Јаде со телефон или тв со цртани Но не е од блиску. Седи во хранилка на одалеченост... Никако веќе нема да и даваме да гледа
Да не и се сушат очињата па затоа да трепка, или алергија, исто проблеми со видот може да биде особено ако се приближува до предметите или тв за да гледа, ќе ориметиш и како да мижи кога гледа нешто ако е проблем со видот. А може и ништо да не е така да е период само.
И моето почна така да трепка а цртани гледа 15 минути максимум во денот, педијатарот ми кажа дека е од нечисти раце што се фаќа насекаде па и на очите.Прво му ги миев очите со камилица па му ставав 3 пати на ден по 2 капки и обавезно 2 до 3 пати на ден дезинфекција на раце и му помина за 2 дена
Тоа се капки за очи со антибиотик и кортико не се даваат туку така. Нека го однесе членката детето на лекар.
Мајки испуштена доза на антибиотик како ја давате(ми се истури па изгубив време додека да купам нов). Овој на 12саати се дава. Требаше сабајлето во 10 и вечер во 22-часот, ако дадам сега да рачунам наредно после 12саати?
Мајки малата е година и пол, збори супер за нејзина возраст, имитира, покажува, сѐ разбира, сака дечиња си игра со нив, комуникативна е и сѐ тоа, ама во последно време почна да ги вкрстува показалецот и средниот прст на двете рачиња (баш crossing fingers како ова човечево ) и тоа малку ме загрижува. Обично го прави тоа кога не прави ништо или кога е тажна, како некоја навика лоша ѝ е. Се изначитав свашта на интернет и дека е еден од знаците на аутизам и се извадив од памет. МРП немаме ставено. Има некој слично искуство?
Да не е нешто од песничка или слично видено, не мора да е истото него таа да пробува да имитира нешто слично? не читај, ќе паничиш за џабе штом е супер со се друго за нејзина возраст. Каква врска има мрп со ова инаку? Мислам дека не мора ни да е видено од некаде, едноставно си го прави тоа.
Па штознам мрп ја порзуваат до аутизам затоа. Не е видено од некаде не ми се верува, и никој не ѝ покажувал да прави така. Од скоро почна да го прави по повеќе пати во денот и така си стои со прстињата. Прво не обрнував внимание после изгуглав и се мрднав. Кога ќе ја забележам ја анимирам со друго, ќе ѝ дадам играчка или ќе ја заиграм нешто, тогаш не прави. Се надевам дека само некој период ѝ е
I kaj mene ednoto bliznace taka gi pravi prstinjata od vreme na vreme,ne sam na nisto pomislila zasto taka gi pravi a MRP ja stavivme pred edna nedela a inace 16 meseci sme
Мојата го прави тоа. Не сум помислила искрено да читам, не помислив ништо околу тоа. Ама пред 4 дена бевме на 18month old development and behaviour check up(не живеам во мк) со педијатар што специјализира баш за раст, развој, се занимава плус со деца со аутизам, даунов итн. Прегледува во канцеларија каде има мала масичка со актвности за детето и го прати што прави, се погоди малата баш пред да се опушти и да се заигра, да ги прави така прстите. Ништо не коментираше на тоа докторот. Само ме праша колку зборови има од прилика, дали игра pretend play, да се прави да збори на телефон, да дава млеко на кукли, да ги успива и слично, дали кога црта тоа се линии или кругови, дали посочува со прст кон работи што ги сака или што покажува нешто, дали трча, дали се наведнува од стоечка позиција да земе нешто од земјата. Дали користи прибор кога јаде или бар да пробува. Ова се беше океј кај нас. Го кажувам, може ќе е на помош за некој. Многу детален преглед, зборот ми е, немаше коментар за прстите. Рече дека е одлична за нејзина возраст со оглед на тоа што слуша 2 јазика. Инаку има околу 25 зборови што ги кажува со значење. мислам дека немаш причина за грижа
Ме заинтересира, какво значење има ако црта линии, а какво кругови? Или не значи ништо? Моево кругови црта.
Не е задолжителен, јас сум паничар се истегнав $350 у пм ама рече и докторот сум можела да зборувам за ова во иднина со maternal child health nurse и они биле за ова искусни. Ако има нешто слично кај нас вакви сестри
Од толку прашања што ми постави не го прашав зошто за ова, а баш во колата си помислив на тоа и зошто не прашав ама стварно пола саат ме прашуваше што и како прави. Ако нешто ти значи и мојата кругови црта, докторот само запиша и рече океј гуд.
И мојот линии повлекува. Што има врска сега пак тоа со кругови или линии? сега работа ми отворивте Инаку за прстињата, и моево ги прекрстуваше баш на година и пол. Тогаш правеше и други нешта, што ме загрижуваа, па му поминаа, период му беше. Мислам дека како што се запознаваат, така учат самите и така и со прстињата им доаѓа спонтано. И јас се туфкав што би значело, ама сега на 2 години поретко прави така. Сака и моево деца, се радува кога ги гледа, ги имитира, нас дома нѐ имитира, сам јаде, покажува, сега почна и да нѐ бакнува, да нѐ гушка, станува сѐ посвесен и за емоции искажување и за околина, а и говорот почна да му се ослободува. Така што, штом има контакт, за прстите не се грижи. А сега јас ќе се подумам за линииве...
Гушка и бакнува мојава нон стоп. На сите им праќа пољубац. Деца гушка и бацува.Знае да покаже како прави кога е тажна, како се смее кога е среќна. Игра со кукли ги храни, ги успива, ги нишка во количка играчка. Немам и јас некои особени грижи ама се плашам да не почне да уназадува или да се губат некои работи што веќе ги стекнала и совладала. Многу читам треба да престанам