Сериозно? А ти спиеш со долги ракави? Ќерка ми веќе цел месец спие само по боди со кратки, а заднава недела ја покривам само со фротирка која нормално ја шутира. @espana бабин лек- џвакано лепче и залепено на џумката.
Китен зависи во што живееш...Кај мене во куќава до вчера беше ладно и си спиеше по пижамчиња на долги и одоздола боди на кимоно...И јас обично гледам да сум колку неа облечена, па според мене се водам. Се покривавме со тенко чаршавче и насабалје мене ми достудуваше. Вчера и денес, бидејќи е пекол, преку ден е раслечена по боди кога сме на горниот спрат ( на долниот спрат обавезно маичка по куси и хеланчиња оти многу е ладен...како клима да имаме пуштено), навечер ја оставам по маичка на кратки и долни пижамчиња...нормално ножињата боси...али температурава е ок...не е нешто прежешко во собава, убаво се диши. Не ја оставам по боди само оти повеќето време е откриена отколку покриена. Али ако видам дека не се диши во собава повеќе ќе мора и само по боди. Убаво си спие...не е испотена и не се буди до сабалје...значи таман и е. Во стан веројатно е пекол и не се диши.
Мајки јас имам проблем со јадењето,се си јадеше ,сега ручекот никако,ништо не и се допаѓа батат и спанаќ,др несака да види....сега вади заби ама не е до тоа,доручек ,ужина,вечер се јаде...се мислам да пробам прво да и давам зеленчук па после овошен оброк или да мешам брокула со некое овошје незз што е паметно,вака е веќе 2 недели.
До топлово е, и ќерка ми одбива ручек задниве недела-две. Пробај во ручекот додавај кисело млеко. Ако не бива, давај било што, нешто освежително. Мојава откако ќе касне две залчиња од ручекот, продолжува да јаде лепче и павлака, или пие јогурт, свежа краставица...Вчера дури ручаше лубеница
Таа вчера со нас јадеше леб кришка и помфрит дека бевме во ресторан и од својот ручек несакаше ,ама тоа за мене не е ручек, ќе пробам кога е најгладна сабајле да и дадам зеленчук да видам
И ставав ноќеска лебче и сплавна нема ништо освен сега малку модро и изгребанко од камчињата ,ја мачкам со Еуцерин да не почне да се лупи...а како маргарин и сол пиши да знам за недај боже друг пат
Со помин нека и е. Ставаш прво маргарин(било каков) на местото каде е удрена и налпуваш сол. Безболно е и не се прават модринки,подуенки и сл. Ова ви кажувам не од бабини-деветини,испорбано и 100% сигурно,на син ми.
Мајки последните два Дена керка ми ништо не јаде по цел Ден само вода и сокчиња пие..дали во цел Ден само Една банана ке изеде и тоа не цела..а икога Кака само како вода значи пролив мислам оти не е бидејки велат ако во Еден час Кака 3-4пати тогаш е а таа од цел Ден ке кака 2-3 пати Ама како вода и некако чудна боја да не е измрзната или имал ли некој сличен проблем..дали за нејадењето да ја однесам на лекар нешто да и дадат за апетит или..
Сируп парацетамол отворен во фрижидер колку може да стои т.е колку време е употреблив? П.с прват сум во оваа тема. Порасна ѕверчето не е веќе за во тема бебиња. Ќе ве дружиме тука почесто, поздрав.
Јас го чувам во фиока, мислам дека нема таков рок од отварање, или ако има сигурно трае подолго. Сепак не се работи за антибиотик. Знам дека имав еден зимово кој беше три месеци веќе отворен, па кога и' дадов, си имаше ефект лекот.
Дали нерастот на косата претставува знак на недостаток на некој витамин или тоа е нормално..Еве 15месеци сме а само мозам да казам неколку влакна имаме на главата ☺ дали има и некој друг со таков проблем..
Може да биде недостаток на железо,цинк или биотин.Или пак предозирање со витамин А. Може да е и поради пореметување на тироидата. Ама искрено не верувам да е нешто сериозно кај вас во спротивно би имале и др симптоми
мајки син ми еве веке втор ден е со тт и пролив бевме вчера на лекар имаше и црвено грло, матичната ни даде само капуки за проливот и рече веројатно тт кему се симне во теков на денов но еве несе симна. Вчера едно време целото тело му беше ладно мраз а главчето му вриеше, сношти пак покачи му ставив чепче малку мусе смири но еве гледам дек пак почнува да му крева. Незнам дали да го носам денес пак на лекар а да е од запчиња неверувам нема ништо подуено
Јас би те советувала да одиш на лекар, со тт не се игра. Сестра ми од висока температура неколку денови по ред што имала кога била мала доби стрбизам.Јас искрено имам уплав од тт.
Моето три годишно синче имаше повеќе од 24 часа тт 38.5 која и покрај далеронот кој го давав не се спушташе. Еве денес втор ден, се спушта до 37.8 само. Твоето е веројатно уште бебуле, па ако трае долго подобро на детско носи го. Со помин да е, па ќе кажеш
sega se vrativme ispadna crevna infekcija ako nese spusti uste denes ke mora da prima infuzija dane dehidrira