Период е ќе помине... Кај мене па палецот и прстето до малото прстеги допираше и брзо така правеше тап тап ипомина забправи.. Периоди се ке поминат
A што се "точнните" одговори на прашањата што ги поставил? Пример, колку зборови треба да кажува? Да успива кукли, да им дава млеко и слично, pretend play, моето појма нема од тие работи ...
И мене ми е тоа стравот, да не се уназади во некој период. Само во природа, контакт близок со трева, чист воздух колку се може, поздрава храна, вежбање прсти и тоа. До кога ќе ја одложувате мрп?
Па сакав сега да ја ставам ама беше скоро настината па почна ова со прстиве да го прави и се замислив. Ќе почекам уште некое време инаку е 17 месеци.
За зборување еве моето е 18месеци,мислам само вришти од што не зборува. Мама,баба,тато и негови кинески зборови апсолутно ништо друго....бла бла бла... Интонација знае да погоди да звучи изненаден,уплашен... Имитацијата му е добра,сака да пее на негов јазик тоа е се. Се заигрува , збори на фиксен телефон и домофон обавезно. Мене па од памет ме вади кога ке почне да се радува или да се нервира што мафта со раце ... Исто како @Lovebug01 читав глупости и баталив на крај.... Јас многу често го споредувам со големото и тука грешам. Само се нервирам зошто едното зборуваше на 18 месеци а ова два збора не знае да сврзи... И во однос на хранење не е така снаодлив со проборот и на крај продолжува да јаде со раце. И давајте совет со тантруми. Јас ако ми е второ до сега немам искуство со вакво однесување,ако му се земе нешто,ако не можам да разберам што сака,ако му е досадно ја пушта сирената на најјако,урла од вриштење и се мава со главата во се што му е во негова близина. Дури и ако го гушнам брат му настанува ваква сцена. Пробав и да игнорирам,и да гушкам,и да го земам во раце и да го шетам... Додека не реши сам да престане не престанува .
И ќерка ми прави crossing fingers со показалец и среден прст...јас пак за ова не помислив на нешто вознемирувачко.како што знам. 22 месеци е , за мрп се уште не размислувам . Збори по нешто . Околу 15 збора касно ги изговара. Другото се труди да збори но нејаснотии се .
Да не е периодот таков со тантрумите? Мојава во 10 скок е, уште малку има и на почетокот од скокот секој ден имаше по 627289 тантруми за глупости. Што викаш ќе ѝ земев нешто и се дрецкаше дури се научи и да тепа а рака не сме ставиле на нејзе. Сега тек е малку као потсмирена..
Колку време прави така? Јас веќе нешто повеќе од 2 недели како имам приметено. Кога ќе приметам гледам да ѝ задржам внимание со нешто друго.
Тој ме прашуваше многу прашања и си запишуваше во компјутер, после ја следеше што прави на масата. Пример во нормална граница дете од 18 месеци има од 5-25 зборови според него. Ама рече ако твоето кажува 2 збора ама прави скоро се друго во проценката, не би имало простор за грижа. Проценката е направена врз основа на многу повеќе прашања кои не ги ни памтам за да ги напишам. Имаше прашања и дали се врти на име, дали си го знае името и слично. Плус следење на активностите во собата. Целиот процес беше 1 час. Нема одреден број точни одговори па да се одреди дека детето заостанува или не. И пред да почне да прашува кажа дека не значи ако не ги прави сите работи дека има проблем/заостанување. Дека тоа е начин на проценка и дека ќе ме прашува одредени работи и ќе ја следи неа. не значи дека ако твоето не прави претенд плеј дека нешто не е ок јас отидов дека бев загрижена што слуша два јазика и како да постапувам дома. Сите зборови и се на англиски, мак разбира, извршува команди ама само “дај” знае од македонски
На 2 пати ја имам забележано , и тоа додека си игра ,трчка...ги склопи и испушти прстињата. Искрено , не сум се загрижила за тоа. Детето си е активно , си игра со дечиња на нејзина возраст, во парк во игротеки , сè разбира што и зборуваме и го извршува . "Донеси го даљинското ," земи си ги коцките, " . И викам сврти се еднаш , се врти .Веќе сама јади , колку ќе изеди толку , важно сама држи лажиче . Чкрта со боички,пенкала,креони .се обидува да се чешла . Реде фигури ○□...ги лула куклите во прегратки , така убаво нè бацува... Е во последно време протестира. Не сака дома плачи вришти"папа папа" па ајде со убаво збориме ...и кога како се спогодуваме. Од чешмата неможиме да ја одвоиме.Ако се запни за нешто , треба време за разубедување ... Како се справувате со такви протести инаетења ..
Мајки, читајќи ве, сфаќам уште еднаш дека непотребно си измислуваме дијагнози. И јас сум иста. Одма одам да пребарувам на нет и си тупам главата со денови, потоа гледам дека само период било. Прстињата и ќере така ги вкрстува кога е замислена или гледа тв, јас искрено за тоа не сум се засекирала. Таа пак, многу зборува на нејзин јазик (да не речам Кинески ) Абе ќе рече еден, два збора што се разбира и другото е по нејзино, а муабетот и трае со минути, дури со раце и глава покажува Кавгаџика ќе биде, абе женско Е сега, дали е за загрижување што уште не знае убаво да зборува, не знам. Има 19м. Тантруми се вклучени на најјако. Од заби и излегуваат 4ки Млеко и таа не сака да пие никакво, затоа уште давам цице на сабајле и на вечер пред заспивање.
За загрижените околу зборувањето... Само ќе пишам дека бев една од нив, во градинка девојчињата реченици кажуваат, машките меѓу кои и моево десетина зборови. Не бев загрижена околу развојот, го следам и супер е (ме мрзи за пишувам што прави). Само сакав да кажам дека еве го нагло се пушти да збори, значи преку ноќ. И мене не ми се веруваше кога слушав вакви искуства ама еве го. Кажува зборчиња што не памтам дека ги имам изговорено, реченици се уште не сврзува освен кратки со две зборчиња 'Мама дојди', 'Ајде чао' итн. Ќе се опуштат, не се секирајте.
Колкаво беше твоето синче? Син ми веднаш на цели реченици се пушти. Од незборење, се на се дали имаше 30 збора, веднаш почна да везе реченици сложени, ама со некое малку поголемо задоцнување, на 31-32 месеци, 2 г и 7-8 месеци.
Извини генерацијо што после сто години ти враќам, бог да чува сум Кандида во изметот имаше, затоа давам пробиотик.
Малце јеееее, малце шмрц Прееска го гњавам во кола и ме трга, врти глава, си викам ееее почна ова бегањето, полека дечко ми станува
Мајки, мојата ќерка ен16месеци, досега се ми делуваше ок во нејзиното однесување, збора на нејзин јазик, се бакнува и гушка само со мене, со други деца сака да игра, со постари се гиба ги кара на нејзин јаџик нешто, но од вчера ја забележав оди ба прсти нешто не нон стоп на периоди, што да правам се вознемирив, ви се случило период е или ?
Син ми тука е негде 18м Исто така последниов период ама гледам се глупира се смее и оди на прсти. Лично не се вознемирив ,мислам дека е игра или видел некого нешто или едноставно си истражуваат се што можат да прават.
Читав негде за одењето на прсти, од ортопед објаснато, нормално е и пожелно, за добар развој на стапалото. И ќерка ми некогаш знае да направи неколку чекори на прсти. 17 месеци е