Вчера бев во друга аптека и пак прашав. Сега па ми рекоа над 3 години го препорачувале и на крај земав Уриаж А баш сум задоволна јас и за мене користам креми од фрезидерм
Мајка уживај, нека не ти е оптеретување исхраната на детето него уживање...некогаш ќе јаде повеќе некогаш помалку некогаш ќе сака нешто друг пат нема да сака... Доењето е препорачливо до 2 години и после нема штета...остај недолични коментари, секогаш ќе ги има ...Уживајте си
И ние исто бевме, нешто е период нешто регресија во спиење...Ако сте со едно спиење нека спие што е можно подолго
Isto I nie sme taka...vo gradinka spie saat-saat ipol...duri I ako dremne posle doma Pak legnuva porano ... E Sega moevo legnuva kaj 20:00-21:00 casot...ama so igranje izdrzuvame do tolku inace porano bi zaspala
Си бројам така јас сега колку месеци му е детето и изненадување не се 19 ами 22 да ти биле ?: Кога поминува бе луѓе времево ??
Мајки ве молам за совет...ќерка ми е 22 месеци, последниве 2 недели не сака да се бања...тоа е такво вриштење мавање паѓање на земја што може и да се повреди што неможам да објаснам... Пробувам да сфатам од што дојде до ова, бидејќи беше дете што обожава да се бања... Единствено што ми паѓа на памет е дека претходно при бањање голтна малце вода па да не се исплашила од тоа...значи бањањето ни стана ноќна мора... Ве молам за совет
Исто се случува и со мојата еве веќе 2 месеци (16 месеци е), од бебе кое обожаваше бањање преку вечер почна да вришти, јас веднаш почнав туширање заедно со неа така не ми прави проблем, чекам да помине и мислам дека е само период. Ако има некоја мајка да не утеши
Ако имате туш кабина стави му мало базенче, сапуница, играчиња, направи му некоја таква атмосфера да му е интересно. Ние така се бањаме
Имав ист случај со моето дете 20 месеци. Пред 2 -3 недели некаде. Јас почнав со неа да влегувам во кадата и така успевавме само ама еве вчера сама си влезе. Се надевам ќе продолжи. Некоја фаза и беше. Кај нас Знаев дека не е исплашена од водата дека каде живеам има часови за пливање посетуваме од кога имаше 13 месеци. Веќе и гнурат под вода малку ама ете дома не сакаше вода да види. пробај со неа заедно
И мојот 1 период не сакаше да се бања а зимоска од корито не можев да го извадам, инаку и јас влагав со него да се бањам плачеше виде не виде престана и еве го сега пак едвај чека да се бања.Период е
Период е, го поминавме така што се бањавме јас или татко му со него. Пак беше со плачење ама набрзина го поминував. Сега сме во фаза вриштење ако се намокри косата на 2 години, уште пострашно е. @minne992 На година почна со една дремка, па после 9тиот скок почна пак по две и веќе мислам на 15м си продолжи со една.
Многу зависи од детето. Моето после 12 м. Се префрли на една дремка од 2 часа некаде. Кога заспива навечер со 2 дремки?
Абе многу убо си ми спиеше по два пати, сабајле станува 6ипол 7 најкасно до 10 заспан еден сат. После пладне кун 3 до 4 и толку Навечер кун 8 ипол најкасно 9 заспан Е сношти вечерта не ми ја преспа убо немирен беше и подплачвеше па сабајле стана во 8. После 12 заспа до 2 и тек дури 9 заспа Мислам незнам премногу долго ми се виде разбуден . Дали е скок или е од вакцината ( примаше пред една недела ) или веке неќи да спие два пати незнам
Ке видиш наредни денови како ке се однесува. Ако е плачлив ке пробаш да го заспиваш. И јас се водев по тоа да заспие до 9. Ама ако си е весел со една подолга дремка ке си продолжи така. Пример, синко уште пред зима престана да спие денски на 2,5 години ама сега ја врати дремката, преактивен е за да не спие воопшто и да е буден 12 часа.
Ке видам баш како ке се однесува деновиве Си велам барем уште летово да има по две дремки , не ми пречи сабајле и рано да станува секако и јас сум ранобудник ама навечер сакам со време да си заспива Инаку е 14 месеци
Не се знае дали е заб, скок, регресија, хиперстимулација, таков ден шашав, или пак дошло времето за една дремка. Кај синко овие премини си доаѓаа сами, штом почнува молење за спиење знам дека ке има промена.