Од кога почнавте перница на малите да им ставате? Мојата е 14 месеци до сега не сум и ставила. Ако ни е време може и предлог за перница. Тенкс мамас
На 14 месеци почнуваат тантруми или што е ова чудо ? Не смеам НЕ да и кажам, или ако големата не и даде тоа што она го држи во раце легнува на под или надвор во двор, го гризе тепихот,играчкитд, дури и главата од вратничките на кујната проба да си ја удри Или па само инаетливо козле ми е бебево
За жал да почнуваат. Кај моето уште во текот на осмиот скок околу роденденот имаше по некоја епизода на тантрум, а сега на 16 месеци скоро секој ден се треска од земја, се лути ако нешто не му дадам или дозволам.
Исто…мислам дека се блиску нашите…вриштење,пиштење, трескање од земја, пред некој ден главата ја маваше од кујната зошто не можеше да ја отвори фиоката
Леле лошо штом уште сега почнаа јас не и дадов цигарите да ги крши и џвака и се тресна од земја Офоооф слатки маки..
Моево да ти кажам и мава…шлаканици мене, на татко му, на бабите, боксови, мава со нозе, вришти, плачи ако не е по негово, паѓа на земја, се качува по мебел, гризи што ќе најде пред него…пробуваме и со убаво и да го искараме во стил не мама така ајде гали мама и тој пак плас шамарот
Немора да пишам и ја , ви сте напишале се , ја само ќе ви се приклучам Исто баш се и моево 14м , без плачки и без тегнење неможам дома да го внесам , па ако нешто му се земе ауу Што ќе беше овоа уште сега вакви испади Ќе науме нешто и мора да го истера ако не одма плачки со солзи или легнување на земја и не ме ни гледа
Малку да се насмееме, кај моите има едно стаклено шише од роса, во кое ја чуваат ракијата што ја пие татко ми за ручек со салатиче..епа тоа од тоа шише капачето е омиленото капаче на син ми за глодање…одам пред некој ден да го земам, си глода ли си глода (го пазат значи до него се, неможе ни да го отвори да не ми се нафрлат одма мајки дека давам шише со ракија на дете) ама му велам ајде сине оставај шишето мора да си одиме…пробавме да му го тргниме неколку пати, кога фати да вришти, да се дрецка по шишето, абре никако не даваше да му го тргнам од раце…ронеше крокодилски солзи…не знаев дали да плачам или да се смеам
Мојата денеска во двор се утепа од плачење по метла ,ред солзи ред мрсули..,на крај и дадов една мала пластична,значи секундарно престана да плаче.
Мајки по колку време дневно им давате да гледаат телевизија и што најчесто гледаат? Исто ме интересира дали некој има проблем со кариес, ние веќе имаме на повеќе заби.
Е супер,ме утешивте дека е период значи Чудно не се нервирам вака кога има испади, што ти значи искуство,еј
Мајки има некој период на separation anxiety околу 17-18 месеци? Малава стана буквално лепенка за мене периодов. Сама јаде ама јас да седам до неа. Ако седне татко ѝ тоа е трескање до крокодилски солзи. Исто и сака да спие до мене и кога ќе се разбуди јас да ја земам, ако ја земе татко ѝ плаче и ме бара. Ако ја оставам на чување по баби не прави проблем супер си седи со нив ама кога ќе дојде дома само околу мене сака да е. Ручек не можам да направам ако не ја седнам на работната маса во кујна и да ја ‘вклучам’ во сѐ што правам, а не секогаш имам време за тоа. Ако ја спуштам долу вреска. До сега не сме имале ваков проблем.
Мислам дека не ти е тоа, ако е анксиозна нема да седи ни со бабите без тебе. Син ми е на пример многу по плачлив со мене, со татко му е поинаков. Можеби и кај вас е истото. Е сега не бара да седи до мене, нејзе може повеќе и е интересно што седи на работна маса. Па затоа плаче ако ја спуштиш. Она со бабите не плаче ама со татко и да чудно стварно, а секој ден претпоставувам го гледа... можеби треба да ги оставаш повеќе да се чуваат сами. Мое мислење. Ние кога е настинат се менуваме, он е навикнат и со двајцата сам да седи...
ТВ цел ден е уклучен дали песни или цртани, ама не седи цело време пред тв, си трча, си игра повеќе, ама кога имам работа го седнувам во хранилката, му ставам смоки или бисквити и зависи колку имам работа околу пола саат-саат си седи си гледа. Најчесто Биби и Боби, или Маша и Медо гледа.
Седи и со татко ѝ ама да не ме види ако излегувам или да одам некаде. Исто и кога ја оставаме на чување додека ја оставиме плаче после се смирува си седи. Не беше ваква, како влезе во 10 скок стана поприврзана за мене. Ако сум тука и јас е проблемот, постојано е по мене
Која е возраста на детето? Мојата е 17м и тв давам да гледа најмногу до 1 саат вкупно во денот. Ако сме цел ден дома и повеќе некогаш, најчесто кога имам работа да седи мирна. Биби и Боби гледа и Дарко Биберко.