Скоро 2год е мојата уште го прави тоа за да заспие. Сум немала проблем така да мора да ме држи цела ноќ ама карање нема да ти успее мислам. Мојата кога се буди после неколку часа навечер ме бара ама колку да има некој до неа и пак заспива. Тогаш ја земам со мене на спална. Некогаш кога е во лесен сон во раните утрински часови накај 4-5 сака да ме држи за коса. Мене кога ме нервираше ептен за да не и ја тргам раката 100 пати или полошо- да се изнервирам и да и викнам, ставав дуксерица со капа стегната. За лето марама или слично на глава и фаќа еднаш, двапати, гледа не бива нема ништо и заспива.
После 12 месеци како е распоредот во неделата за јајца и месо. И која количина месо е дневно? Или си останува 50 грама дневно?
Mami me zagrizuva pienjeto ad na sin mi.Pie 2×150ml,znae chesto da mu se sluchi vtoro shishe da go ostavi na okolu 100ml ne ispieno Po kolku pijat vashite dechinja? Inaku na hipp combiotic e i e 13 meseci. Nekoj sovet neshto,neznam da smenime nekoja druga ad formula...
Постепено вметни и нешто што смее да го фаќа, тетра пелена, посебна играчка, кебенце нешто. И секогаш кога ќе ти ја фаќа косата ќе кажеш дека не ти е убаво и го даваш тоа да си направи нова асоцијација, ќе треба време и мака да ама ќе помине за кратко време .
Ние бевме на бејбилав 3ка,правев 2 по 210мл ама тоа навечер обавезно остануваше по пола Сменивме на дм био дека снема бејбилав и навечер го пие цело 210мл,Насабајле цело 180мл
Над година млеко и млечни производи треба да е 500 грама дневно. Така да одлични сте ако внесува и други млечни производи. Мојава пие 2*120 плус 200 грама кисело млеко или јогурт и нешто кашкавал сирење.
Колку кравјо млеко максимум смее да пие бебе 12 ипол месеци? Мојава без осет ги пие 200мл пред спиење. Некогаш за уште ми плаче ама не ми се дава толку многу.
Какво млеко даваш? Моето е уште на адаптирано, но се мислам да почнам да давам кравјо ама не знам какво.
Битолско со витамини. Педијатарот ми рече ок било за бебињава. Мојава ад никогаш не прифати. Сите можни брендови ги пробав, еден тон пари се изнафрлав. Ама кравјо од прва го бендиса.
Ад се дава 150мл по оброк на оваа возраст 2 шишиња пие син ми сабајле и навечер. Можеш по тоа да се водиш
Кумановски или Трница. Тој ние го јадеме таков давам. Понекогаш Олденбург. Тоа што вие јадете тоа давај. Убаво е што учат и да џвакаат со тоа и забавно им е.
Жени јас ли сум чудна или??? Во принцип се сметам за лабава мајка ама...другарка му дава на детето смоки, чоколадо, сок на година и 5 мес. Ќерка ми е скоро 13 мес, никогаш не пробала ваков тип на храна. Сок, грицки, благо.. Мене искрено паника ме фати кога видов што и јаде детето.Давате вие ваква храна?
Стоби флипс смоки и чипс од пиперка беше ова. Јас давам ло бело и хип бисквити и се нервирам што леб толку јаде...не знам...можда ја сум чудна на оваа тема
Дете јадач не треба и не смее да проба такви глупости додека не разбира па само да бара. На таа возраст не би дала. Ама имав дете нејадач кое вадеше заби и не сакаше ништо да јаде. Само сува кифла и лино смоки. Давав и животинско царство да внесе уште нешто.
Ние сме година и месец дена, му давам све како другарка ти, секој за своето дете одлучува Сок не сака да пие