Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    13 и 17 месеци не е исто. И јас на 13 немав ништо дадено чоколадо, ама на 15 почнав по еден ред на два три дена животинско царство. Веќе има 19 месеци, но сеуште не купувам обично смоки , туку на лино, но знае да лапне некаде од некој и стоби флипс. Сок не пие и сметам дека нема потреба. Мојава леб не сака , и обично житарици на хип со кисело млеко и давам навечер и неколку смоки на лино како ужинка меѓу ручек и вечера. Убаво е да се контролира исхрана се додека може, но немојте да се оптеретувате со тоа. Огромен противник сум само на сувомеснати производи и тоа е нешто неприфатливо за мене како храна за деца и за возрасни.
     
    Последна измена: 8 септември 2022
    На no name5, Snowflake92 и Tea SK им се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.012
    Допаѓања:
    5.369
    Ноуп, ништо од ова.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    8.563
    Пол:
    Женски
    Ама мене ми е што ние дома такви работи немаме. Не грицкаме. Благо нешто некогаш може и брускети за со пиво. И сега си викам па детево мое не пробува ништо, утре ќе оди на роденден ќе јадат сите, она ќе се чуди што е.
    А јадач прва класа е, се си јаде вака.
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    И не треба да имаш. И ние немаме дома. Смоки лино купувам и чувам во ташна, и јаде само кога сме излезени. Обично игра отприлика еден час, и потоа бара да седне и сака смоки, пие вода и ќе стане да продолжи да игра. Според неа смоки се јаде само кога сме излезени, дома никад не побарала. Така и вие ќе најдете некој момент. Чоколадо бара после ручек обично а некад не ни бара. Треба само систем, ред да направите. Ете тоа што велиш , бевме на роденден и таму јадеше стоби флипс, и толку тоа за следен роденден. Ако има торта некаде кај што сме на гости, бирам дали да и дадам или не, зависи каква е тортата. Сама ќе одлучиш, ама треба да почнеш да пробуваш, за да не се најдеш во ситуација каде ќе трчаш по неа и ќе и грабаш од рака.
     
    На nevermet18, Tea SK и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.327
    Пол:
    Женски
    Не гледам проблем. :D
    Додека гнетев јас и не умееше да плука јадеше само одбрани работи: телешко месо варено со коска, полешко младо домашно варено во експрес лонец, овошје и зеленчук непрскани барав итн. Кога ме зезнаа 3ки и 4ки јадеше само кифла. Сега се снаоѓам некако.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.292
    Допаѓања:
    33.594
    Пол:
    Женски
    Од сок имам дадено само цеден портокал, не го пиеше. Не пие ништо освен вода, јогурт и понекогаш смути заради цевката, додека ние пиеме нес кафе.
    Чоколадо имам дадено животинско и киндер. Сака да касни чоколадо, ама не го обожава многу, особено не ако почни да се топи :?:
    Смоки имам дадено од витаминка некои демек без сол и шеќер, со брзина на светлината ги лапаше и веќе ни купив ни давам.
    Бисквити сака да јади и благи и солени, ради забите, благи му давам од бејбилав има едни срциња со јаболко, а свека му има дадено плазма оти нели најуба. Солени (најчесто, ама не секој ден) му давам тук, знам дека не смеам, не сакам ни јас, ама со дете шо не јади ништо, па стварно не можам да го оставам без ништо, само со цицање.

    Освен во ваквите "глуповчиња" шо навистина се трудам да се најретко шо е можно, шеќер не му давам со ништо, сѐ уште засладувам со овошје, ептен ретко со мед. Сол ставам во храната после годината, ама ете, за шеќерот ми се има некоја фобија направено без врска. Демек киндер многу поздраво е. (facepalm)
    И млеко тетрапак сѐ уште му немам дадено и не планирам во скоро.

    Инаку, секој со своите одлуки. Има мајки шо од 6 месеци даваат стоби флипс и мајки шо до 6 години не им даваат на децата ни коцка чоколадо. Кој како мисли дека е исправно, така нека си прави. Мене веќе ништо не ме чуди. :D
     
    На Oneo, nevermet18, Cherry79 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Моето проба сок, не беше воодушевен па си продолживме со вода, или вода со минидропс
    Благо знае да касне едно чоколатце киндер коа ќе му даде некој и толку, после тоа татко му го јаде
    Бисквити знам да му направам со млеко златни пек ама многу ретко дека оди во градинка па само за викенд сме дома заедно и што попрво тогаш
    И тук носиме со нас кога шетаме ако случајно му се пријаде и јаде едно две и толку или од градинка до дома дури ручаме
    Смоки не јаде бидејќи е алергичен на кикиритки
    Не му бранам ништо зошто подобро со мене се да проба од што покасно на некој роденден
    Инаку е 15 месеци
    После годинка сме вака
    Си јаде се што треба овошје и зеленчук така да ако проба ништо нема да му биде
     
    На Oneo, no name5, Dancewere и 5 други им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Моето сок можам да кажам дека нема пиено. Му имаат давано да проба од тие бебешките, за среќа не ги бендиса.
    За смоки бев многу против. Ама сфатив дека кога сме излезени немам друго чаре освен да му давам нешто да грицка. Обично му кршам јатки, ама некогаш знам и да му дадам по некоја смока.
    Чоколадо само кога ме фаќа мене криза за благо, па кога ме виде дека јас јадам бара и тој. Му давам една коцка, и таа повеќе ќе ја изгмечи од што ќе ја изеде. А и ова се случува еднаш во неделата, па ни толку.
    Али секој си знае за своето дете. Да не јаде ништо друго, и јас би давала само смоки искрено.
     
    На Lea.Messi, Tea SK и sani99 им се допаѓа ова.
  9. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Sok nejke da pie bila nudena. Smoki bebesko lino ilo hipp ama ako i dades ne odbiva inace ne bara. Biskviti od 13mes plazma znae da kasne. Leb se davi ama toa e....gledam prvo da i izvadam obrokot da se najade pa posle vadam leb za nas zaso koa e najadena ni pola parce nema da izede leb inace cela vekna. Cokolado ne i davam se podala za sladoled koa sme jadese i dadovme da proba se razjade ama sea pazime pred nea ne jademe toa. Isto bese i so cips ednas jas jadev na glavs mi se kaci da prob ama tolku bese
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Нешто пред вториот роденден прв пат проба благо( чоколади такви раб)
    Имам дете јадач шо бира зеленчук и овошје пред било каква грицка и чоколадо.
    Сметам дека навиките се ствараат од мали нозе. Апсолутно нема никаква потреба од такви работи.
     
    На IRBBB, Maca Macka, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Мамички кој број обувки носат вашите бебуши од 15 месеци? Мојава многу мало ноџе има а и споро и расте. Уште е на 19/20. Има едни патичиња од декатлон, тие се број 20. А вчера и купував балетанки од H&M и имаше 18/19 и 20/21. Тие 20/21 и беа преголеми па а овие 18/19 таман. Имаше и едни на chicco како сандачиња тие 19ка и се веќе кнап ама уште ја собираат.
     
  12. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.355
    Допаѓања:
    26.240
    Пол:
    Женски
    Тука сме и ние 20 ка моментално кнап му се , наредно 21 ќе му земам
    Година и 5 месеци е
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    16.800
    Пол:
    Женски
    Мојата има сандали од ХиМ 20/21 и беа малку големи кога ги порачав сега и се скоро точни, не знам дали моето девојче големо ноже има ама сега и купив патики адидас 22ка и големи и се ама не нешто претерано убаво си оди во нив, ми немаше логика точен број да купам па за две недели пак да треба да купувам. Имаме чизмички 21 треба да и ги пробам да видам дали ќе и бидат точни. Имам впечаток од тоа што го читам тука и во темата за проодување дека ќерка ми има голема нога а неполни 13 месеци е.
    Во врска со јадењето ќерка ми исто нејадачка се погоди, пробав со каши со парчиња и готвев посебно за неа и скоро се завршуваше во канта. Одкога почнав да и давам леб, пица, лазања, зачинет ориз тава од тоа за нас што го готвам итн…детето пројаде, се трудам малку сол да ставам и по здрави работи да готвам ама подобро да јади нешто отколку ништо, бисквити и смоки и давам од хип исто и галетите од хип со вкус на овошје знаат да завршат работа тоа само кога сме излезени кога сме дома грицка кашкавал или суво овошје, смоки има пробано и небебешки и не и се ништо посебно. Сокови сум и давала од цеден портокал и свежа лубеница ги пие така така.
     
    На IRBBB, Autumn Love, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Адидас се изгледа помал калап. Моето носи 22 адидас, таман му се. Сандалки 21 носи, а други патики од Ваикики земени 20ка. Веројатно зависи од калап до калап.
     
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    17.679
    На моево 22 му се веќе кнап:worried:
    Не ме чуди затоа што татко му носи 48:D
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.745
    Пол:
    Женски
    Адидас генерално има поголем калап, Најк се со помал. Ме чудиш со ова, од Адидас секогаш имам купувано помали броеви за децава споредено со други производители. Сеа на големиот му купувавме патики, од сите модели 38 му беше точен, само од Адидас 37 му одговараше, 38 му беше голем.
     
    На MilaSs12, nevermet18 и mommy's love им се допаѓа ова.
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.012
    Допаѓања:
    5.369
    23.5 најк.
    13 месеци е.
    :drunk:
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    До година ипол и јас многу пазев благо не, смоки посебни, до 1 год готвев само за него, сега присподобувам за него не ставам многу сол и зачини јаде од нашето затоа што со маж ми можам да кажам дека се храниме колку толку здраво, сувомеснато, паштети и сл. ние самите не јадеме купуваме само за гости сувомеснато, не па на дете да дадам.. Е СЕА прв пат касна животинско царство после година ипол и мн сака но гледам колку толку да избегаваме, но секогаш не се успева пример се спои со деца на гости кој што јадат или родендени и моето е страволко невиден и плаче се треска и му дадам, неможам да издржам да не му дадам од што нема смирување додека не лапне, дома сама не му давам и нудам исклучиво во такви ситуации, сок сака но повеќе му нудам свежо цеден сок или компот без шеќери и сл.. Башка што оди во градинка и дома и да не дадам таму апне, се трудам да се храни здраво но во секој случај знае да апне и благо и сок и јаде стоби флипс и не ми е тоа толку страшно затоа што е дете скоро од 2 год и колку повеќе расте толку е потешко да му бранеш.
     
    На Luna91, Cherry79 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  19. Ognena*

    Ognena* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате добар заболекар кој работи со деца, сакам да ја однесам малата на прв преглед и консултација :)
     
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    17.679
    Ист случај и кај нас.
    Големата не беше по јадењето. Благо, смоки поткаснуваше после 2 год и тоа исклучиво во друштво и мн мала количина.
    Малово има скоро 17 месеци и многу е стрвен машала. Буквално устата ми ја отвора да види што јадам. Сестра му(5 год) ако јаде смоки или благо буквално прецркува ако не проба. Така да има пробно и благо и смоки, секако минимална количина. Сега се трудам дада му да јаде такви работи кај неа во соба за да не ја гледа. Еден ден ја начекав како јаде сладолед во вц за да не ја види брат и:D
    Криво ми е зошто многу внимавам на исхраната, ама не оди се по план...
     
    На no name5 му/ѝ се допаѓа ова.