Чаре нема 18 месеци истото е.. Исто дете имам откако се роди. Мало го заспивав дома па го ставав до кај 2-3 месеци. Потоа не заспиваше никако и секогаш одевме со плачки и се враќавме со плачки. Секој пат викав ова последно ми е да излезам и пак одев и се исто во круг. Сега за да заспие ја нишам во седиште. Инаку не сака и се спие и плаче а секогаш излегам кога е време за спиење. Пробај може ќе ти успее со нишкање на седиштето и тебе ..
Истото...... Од дете што уживаше да се вози,по одморов стана неподносливо. Ги вади рацете од прерамките,колку и да се стегнати и цела се врти,се држи за предното возачко седиште Се си мислам дека претеравме со возењево стегната во седиште и се одмили. Период е
Јас без телефон/ таблет на долго патување не ни тргнувам. Под 1ч возење проаѓаме со песнички. Голем е мојот 23м. Сфатив дека еднаш кога ќе го извадиш од седиште си завршил со седиште и го оставам да плаче. И најбитно планираш кога треба да спие ако е возможно.
Мора да и’ ја најдеш финтата. Син ми никогаш не заспал во седиште, кога бевме Грција буден остана 8 саати до дремка ама да заспие јок. Порано вриштеше ако му се спие и моравме да правиме подолга пауза да отспие во раце, сега седи “без проблем” дури не стигнеме и фатиме кревет. Него само цртани/песнички му држат внимание ама мора на саат време да правиме пауза од 30-40 мин. за да се истрча и измори. Потоа продолжува да се вози, пак со телефон.
На ignore , ќе се дере, ќе урла , ќе вришти, (нема да чекате до толку да зајде од плачење) ќе види нема спас и ќе престане. Недела дена тренинг секој ден и толку.
И кај мене не функционира имам милион пати пробано да ја оставам да плаче и секое патување исто. А често сме в кола.
Мајки како и кога давате јајца од јапонска потполпшка? Татко ми ми донесе домашни, демек добри биле за имунитет и апетит.
Над година ,варено најчесто- може и пржено. Колку што е големо детето толку јајца - совет од педијатар. Значи ако е една годинка едно јајце две години две јајца.. Кумата пак и даваше по две три и на годината без проблем...
Мајки а да ве прашам да бидам мирна веќе аман.. Знам секое дете индивидуално , моето си лази и се исправува на колена ( сеуште не стои исправено на стапала ) и си седи стабилно и све.. само што кога е легнат на грб сеуште не станува да седи сам а кога е на стомак нема проблем, си станува сам и се превртува цело време, само на грб ме замисли .. Дали е нормално тоа или ништо страшно ?
Мама те читам постојано си загрижена. Може е нормално , може подоцна ќе се исправи но да бодеш на чисто оди кај педијатарот и побарај упат за физијатар за во мајчин дома. И ќе го видат детенцето. Педијатарот што вика?
Не сме се виделе сигурно 2 месеци , одмор итн.. сега читам од наредната недела нема да работат заради штрајкови незнам .. Вака супер си напредува ама пак онака на чисто да си прашам. Повеќето ми викаат не се секирај, нема дете што не проодело
На другарка прооде на 19м детето. Негде на 16м се исправи. Не се секирај. Ортопед нека го види секако
Здраво мајки приметувам дека ќерка ми има потечна столица последните 2-3 дена, вчера јадеше леќа и демес во изметот приметив зрна леќа како воопшто да не била сварена храната.Вчера имаше 3 столици течни а вообичаено само еднаш или многу ретко двапати полни пелена. Други симптоми нема ништо. Да се загрижувам ли, што може да е?
Навечер, насабајле, чисто, мешано со нешто? Има некаков ефект? Можам да комбинирам со други јајца или да давам и други јајца како друг оброк? Месо?
Кога даваш од прпелица цело, можеш само белка од обично плус да дадеш. А месо не, дека секако изело жолча од прпелицата. Јас како и обичното јајце го комбинирам. Белката некако е повкусна. А и дека е мало одма го јаде. Ефект не знам . Ја знаеш мојата нејадачка каква е, не сум репер.