@Milkiway i @Lovebug01 фала ви се надевам е минливо и е период само, јас само ја следам константно и веднаш кревам паника дека нешто не е во ред
Мојата е 15 месеци, исто во последен период пробува да оди на прсти. Се им е игра и нови работи си учат.
Одењето на прсти е дел од правилната фаза на развојот на стапалото. Пожелно е, не треба да изостане тоа како фаза. Ортопедот требало да ви каже.
Ве молам за совет зашто веќе незнам чаре кај да барам .... Малата е годинка и 4 месеци , како наполни 10 месеци почна да и се лоши и да повраќа во кола , значи од моментот на тргање со возило ( пробавме во различни возила ) макар и 2 км да е вожњата добива нагони и повраќа додека не застанеме . Педијатарот рече драмина и слични такви се со антихистамин и успиваат па за кратки релации неможе да ги зима , пробавме со антиметил ништо не помогна , не беше добра минатата недела и моравме подлго да се возиме на неколку пати во 48 саата ништо не задржа во неа и гладна ја носам и повторно нагони има и лошо и е . Пробаве седиште едно , друго трето , свртено регуларно , свртено наопаку , на предно седиште на задно , во раце да ја држам ни тоа не менува ништо и амортизери нови ставивме ама џабе .... Некоја од Вас да не имала искуство слично , некој доктор да барам за совет да ми предложите или нешто би можела да пие за да и се олесни ситуацијава... Секој совет е добредојден
Јас сум иста, 5мин во кола и ми се лоши. Позади ако седам и гледам наведната во тел толку одма мигрена ме фаќа. Автобуси на долги релации не доаѓаат во обзир. Лекарства сум пробала џабе. Е сега што ми помогна лично: Само седам исклучиво напред верувам не ви е опција од помош, но ете за понатака. Мириси за кола, парфеми дезодоранси, било каква храна макар сендвичи, соленки, малку да помирисам во вожња мене ми е прелошо. Ништо во кола не ставаме. Пред пат секогаш добро луфтирам по 15 20 минути. Да влезам во излуфтирана кола ,прозор колку што може подолго отворен и пијам кисела вода или спрајт... Јадена никогаш нити па по пат јадам, обично јадам 3ч пред тргнување баш гладна да тргнам. Седам секогаш исправена да гледам во патот... И може звучи глупо, (ама плацебо ефект валда) многу ми помогна една жена ми кажа кога ти е лошо да земеш предмет да држиш во десна рака во тупаница. Било што пр кармин држам и не ми се лоши Не верувам да многу нешто ти помогнав не знам дали кај неа ова ќе функционира бидејќи е мала, ама се надевам ќе најдете решение.
Пробајте со Наусолвит капки. Може да помогнат. Има и лижавчиња за деца по аптеките со намена против лошење при патување.
И мојата ќерка повраќа кога се вози во кола..и на пократки и на подолги релации..јас и давам наусовит џуниор капки пола саат пред возење..лижалчињата се мислам за после 3 години.
Да ти кажам право немам видено состав...немам заприметено дали ја успеваат ..досега два пати ги користев бидејќи едно време ги немаше.
Малово, 12 месеци, цел ден спие, а бидејќи е ептен неспијач, многу ми е чудно. Синоќа ја прсапа цела ноќ, со 1 будење, тоа никогаш не се случило. Стана во 7, во 10.15 пак заспа, сам, исто никогаш не се случило. Спиеше дури до 14.30, сега пак сака да заспие. Нормално има една дремка само, а прозорец на будност е околу 4 часа. Нема температура, си јаде нормално, многу е некако мирен, сака да се гушка цел ден и не сака со ништо да си игра. Нормално е вакво однесување?
Па се има случено и кај мојов ако сме подолго на сонце, може е уморен, а може и нешто да фатил и да малаксува
Како што пишале погоре, одење на прсти е пожелно, добро е сами што почнуваат. Мене ортопедот дури ми кажуваше и да го лажам со играчки да ги дофаќа за на прсти да се крева да го стимулирам. Среќа почна сам.
Мамички се надевам дека некоја од вас ќе ми сподели исто искуство да се смирам малку. Бебе е 11 м. и од пред 1 месец почна страшно сува надразнувачка кашлица. Не извади од памет една вечер, без престан откорна гради. Таман се смири неколку дена почна пак. Еве од ноќеска пак кашлица иритирачка а носе чисто и тогаш и сега, без секрет за да се слева нешто. Што е мојата претпоставка?! Вади заби!! Можно ли е да ова биде пропратено со таква кашлица што детето не може ништо да го смири. Сега кога ќе поврзам од пред еден месец ги извади горните двојки па се смири малку и тргнаа долните. Тогаш крвна слика се во ред, вториот пат имаше бактерија но и покрај антибиотикот не престана да кашла. Прашањето ми е дали сте имале искуство со вадење на заби со силна кашлица и како сте му помогнале на малечкото. Ви благодарам однапред!
Мене ми личи на алергија... и ја така кашлам од полен моментално. Од заби може да се закашлува еднино од лигите ...
Син ми е многу разбеснат. Јас сфаќам дека не разбира мал е 18м ама луѓе намерно толку да се правело. Пробав и со убаво и со дерење џабе. Упорно тоа да се одело во телевизор да мава со се и свашта, сталажи да превртува. Не за друго ќе му падне врз глава. Па не можан 24/7 ко споменик над него да висам. Дајте чаре и му заградив да не оди се прекачува. И го остајв го игнорирав уште толку.. Ме гледа ми се смее и ја прај бељата за да го карам. Чека да му кажам НЕ и се смее... што ќе беше ова стварно. Ако нешто не е како треба почнува траскањето.
2 до 3 тврдо варени жолчки неделно дали давате месо истиот ден кога давате и жолчка? и дали е можно блага температура до 37.5 од потпарено газе и пеленска регија, но не е со рани, туку јако црвенило и болно на допир и очигледно кога мочка? не е инфкеција уринарна...
Ке помине. И синко имаше таков период. Ама не се дери не викај. Само збори збори збори. Налути се малку. Ке разбере. Син ми сега прашува дали може или не може да прави нешто. Една година не престанав да зборам и еве има ефекти.