Јас давав парацетамол пола доза пред спиење кога се мачеше со заби. Неколку дена додека да се смири, зошто исто беше многу плачки будење кенкање....
Еве и моето за 2 недели ќе полни 1 година, не станува сеуште од лежечка положба во седечка.. само кога е на стомак сам станува да седи ама на грб не.. Ама веќе си лази со газето насекаде па и некогаш на колена зависи, си посегнува по играчките секаде ама не се исправува сеуште
Исто форумче, сабајлево беше буден од 2, па заспа кај 4, па пак од 5 до 6 и пол, две-три недели е ваков, за топло во собава топло е ама го расоблеков, му дадов течности, се напи и после буден како 12 на пладне да е, а не да продолжи да спие...и заспавме уморни околу 6 и пол 7, ни аларм слушнавме ни ништо, закаснав и за на работа...кај мене беа 4ки, ама 4ките израснаа, не знам сега дали се случајно 3ки, скоро секоја вечер е така, преуморна сум...давав и неколку вечери парацетамол промена нема пак се буди...не знам веќе што да направам преуморна сум
На мојава и се спие,се труди да заспие ама одеднаш почне да плаче како да ја боле нешто. И ние ноќеска од 1до 3 бевме будни. Ќе почнам да ѝ давам парацетамол пред спиење да видам ќе има ли ефект. Планирам и да не ѝ давам млеко пред спиење, оти приметив кога се разбуде ноќеска како да ѝ кркори стомакот и прде по малку. Минатата недела една ноќ плачеше од 1 до 4 додека да заспие. Таман мислиш заспала она почне да плаче и така три саата. И она се измачи и ние покрај неа.
И на мојов му се спие, мижи и се врти како вртелешка во кревет...во креветче спие само до првото станување после не сака, на спална само бара иначе рика, и јас и маж уморни отепани сме,...моево заспива со млекце ама пак вода не ми сака од шише со цуцла...само со цефка..а од цефка не може да пие од легната позиција и не може да заспие така...мачкам и дентинокс пред спиење, давам и осанит гранули и се превземам за во случај да се заби...не знам што ќе се прави, сабајле дамла ме мавна гледам сатот 9 а на работа од 8 и пол
Можно е заби или некој скок и кај мене сношти врисна наеднаш , ама брзо презаспа , исто и минатата вечер , само тогаш беше изгледа за вода оти кога се напи се смири одма. За млеко ако ти пие пробај без лактоза , кај мене ќерка ми често пие чоколадно млеко , и син ми се тегне по него ,сака и он , а од млеко одма има тегоби , и така кркорење и гасови и му земав без лактоза на алпско. Па кога она пие ако сака и он му давам такво , и нема проблеми.
Па не знам за скок, ваљда би требало да е завршен последниот скок до сега. Ќе пробам и без лактоза да ѝ давам, она не пие многу, само за заспивање и не секогаш
Откако почнав да му давам палента ја зимам оваа, грчка е и е преубава, ситна, уште ја јаде, пробав од таа на Био во ДМ, му дојде чудна и само лажиче изеде од неа пак си се вратив на оваа
Ист беше и мојот, тоа будење во 2-3 траеше неколку дена, читав имало регресија и се помирив, се преморив со оваа регресија плус седеше буден по неколку саати и бараше во раце да го држам
Мојата е исто 18месеци,се буди веќе некој период во 4, плаче како да е исплашена и бара да ја држам во раце додека презаспие а некогаш и останува будна и по 3-4часа.Поминаа скокови незнам што уште не чека, ајде кај вас да е од заби но мојата ги има сите извадено освен 5ките а за нив е рано
Ѝ погледнав преска во уста, едната четворка е излезена а кај другата е отечено местото и има како крв малку. Мојата од бебе си ја преспива цела ноќ, од кога почнаа забите да ѝ растат се буди на периоди ноќеска плачејќи. Ама волку да плаче како во последно време не се случило
И моево е 18 месеци, значи од прилика исто е кај сите..нас три четворки ни излегоа или е до четвртата или е до тројките…па горе тројки и раат изгледа никогаш
Jas za site zabi so toa teram. Mojata u son se budese vristejki od zabite ke ja namackam i se smiruva za minuta
Мојов па ептен лесно ги извади 4ките. Еве сега има и три 3јки и за нив за нијанса ко покенкав. Кај сите е различно... Инаку има 15 м.
Ние сме две години и еве со 3јките и плус жешко... и станување и нејадење и триста чуда ... ама ќе помине ајде
Еве и со пчела прво искуство. Бебе ми згазна на пчела, местото отече одма и за 5мин го однесов во амбулантата од хотелот. Др ми рече фенистил гел да ставам. Секако го имав купено за комарци, не сум знаела дека е и за убоди од пчела- па имајте си го со себе. Спадна брзо отокот, вечерта малку се пожали пак го намачкав и веќе денес нема ништо. Рече др дека за 24ч може да развие инфекција ама тоа многу ретко (ние пројдовме супер)