Мојот е исто нејадач, ручек стандард ние што јадеме и за него е исто. Доручек и вечера најчесто нема проблеми ама за ручекот знае многу да изведува, плус не јаде многу работи што ние ги јадеме па кога ние јадеме нешто што тој не јаде спремам за него друго , најчесто гледам да приготвувам нешто што и тој јаде или ако правам јадење со месо обавезно да може да се издвои за него без месо или мора да е со мелено па да го изблендирам месото инаку не јаде, месо во уста не сака да стави. Од самиот старт на дохраната не е нешто воодушевен од зеленчукот и месо. Ретко да се возбуди за некое јадење и најчесто е периодично одреден период ќе обожава кисело млеко, друг леб трет нешто трето и така .... Се нервирав на времето и се трудев да го натерам да јаде на секаков начин секаква форма на храната ама џабе, и прифатив дека е таков, јас спремам јадење а тој колку сака толку јаде од тоа ептен нешто ако воопшто не касне па друго да понудам. Крвната слика фала богу е добра до сега. Не е ни до калорично ни до ништо такви се децата едноставно и тоа е како растат можеби ќе сменат на подобро.
Леле, можам да замислам. Со моево живци кинам што не јаде кога е болен, а стално вака да е... Јас му готвев посебно пошо маж ми не сака баш здрави варијанти и повеќе правиме во сосови, прженици и гледам и малиот повеќе сака од нашето. Пример, брокула може да грицка како ужина ама не ја сака во ручек. И така почна да си јаде со нас, повремено и пица јаде, помфрит, тестенини во сос. Од тогаш и почна да качува на килажа иначе послаб беше. Може ќе порасне уште малку и ќе почне да си јаде.
И нашиот ручек е прилагоден за нејзе . За викенд дека сум слободна по 2 ручеци готвам . Кај мајка ми еден ручек на мени , ако е најадена, јас најсреќна сум . Срамота е да кажам, и од на свекрва ми ручек ќе се прати ако не се јадело од ни еден. Оставена е сама да јади , лом се прави , ронки , лепливо околу нејзе, на хранилка , на клуб масичка пред тв , со нас на маса . Само да внеси нешто . Вие како што правите што ви јадат децата ?[/QUOTE]
Од што сум очајна и пица и благо и се буквално не здраво, здраво све што мислам дека ќе пројде ама ништо само јогурт, ѓеврек, смоки и некоја соленка.. До 18м се јадеше во кашите и ставав сега очаај..
Моето се ама буквално се јадеше и последниве неколку дена почна да ми прибира, исто 23 месеци е.Ама со финти почнав да се служам, пример ајде ручкај и ке одиме на чао или ручкај и ке гледаме цртани.И почнав неколку дена да му давам бекутан мултивитамин сируп ми рекоа за апетит било и еве го денес да не го подречам и во градинка се изел, дома каснал од ручекот на баба му па и од мојот ручек некој залак касна и задоволна сум.Дај боже така да продолжи.
Мајки, џабе живци кинете, до детето е. Од искуство ви кажувам, јас имам две. Едниот вечити нејадач, до три години блендирано јадеше. Прво дете, готвев посебно, па свежо да е, па здраво да е, на крај ништо само фрлав. И ден денес е таков. На 8 год. тежи 22 кг. и јаде само неколку работи, значи не се смени ништо. Само нервоза и една дијагноза плус си добив Со сестра му сега да ти е мерак да ја гледаш како јаде ( барем до сега), има 20м и од сам старт си јаде. Додека готвам мора да и дадам нешто да грицка бидејќи ќе се содере од плачење, од тавче директно во уста, и дува и џвака и голта без да џвака Ама раат е. Е сега кога сме на маса се осеќам како полицаец. На синко велам јади, додека не изедеш барем половина да не си станал. На малата и велам доста, ајде оди да играш со бато, таа: пааааааак ам И така, кој помалку, кој повеќе. Да се здрави и живи, ако не е храната друго ќе не загрижува и така ќе си старееме. За тоа сме мајки.
ме изнасмеа , "ко полицаец" Те имав читано и во некоја друга тема за нејадачи , а постојано прикажуваш интересни рецепти , така убаво спакувани , бомбици и сваштарии. Значи нема откажување . И јас многу се нервирав , плачев кога не јади ,зборував, молев. Мајка ми кога ќе.ми ја предади , и таа тажно ќе.ми кажи ," ништо не касна". И тонам во мака. Сега имам нова тактика за да не се нервирам , што викаш и дијагноза ќе си навјасаме. Не јадела , ајде банана, јаболко , краставица, па ќе доприме до 3-4 залаци од оброкот . И пресреќни сите.
Индивидуално е и тоа. Не мора да значи оти ќе има реакции. Ние бевме помали кога ја ставивме и немавме ништо. Исто и од другите вакцини. Следи ја за секој случај ако има нешто ќе реагираш. @Lady Leona никакво откажување Ќе си ја пробуваш среќата, од каде да знаеш кога ќе и текне да пријаде И јас така правам со синко залок по залок и сама си зборувам леле да дочекам внуци од тебе и само да ми речеш ништо не јадат, тогаш ќе те видам Од маки тоа, сама си зборам
Се појавуваат од 7 до 14 ден ама и не мора да се појават.Моето ја прими на 13 месеци никаква реакција немаше.
Здраво мајки, ќе одиме на подолг одмор во јуни(14дена) во Грција. Ме интересира што би ми било од корист да понесам? Лекови ќе земам, гаќички за бањање ќе земам од ДМ, друго нешто што ви фалело или што имате понесено и ви било од корист, а да не може да се купи таму?
Се има во аптека исто како и во Мк. И во супер маркети и во продавници. Цените се горе долу исти и ако не дај Боже ти притреба нешто, одма одиш и купуваш. Мое размислување. Секој си знае инаку.
Знае ли некој од вас дали може да се меша витамин ц и витамин д? Јас во едно лажиче турам од двете да си заштедам време ама поим немам дали е исправно , уште некој да прави како мене ?
Да се надоврзам за нејадачи. Читав малку пред некој ден, никако да пишам Мојата накај годинка јадеше се што ќе и дадам освен брокула, тиквица, боранија, морков. Сите работи што ги јадеше во каша претходно. Ама друго се јадеше па немав проблем, тргна градинка на 13 месеци таму јади се, и по две порции од ручекот обавезно. Јади таму и леќа до ден демес (19 мес е) она што дома нема да го погледне сега. Почна полека дома да станува прибрилива накај 15 месеци. еден период имаше месец дена каде дома јадеше само буквално истите 3-4 работи Зборев и во градинката иако гледав на репорт дека стандард јаде 2 порции ручек плус доручек, ужини. Ми велат зачудени дома не ти јаде?! Тука ја крева чинијата и вика “more” Мене вака ми успеа Се држев до работи што знам дека 100% ќе ги јаде( во наш случај телешко, риба, ориз и пченка проаѓаат секогаш) и ќе дадам настрана пример брокула 2-3 пати неделно со нешто што знам дека јаде. Брокулата ја плукаше, после научи што вкус има и директ на земјата ја фрлаше. Продолжив со овој метод, плус она што го ставам пред неа гледам да не е многу, па после ставам репете Освен брокула другите денови пробувам други работи, секогаш сервирам 2 раб што ги јаде и една што знам дека не ја сака Пројаде брокула сега пред 2 недели после 6 месеци константно сервирање, без форсирање, без да и го давам накај устата да проба. Тиквица уште не сака ама почна грозје, морков исто така. Има напредок. е сега мојата е во градинка 4 дена за таму немам проблем, затоа и не размислував нешто за апетит да давам. Ама ете може некој ќе му се најде ова. Трпение само и без форсирање. Треба време стварно за жал. Исто давам 2-3 пати неделно цеден сок и ставам внатре спанаќ и други работи што не ги јаде. Проаѓа секогаш додавам и јаболка и други овошја за да не осети. Ме советуваа да земам колд прес соковник бидејќи ги зачувува витамините.
Majki Dali davate na deca Nad Edna godina pileski ili nekoj drug vid na dziger...I ako davate Kako go podgotvuvate