Како модел изгледаат удобно, исти се како најк стар ранер и револушн. За најк ти гарантирам дека и двата модела се топ. Само можам да ти кажам кои се најевтини да ги земеш, за неколкку месеци ке ти требаат нови. Јас на 3 менував првата година.
Третите ги имавме одлични се. Првите се слични. Всушност сите три модели се топ. Ние откако прооде цело време купуваме моделчиња адидас.
Првите патики Најк стар ранер 2 и беа. Ги ‘изнаносе’ првин со подебели чорапи па со потенки уште ги зема сака да ги носи ама толку веќе не не собитаат, 21 бројче се. Многу сум задоволна од нив и уште се како нови, сега братучедка и ќе ги наследи. Вака онлајн што гледав за девојче повеќе око ми фаќаа на адидас, а и од брат и навикнати сме на нив. А и реално вака поефтини доаѓаат, плус што викаш за есен зима други ќе треба да се зимаат. @Sofi.ja најверојатно третите ќе ги нарачам, најнежни ми се некако Се надевам бројчето ќе го погодам да не треба да менувам после, 22ка ќе земам, од брат и што носи адидас добри и се, влошката ја мерев 14.5цм е. Фала ви девојки на сите
Женски, се служите ли со некоја финта што успева за да ги соберете децата од надвор? Моето дете е во фаза не сакам дома, ќе паѓа по земја од што е уморен ама не сака дома, плаче,урла се треска во количка, дома одвај успевам да го смирам со млеко. Сум пробала надвор да носам млеко не помага. Искрено многу ми е напорно секое прибирање да е вакво. Некој совет да споделите што може да ми помогне.
Јас му ги зборувам омилените играчки и не му кажувам ќе одиме дома Пр: ајде ке се возиме ли со количката да, ајде да видиме кај ти се колите кај е автобусот ќе си играме ли со зајачето да ја пуштаме машината и од врата трча право кај играчките
Мајки малата ми е 13 месеци еве веќе неколку дена не сака да проба млеко а си пиеше супер а јогурт,кисело млеко обожава дали ако и давам тоа може да го замени млекото?
18 месеци е малото пред 2 недели како песна го одбив од доење голем гурман е преку ден нон стоп јаде. Пред спиење обвезно ќе го навечерам топ, значи тост јаде цел со чаша кефир, јогурт и ете пак во 4/5 саат сабајле ми се буди гладен бара да јаде, ам ам само вика и нема шанси да го презаспијам. Млеко за жив глава неке да пие. Што да правам да спие барем до 6?
Доколку внесува млечни производи млеко над година не му треба, ова од доктор ми е кажано.И моето не пие ич од година ипол
Ако откриеш кажи и млеко сабајле во 5 му давам за жива глава не презаспива Без разлика дали ќе легне во 6ипол, 7ипол или покасно он станува во 5и15 точно Мислев саатот кога ќе се смени ќе почне до 6 да спие ама не...
Ќе пробам ама проблем е што не сака ни во количка да влезе, а во случај да влезе кога ќе види дека сме пред влез од зграда урла.
Исто и мојата млеко не сакаше, а стануваше гладна на сред ноќ. Ова траеше неколку месеци, а сама се одби од цицање на 18м. Мене ме спасија само кашите на истиснување. Секогаш имав до мене, некогаш една некогаш две пиеше и веднаш заспиваше.
Не знаев кај да пишам па ај овде. Значи систина ептен забегаа со цениве. Од 2600 сега на 3300 им се прегледите. Ај некои прегледи се комплексни ама диши диши и грло Е сеа...прашањето ми е да не има некоја да плаќа приватно здравствено,колку реално се исплати да се плаќа? Сфатив ипак дека џабе матичен, џабе дежурна клиника кога пак во систина решение си барам
Полека смирено го земам во раце, му зборувам што ќе правиме дома (пример му кажувам што ќе јаде, или ќе го прашам што сака да јаде, или со што ќе си игра...), или тоа ако не упали дистракција во моментот, нешто ќе му покажам што може да му привлече внимание и ќе го ставам во количка и полека си одиме... Важно е да останеш смирена, но да бидеш решителна дека треба да си одите, без многу убедување.
Зошто џабе матичен Милки? Најди добар носи со време дете, нема да имаш потреба од Систина, освен за болнички работи не дај боже.
После сама се одвикна? Неќам навики да му стварам за јадење сакам да сфати дека ноќта е за спиење ама кога за храна моли дете...
Ели божем кај најдобриот го носам и цело време грешки ми прават завршувам на дежурни или специјалисти што ме оправаат со терапија. Препорачај ми некој, мада мислам и ти си кај истиот. Нас не ни се погоди некако, а бев презадоволна како работат