Дали е рано да му воведам млеко? Он дои, но мислев на пример до плазма да му помешам и сл. Со кое да почнам? Инаку има 13м
Ако давате кравјо млеко, за деца секогаш се бира полномасно, не нискомаслени и лајт верзии на млеко и млечни производи.
Здраво мамички. Моето дете е 14 месеци. Пие млеко, јаде се, и овошје и зеленчук, сега е во фаза на породување...каде и да е само се испушта и ќе прооди. Кажува само ај, ајде, вика на цел глас, разбира се што зборувам јас, за млеко, за јадење, и сл. Постојано му зборувам како на пример ајде да пиеме водичка, или ајде ќе одеме да шетаме, на чао. Да пиеме млеко и сл.песнички му пеам.. Инаку гледа и тв ама се трудам поретко. Чат пат и песнички му пуштам на тел ама многу ретко и кратко време. Прашањето ми е.. Дали да го носам на логопед? Или рано е? Вака супер напредува ама свесна сум дека сите деца не се исти, некои порано, некои подоцна прозборуваат или проодуваат. Ваше мислење или има некоја што има слична ситуација?
Рано ви е . Зошто логопед ... Сконцентрирано си е на одењето. Откако ќе се пушти ќе почне и да зборува. Вие си знаете ама сметам дека е рано , сепак ако нешто приметив по ќерка ми е дека кога се сконцентрирани на едно пример одење не прават друго шример зборување додека не си ја исполнат целта.
Фала Мами. Јас се мислев многу, оти од 4 м кажува мам, ама многу ретко.. Сега ај, ајде, вика на цел глас, а разбира се, играме со балони, со топки со мечиња се што може да го занимава.. Брмм Брмм викаме за возење и сл. Се плашам да нема проблем.. Дај боже да е така. Може што викаш додека едно да научат другото за подоцна го оставаат.. Твојата ќерка колкава е?
Скоро 2 г. и ме надмудрува. На 14 месеци мислам дека само мама и тато велеше и понекогаш баба. Исто знаеше се , ме слушаше се. Што и да кажев да донесе носеше.
Алпско. Мене доктор ми има кажано дека тоа е најдобро. Искрено имам слушано некои муабети за битолска млекара и само ако сум зор купувам од нив. Да прашам како стоите со јадење? Мојата многу почна да забушава со јадењето, ептен малце јаде. А што убаво си јадеше.
Каков логопед на 14 месеци. Сега проодувате на тоа е сконцентрирано малото. Мојот прооде пред првиот роденден. Сега е 15 месеци и кажува мама, тата, дада, баба, деде, буу за кола, НА кога дава. Понекогаш му се пушта дај и тите за цице. Знае да каже чао со рачето, дава пољупче, знае да бацува. Слуша наредби од типот затвори врата, дај ми го телефонот, донеси ми ги патиките. Кога ќе го споредам со дада му, она на 15 месеци имаше доста голем фонд на зборчиња, но не се потресувам. До 2 год не би одела на логопед после би размислувала.
Фала Мами. И тој слуша наредби, вика ај, ајде, ам,...знам дека ќе биде, здравје сам8. Сакав да прашам за таа вакцината после год ја ставивте ли? Какви реакции имаше детето? Слушав и читав додека не прозбори и проговори и прооди да не се става. Ваше мислење...
Јас не и уште не планирам. Син ми е 1 месец помал од твоето. Но, ако постои генетска предиспозиција за аутизам, тогаш може да дојде до регресија иако покасно се прима.
И јас не планирам сега, но како и да е еден ден треба да ја ставиме. Инаку на една мајка детето има 5 год. И вика дека има циста на мозокот, после таа вакцина, дека било напред, зборувало и одело, арно ама после вскцинстс ништо не зборувало и не ги препознсвсло родителите. Дури јадел се, а после тоа почнал да ја поврсќс храната. Бог да чува.. Се има.. Оделе по разни болници, а сега со дефектолог и логопед е детето и не зборувало многу, амс нс англиски нешто... Не знам.. Господ нека не чува... Сите..
Ја ставивме на година и месец. Јас размислував ама кога ми рекоа дека ако има генетска предиспозиција секако ќе се јави , дури и ако не ја ставиш.. си реков поарно порано и барем ќе си знам како ќе поминиме нема да ја мислам и неа.