Да такви. Битно е напред да се затворени и лесно да се виткаат. Види ги и Ипанема што ти ги предложила Мила, имаат интересни моделчиња.
Јас за на плажа имам обезбедено вакви за малото. Не знам дали може да се најдат кај нас, ако ги нема во Мк, може да нарачаш од Амазон да ти ги донесе некој околу 15 евра се.
Чико не е мека гумата. Инаку да, тие модели се топ. Кои и да ги купиш нема да погрешиш. Ипанема се погоелем калап да џнаеш. Кој ги препорачува?
Антоније кажа големо НЕ за цицибан. Нагласи да не не лаже цената дека се нешто најлошо за неразвиено стопало.
Ако си го променил мислењето, јас му имав земено најобични кондурчиња од кеги ми ги фрли ми рече само цицибан тоа е за првото дете, и цицибан си купував и фала богу ништо не му е на стапалата, а второто го носев кај тони талески он кажа не е битно да е бренд е сега кој како си сака и како мисли така нека си прави.
Он препорачува рамна влошка без перниче, да се виткаат напред, а кај петата цврсти. Мене ми рече ако сакаш и од пазар купи ги, само да ги имаат овие карактеристики. Колку што знам цицибан се со перниче.
Кога го носев синко нагласи да не се летаме по скапи обувки како цицибан кои не што не се добри, може и штета да направат. Кажа дека обувките треба да се рамни да нема никакво испакнување. Многу ме чуди вака кога ке каже некој родител дека ист доктор кажал нешто соооосема различно.
А што мислење имате за crocs влечкиве, мали ги носи за низ дома низ двор ама незнам колку е паметно долго време да е во нив а топло ми изгледа за патики цел ден да му се грее ноџето, или попаметно сандали да му облакам
Ги добивме на поклон, инаку јас не би ги купила од причина што многу се широки и не му е стабилна ногата во нив. Ги носи ама не е тоа тоа. Подобро некои напред затворени сандали што цврсто ќе го држат стапалото, од ипанема сум задоволна.
Да имаат перниче, баш сега ги гледам, не знам малиот носеше и сандали и кондури сега веќе патики скечерс, немаше проблем
Не мора да значи дека ќе има проблем, дај боже да нема. Само нели кај малите има како масно ткиво што со тек на време се повлекува и тогаш се прави вдлабнатината. Ако гази на перниче, перничето може да дојде на неправилно место, погоре или подоле на стапалото и таму да направи неправилност.
Јас би земала затворени, некако постабилно ми е стапалото во нив. Но ако мислиш дека нема да има проблем со одење земи отворени. И јас ако се многу отворени напред ми излегуваат прстите и ме нервира, затоа преферирам апостолки пред обични влечки.
Што ќе кажеш за моделов на сандали ? https://www.sport-m.com.mk/ProductC...=06&Grupa=01&PodGrupa=508&MarketingStatus=005
Ќе се уфрлам. Не мора. Тони баш одобри, зш малиот ми е склетџија и едвај патики носи. И моето сега ќе прави 18м.
Види ги во живо. Гумата ми изгледа тврда, можно е да не се витка воопшто. Види и јас веќе не пазам ептен на тоа ама пак гледам колку толку да може да гази убаво, да му е комотна ногата. Секако види ги во живо, вака ептен на ризик ќе одиш.