Девојки, се токмиме за роденден со тема Снежана и седумте џуџиња. Сте виделе ли куклички за на торта некаде? Да не ризикувам со нарачка од алиекспрес...
Мајки дајте некој совет за заспивањево очајна сум веќе. Значи по минимум 1 саат се заспиваме и ова веќе 3 недели трае. Претходно сама заспиваше во креветче кога еднаш преку ноќ рече вриштам во креветче и крај. Од тогаш ја заспивам до мене на спална. Ама толку мачно заспива, се врти, превртува по спална, не сака да ја допрам, има едно плишано мече го гушка со раце со нозе, се пика под перници, цело време како да се мачи да заспие. Рутина немаме сменато, преморена не е, не знам што е вака и колку ќе трае ова ама некогаш немам нерви и ја оставам во креветче малку да поплаче некоја минута и да се умори за да заспие. Со бабите заспива за 10 минути. Имаат и едната и другата дојдено тука да ја заспиваат навечер, како друго дете е со нив. Зошто вака?
Исто. 17 месеци е мојата, заспиваше за 10-15мкн макс, сега станува, оди кај вратата сака да излези, ако ја оставам во креветчето скока во него и се смее. Може да е нешто во врска со возраста дека и твоето е тука некаде. Нови вештини, зборови вака ми прави недела дена може и повеќе и секогаш ги кажува зборовите кои ги знае или ме плаши(р’жи) за да се насмеам и ако се насмеам толку е. Почнува и она и ништо од успивање. Вчера попуштив ја изнесов од соба во пижами во количка и заспа шетајќи низ маало па само ја префрлив. Ама тука заладува па се надевам фаза и е ова. совет немам само утеха
Нас блесавите периоди ни се почести од неблесавите откако е родена Не, сериозно. Толку труд вложив да ја научам во креветче сама да заспива и таман се научи, почна да се случува ова. Не ми е јасно како со бабите заспива одма а со мене се мачи по 1 саат. Абе главата на перница, мечето го гушка и заспана е за 5-10 мин. @Katerina94 да исто, 16 и пол месеци е мојата.
И мојата со мајка ми заспива за 10 мин. Јас по 2 саата не можам. Еве заспа,ја ставив во креветче во 22ч.Пред 5 мин.станува спремна за игра во спална.
Здраво Супата на подравка од петел можам да ја дадам на син ми 18м? Знам дека можам сама да му напраам ама ниту ме бидува, ниту имам време да се свртам дома. Или предложете некоја ако има што сте давале.
Јас му давам, само она концентратот (грутката) ја кршам и пола ставам да не му биде многу солена. Инаку, уште повкусна супа можеш да направиш. Исецкај ситно морков, пашканат и брокула прво тие да се сварат. На тивко и покриено ги варам за вкусот да остане. Кога се готови додај фиде, коцка супа и има по маркетите зачин за супа. Преубава ми е вака. Спојлер: Зачин
Мајки мрп тие што имагжте ставеено... Какви реакци да очекувам.. Некако ми ее страв нз.. Деновове треба даа го носаам.. 22 месеци сме..
Мајки што мислите подобро да се купи стандард хранилка или она бустер хранилка што сестава на столица?