Мислам дека е нормално. Сите деца се такви кога е мајката тука. И ако сте цел ден заедно претпоставувам не оди во градинка нормално е. Син ми од кога тргна во градинка асално приметувам дека е многу посамостоен се заигрува сам и надвор кога сме бара со деца да игра.
Ве молам за предлог за затнато носе и кашлица. Се пробавме, и со парење (моментално му е подобро), спрејот од диво оригано, чаеви...има шлајм, но не му е спуштен на плуќа. Не знае да го исфрли, 16м. е. Веќе една недела помина и само се влошува. Педијатарот вика чим не е на плуќа нема што да се прави. Некој совет/препорака за да му олеснам.
Моево е цело затнато и поткашлува во спиење, вчера дури и тт имаше. Ни кажаа изнесување надвор на свеж воздух, многу течности за да се смирела кашлицата и евентуално капки во носето пред спиење, ако има потреба. Друго ништо.
Септаназал земи си спреј за над 2г или Оперил П исто за 2г. Од септаназал сум позадоволна одма ќе го пушти ич не го мачи. Прво ставаш солен раствор после 3м влечеш со аспиратор (носко најдобро) па прскаш септаназал сабајле и пред спиење.
Само една недела како кашла? Ништо не е тоа, кај нас и до 1 месец се дешава да кашла и да постепено ден за ден престанува. Ако е чисто се, а само кашла со шлајм тогаш треба време и само по себе минува. Внесувај повеќе течности да пие, било што, давај постојано по цел ден, вода, чаеви ако пие, ако цица почесто нека цица, за да се разводни шлајмот и побргу да го исфрли. Тука неможеш ништо да направиш, јас сум пробала и со сирупи природни против кашлање ама не сум видела нешто подобро и така и онака ќе кашла додека не ги исфрли шлајмовите и лека полека ќе ги снемува и ќе мине. Ако има и секрет во носе почесто чистење на носето, јас со шприц со физиолошки чистам носе, само така излегува се од внатре, никакви спрејови не помагаат во тоа, додека не научи само да дува носе. Тоа е. Ќе мине. Само трпение и време треба.
До само пред 6 месеци поголемата ќерка ми го приредуваше истото,кратко траеше мирот Ене кај се уште 2 години
@Madrugada Гледа тв и тоа беше нешто што ми помагаше да фатам нешто по дома да посредам, сега почна веќе да и се здосадува ќе погледа 5-10 мин и толку. Моево е 2 год и 6 месеци и е бетер немирна од последните месеци кога пишував овде , среќа почнав на работа па некој саат сум раат на работа додека сум. Скока, се капува по маси и стои , влегува во вц ја пуштам со мене зошто сама сум и ми е страв да не падне од некаде и беља да направи па се обидува во кадата да влезе Спомна @Lovebug01 за плачење, не правеше така ама сега од скоро плаче кога ќе ја оставам кај свекрва ми било дали да одам на работа или да се симнам дома. Сега од мај почнува со градинка па кој знае како ли ќе биде
Мајки 15 месеци сме од сега не сме користеле перница за спиење,а во последно време гледам малата така кога ја заспивам до мене ја влече мојата перница или една така мала сака да си го стави главчето на перница,прашањето ми е дали да и земам некоја и предлог каква треба да биде? Или уште е рано за перница? Вака поискусни мајки да ме советуваат
Не и за возрасни е ама има три слоја кои може да ги комбинираш, само еден, два или сите заедно затоа е добра за деца.
Ја разгледав сега на нет,ми фаќа око,вака практична изгледа,ако малата не ја бендиса,јас ќе си ја користам секако
Сигурно ќе ја бендиса. На син ми секакви му купив тој пак мојата ја тргаше (дормео трислојна) и исто како мила купив и му тргнав еден слој па спие на неа ден денеска.
И син ми почна да бара перница. Нејќеше во неговиот кревет да заспие се кај мене на мојата. И му купив најобична перница со тоа што ја подиспразнив да не биде прекрената. Баш тој период негде пд 14м почна да ја користи. Еве веќе 4-5м е со перница
Мајкидали некој ја имаа оваа лизгалка.. Ако не тие што имате каква имате.. Пратете ми и слика чисто да видам должината....
Здраво мајки Јас се извинувам ако прашањево не е за тука но во моментов неможам да најдам друга тема. Малово е точно 2 годинки . Пред некој ден забележав како почнува да трепка почесто со очите. Незнам од шро може да прави така. Ја прашувам дали ја боли но незнае да каже... ме загрижува многу