Ме нервира што намерно го прави мислам дека го размазивме доста време се само болен и само со нас и сега на глава ни се качи. Бар еден од нас да имаше авторитет
Се ми е јасно, имам и јас размазено дете. Сега му е интересно да го прави тоа, не разбира што е опасно, се му е игра. Таа фаза ја имаат децата, некои се мирни ама некои палави. Ке помине со многу зборење и објаснување. Ќотек никаков не применувам, не се дерам, само зборам и зборам. Секако повишувам тон ако е нешто поопасно, пример жешка рингла. Додека да порасне и разбере ке помине време. И мене за секоја фаза ми изгледаше дека ке трае вечно ама сите поминаа.
Мајки, има ли некој период на нејадење околу 19м. или сепак пост вирус е кај нас? Малата во саботата во текот на ноќта повраќаше 5-6 пати. Еве 4ти ден како уста не отвара, буквално ништо не сака, а баш јадач си беше. Вирусот го помина и брат и, само тој имаше и диареја ама полека се враќа во нормала, ќере чудна е. Да напоменам вади и четворки, две наеднаш, ама досега немало проблем од забите.
Мајки, прашувам за мислење. Малиов скоро еднаш месечно мора да е размрсулавен со кивање по малку. Давам виранто и некако навистина поминува со толку, не крева тт (освен сега на 2 април имаше еден ден). Не оди в градинка ама од шеткање го фаќа ветар и пак се дружиме со други дечиња. Сега еве го пак размрсулавен па се мислам дали да дадам пак виранто (а давав и на почеток од месецов неколку пати). Не знам дали е ок, утре ќе се слушнам можеби со др, ама не е нешто сериозно за да прашувам до толку си велам...Или да не давам, се двоумам...
Од што би можело да се предизвика пролив кој трае повеќе од недела дена а други симптоми нема никакви, ниту темп. ниту се жали дека ја боли нешто. Да не се некои заби во прашање. 22м сме иначе.
Дефиниција за пролив е повеќе од 3 течни столици во денот мислам. Ако е тоа би носела на доктор или веднаш во аптека да ти препорачаат нешто... Може вирус е, може нетолеранција на храна, сепак доктор и брис од столица ми е најпаметно што може да се направи.
Па да, некои денови и по 2-3 течни столици има. И така секој ден. Веќе двапати од градинка се јавуваат да ја земеме порано. Иначе во исхраната немаме сменето/додадено ништо. Утре имаме термин за на лекар ама веќе како да знам што ќе ми кажат, дека не е ништо...
Од забите син ми беше така. Правев кс ниѓто нигде нр покажа. Не јадеше а потечни столици лом се правеше...
Моето беше така кога ги вадеше четворките, 6 дена ништо не стави во уста само сок,вода и електролити за да не дехидрира.Му пробија и си се врати во нормала.Период е ќе помине.
Колку често даваш виранто? Дали знаеш пример ако си давал виранто пред месец ипол смееш да даваш пак?
Искрено не знам, не сум се консултирала со др. Од ноември наваму мислам дека секој месец давам, и не знам дали е ок. Си велам барем не е антибиотик и на билна база е.. А настинкиве не биле некој опасни ( течење нос, кивања, некој пат насолзени очиња, и само во март тт). Сега пак давам, а и дечињава од другариве исто се со носе растечено.
Прашувам зашто давав во март, а сега е со температура од нигде никаде и тоа 6 дена по испиен антибиотик па се мислам дали да земам виранто.
Здраво мајки керками има 14 месеци еве 3 дена забележувам кога е легната на грб ги превртува очите не стално ама знае да направи така 2 до 3 пати многу сум загрижена дали има некоја искуство можеби е само фаза?
Мајки вие што имате ќерчиња од каде купувате / порачувате кондурчиња сандалчиња...во Кеги гледав , на цицибан нешто ..
Мајки ве молам за совет како се справувате со многу плачливи деца. Детето ми е година и пол, многу е раздразлив и плачко, веќе изгубив желба да излезам и да се дружам бидејќи секаде е истото само плаче ми е смачено. Воедно и срам ме фаќа сите луѓе чудно ме гледаат. Понекогаш се чувствувам како неуспешна мајка иако му ја давам целата љубов и внимание на светот. Ве молам совет и искуства, би ми биле од корист и извинете на долгиот пост.
Sega skoro zimav paticinja i sandalcinja za mojata. Za patiki vidi buzz ili sportvision...bilo koja od sportskite ustvari. Sandalcinja jas najdov ubavo vo chicco. E sea moeto e godina ne znam koj broj ti treba
Јас после година ипол некаде пробав да перам заедно, ама се исфрли малиот. Дали се погоди со нешто друго, зошто кога е поладно времето од сува кожа му избиваат како лишајчиња, или од прашокот беше, не знам. Битно си продолжив одвоено да перам, еве скоро 2 ипол е сега. А инаку после година веќе што сум правела муабет со мајки, почнуваат заедно да перат.