок па може и од тоа е…
Да си прашам овде, бидејќи оваа тема ми изгледа повеќе посетена . Каков е калапот на рибок патиките? Ако адидас носи број 22, кој број рибок ќе и бидат точни?
Ако има кој да ви позајми, прво пробајте дали ќе го сака. Син ми е скоро 2.5г ич не го сака, џабе фрлени пари.
Ко ќе одиме во паркот трча по туѓи тротинети и точаци ама ми е срам да им речам да го проба..тротинет има и го сака и сега се мислам и за балансот...ај баш ќе позајмам од некој да проба само..фала
Баланс точак е за да се научи да вози обичен. Синко доби трицикли за роденден и се научи да ги вози уште лани. Се мислев да му земам ама ми се виде вишок, веќе возеше трицикал. Кога ке му се смали ке земам класично точаче со помошни и ке видам како ке го вози.