@IRBBB Еве што ми одговорија од Kids Hut Здраво Цената на Монтесори столчето скала е 7200 ден., доаѓа заедно со мек дел за да може и да се седи на него. Рачката се трга и служи и како столче на терпезариска маса
Хај мајки Малото и 14 месеци и едвај издржува да се вози во количка, само плаче, или сака да го носиме или да го пуштиме да оди/трча Насабајле за во градинка ми е напорно со количката бидејки е малку поголема од др Сакам да му земам трицикл, па ако имате искуство со некој предложете и дали е згоден за возење пример во есен зима? Да не се враќаме пак на количката
Ние го имаме Rito Q Plау од Енци Менци околу 8500 го земавме пред некој месец. Лесно се ракува со една рака и малата обожава да се вози во него. Има педали за одмор а нозете зашто уште не ги стига педалите кај тркалата да ги врти. Нема простор за складирање како кај количките и тоа ми фали. Има едно мало пластично делче можеш само шише и смоки на пр. да ставиш. Искрено не вреди за цената, има и поефтини. Види во Локо Кроко читав доста ги фалат тие LC моделите на форумов.Мислам дека не би се вратиле и ние на количката зашто многу ми е попрактично со точачето.
Фала ти премногу за инфо. Сепак ќе барам во икеа некоја алтернатива. Ние го имаме коколе спектра од либерта, го зедовме зошто ни одговараше на макс буџет, а сакавме трицикл на кој шо се врти седиштето и кој се собира, бидејќи често патуваме и мора да ни го собира в кола. Реално вртењето на седиштето досега не ни е искористено и сега да сум не би ми било услов. Не ја препорачувам марката, конкретно на нашиот рачката ми делува многу нестабилно и ми се чини дека во секој момент ќе ми остане в раце. Маж ми вели дека е така бидејќи се склопува. Инаку може независно од рачката да се вртат педалите и рачките, барем на син ми му е многу интересно да се замислува дека тој вози. И тој в количка не сакаше да седи, во трициклот седи, поубаво му е.
Овошје, јогурт, шмукалчиња. Количина колку сака, толку, никогаш ништо не сум мерела. Синко нема ред на цицање, деноноќно е таа кујна на располагање, ама претпоставувам за ад прашуваш.
Децата се група на пациенти кај кои препишувањето антибиотик кога истиот не е потребен е најчесто. Злоупотребата на антибиотици во детска возраст е најголема. Освен краткорочните и минливи несакани ефекти по здравјето на децата, освен порастот на антибиотската резистентност која ретко кој ја разбира во суштина и следствено на тоа ретко кого загрижува,еве ги долгорочните несакани ефекти кои можеби ќе ве натераат малку и да се замислите. Злоупотребата на антибиотици во детска возраст е поврзана со: - зголемен ризик од појава на атопичен дерматит - зголеме ризик од од појава на алергија на храна - зголемен ризик од појава на АСТМА( веќе ја гледаме и во пракса кај деца кај кои секоја настинка е лекувана со антибиотик, иако добро познат факт е дека 96% од горнореспираторните инфекции се причинети од вируси!) - зголемен ризик од појава на прекумерна телесна тежина, односно обезност( дебелина) - зголемен ризик од идиопатски јувенилен артритис - зголемен ризик од аутизам Злоупотреба на антибиотици во сите возрасни групи води до зголем ризик за појава на колоректален карцином! Колку пошироко спектарски антибиотик, толку поизразени несакани ефекти. За крај, антибиотици во детска возраст амбулантски се препишуваат само во 3 случаи: 1. Акутен отитис медиа( воспаление на средно уво) кај деца под две годишна возраст 2. Пневмонија( воспаление на бели дробови) кое ни оддалеку не е исто со бронит. 3. Уринарна инфекција И толку! Антибиотик не е лек за покачена телесна температура! Антибиотик не е лек за растечен нос! Антибиотик не е лек за болно грло се додека не се докаже дека причина за болно грло е бактерија! Антибиотик нема место во третман на акутен бронхит кој по дефиниција е вирусно заболување! Антибиотик не е лек за покачени леукоцити бидејќи истите нормално се повисоки во детска возраст! Во иднина прст на чело, сите, и родители и пациенти и лекари! https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0163445322000044
Шмукалче цело, грчки јогурт 200гр, ако е со мафин некој 100гр, исто грчки јогурт 200гр смешан со јагоди, малини, 3 бисквити со пола банана или цела банана со чаша јогурт, крекери има едни од ДМ , 5-6 такви, јаболко цело, цреши 10тина, парче лубеница... Мојава ни млеко пие, ни цица. Пред спиење нешто сега пробувам шише да вметнам ама повеќе од 90мл не пие.
Уф, ќе се умира, значи крај. И педијатарот крева раменици. Штом си јаде твојата манекенка шо и се секираш. Млекото мање више битно.
Мало желудниче, се полни брзо . Јас како мала сум била иста ко твојава. Едно залче ќе сум каснела сабајле и до ручек сум го држела во образ. Еве ме 30 години, и дете родено иста сум, да каснам колку да преживеам.
Прати ја во градинка, ќе пројаде. Моево исто проблем дома за јадење беше, тргна во градинка таму се јаде, дома и нас ќе не изеде. Ужинка по две шмукалчиња ги цуца ко да ги пие (од дм земам, најисплатливи се и убави), свежо овошје лубеница, праска, слива, банана...
Уф мама, борба е за во градинка. Ќе частиме кога ќе не примаат. А документи поднесени пред 11 месеци. Да, ги земам и јас тие шмукалчиња. Ама нас ни се оброк
Мојов јадач како твојата сѐ уште нема редовни ужинки. Цица за дремка, тоа му е "прва ужина", а за втора давам шмукалче, бисквита, некогаш ред киндер чоколадо, корнфлекс да грицка, чаша јогурт, смути, ретко банана-пола ... Со свежо овошје сме скарани, може да пројде само помешано со нешто. А вака ко малата на @Tea SK 200гр јогурт плус банана плус уште нешто ни за главен оброк не јади.
200 грама јогурт на 5 пати го делиме @Tea SK . Ај бар вие ставате на килажа. И од цице сум во план да одбијам ноќе. Ова не се трпи, по 20 пати како цуцла. Све на куп.
Како не ставаме.. Тоа што стави до 9 месеци, стави. Сега само цм става, грамови не. Не ни пратам искрено Се цитираме истовремено во различни теми.
Kolicina kolku saka generalno ovosje biskviti smukalce ili lapa od toa nie sto jademe na pr patlidzani piperki od salatata. Togas uste.mi cicase ama toa ne ja zasituvase si barase plus da lapne nesto.