Vo toj slucaj ok, mada mojata neka problem da se vozi u kolicka i seiste.mi e prv izbor bas radi spienjeto
Ние добивме за 1 роденден и супер ни се наоѓа пошто неќе да види количка моево од 4 месеци па навака. Сега бар не го носиме во раце насекаде, си ужива во трициклот, сака ептен да се вози.
Мајки, дали давате нешто за имунитет освен д3, витамин ц и омега на оваа возраст? Секој месец е болен од некој вирус или бактерија откако тргна во градинка и го држи температура по цела недела
Ајде мајки ако може совет Дали треба да преземам нешто во врска со исхраната? Ние сме 22 месеци јадиме кисело млеко, леб, фрутолино, медолиноно, ориз, житарки, банана, авокадо, јајце, макарони ,павлака ,урда, јогурт ,хипп месни каши (бидејки друго месо не сака а сакаше до пред некое време) овошје свежо и оние во сокчиња ,палента ,спанаќ ,јаболко млеко во каши, (не сака да го пие )(до пред 15 месеци се јадеше дури и ние што јадевме и парченца ...му излегоа 5 заби наеднаш и менито ептен ни се скрати ) некој совет како да јади повеќе намирници на пример компир, морков варени зеленчуци количински 250 г максимум дали е тоа доволно за возраста? И уште цица Прашувам бидејќи од страна сите дофрлаат а знам дека има деца па ни ова не го јадат сепак и јас сакам се да си јаде ама ете... насеќирана сум ептен
Истиот го доби син ми за 1ви роденден на подарок. Многу сака да се вози. Има додаток долу за нозете да ги држи, дека не стига на педалата.
Мајка, зарем уште меруваш количински колку јаде? Немој, не си прави стресови. И сама рече дека кога вади заби помалку јаде, нормално е, имаат болки, скоро кај сите е така. Твоето дете слободно може да се смета за јадач (од тоа тоа што го наброја погоре) има многу полоши на темата. Знам дека сакаш да го збогатиш менито, како и сите мајки. Нуди почесто тоа што не го сака, шверцувај го некако, не се откажувај, може ќе се сожали ќе проба. Исто и со парченца, гледај да јаде со вас, да ве гледа, да посегнува, да го фаќа мерак да јаде и тој. Е сега, блендирано и парчиња количински исто не можат да изедат ама нели мора да се учат и да џвакаат. Во врска со Цицето не слушај други од страна, прави си на тебе како ти е убаво. Јас ќере ја одбив пред 2 недели, денес на преглед кај педијатар ме праша до кај сме со Цицето и реков готово и ми рече редно било, демек голема била за уште да цица. Малата има 20м, знам деца поголеми што цицаат, плус кажано од доктор, па и жена некако чудно ми падна. Башка што ни беше прв преглед кај неа, нашата докторка отиде во др.град.
Може на лице да се мачка од него? Дека мене во аптека ми рекоа дека за лице е 25спф пошо 50ката содржела и некое средство за заштита од комарци
Istiot go imame i nie na poklon go dobivme za rodenden. Uziva duri nozete si gji kreva. Inaku za spienje ima i shto se pravi za lezenje ama nie taa funkcija ja nemame.
Јас мачкам насекаде, само малце потешко се впива да знаеш, ама до сега не се поцрвениле и двајцата, почнавме на плажа веќе 2 недела одиме скоро секој ден, некогаш не фаќа и 13.00 часот баш кога е најжешко тогаш се враќаме дома и ете супер се покажува до сега кремчето
Мајки незнаев каде да го поставам прашањето ако не е за тука нека се премести. Малата неспијач од рагање во градинка спие 1 саат ќе згреши некогаш саат ипол Е сега работата е што рано многу легнува во 19ч, изморена е ептен. Кога може да се прошета сега летоска во најубавото треба да си легнеме. Да напоменам сум пробала да ја успијам да дремне ама нема шанса. Викенд друга песна сме ама кога оди во градинка е вака.Незнам стварно како да поместиме барем 21ч да заспива Како е кај вас ? само ние сме вака или има уште некој Да се едитирам малата е 1г и 4м
Кај моите е вака со години.Стануваат најчесто во 7 цел ден се будни и навечер легнуваат најкасно 8.Подобро ми е вака да имаат некој ритам цело време него да им менувам или да си легнуваат во 10 11.Место да шетаме ја и маж седиме и пиеме кафе во дворче.Сега се 6 год и 3,5 пак истото темпо го имаат освен ако не спијат во градинка и тогаш цел биоритам се менува,телото навикнато да си легнат во 8 а не им се спие,и до 11 се ужас.Има време ќе пораснат ќе се шета.
Да ти кажам и јас заспивам со нејзе мене ич не ми се шета искрено преморена сум. За нејзе за воздух да фаќа ми е повеќе, ништо друго.
Те разбирам.Одвај чекаме да дојде лето и кога ќе дојде сфаќаш дека треба да е затворено дома детето зошто пече сонце.Ако успеете на некои планински места кај што е посвежо,можете до Матка да тркнете,после 17 ч во базенче и тоа е тоа.
И мојава е 1 год и 4 месеци. Од март навака и продолжувам времето покасно да заспие навечер. Еве сега конечно неделава почна да преспива после градинка од 17-19 часот. И мене ми е битно да излезе на воздух малку. Сега заспива во 9-10 навечер, ама преку викенд се понаша ко тинејџер, станува кај 11-12 часот на пладне.