Mojata bese taka, ja odbiv na 15mes i sea spoe cela nok bez ic budenje. Epten nekogas znae da stane i da dojde kaj nas na spalna ama ripa legnuva i zaspiva u sekunda.
Ќерка ми се будеше на секој саат дур не ја одбив. Сега заспива во 8 ипол 9, накај 11 си ја зимам на спална и кома си е до 7 сабајле. Евентуално еднаш за вода ако се разбуди.
Моево зверче од 20 пати намали на 3-4. Ама дека малку јаде претпоставувам дека е гладна па и давам ноќе ад. А пред да ја одбиеш ноќе дамо цицаше или и ад и даваше? Кога ви завршува последна дремка па заспивате ова време?
Само цицање, никогаш не прифати ад. До душа повеќе џвакаше цицка навечер него што цицаше. Дремки не следам нешто во задње време, некогаш една некогаш две, зависи како и се спие. Само гледам максимум до как 5 15 да и заврши ако има втора. Еднаш до 6 ја оставив да спие, па циркузи правеше до 10 ипол вечерта.
Боцките не се за четкање заби, туку за чешкање на непцето кога излегуваат заби. Земи класична мека детска четка, може и детска паста без флуор, ги има доста. @Pacient srna баш за да не се плаши дете се прават редовни контроли од мало. Стравот од стоматолог што го имаат сите е од носење на забар предоцна, кога боли забот, или кога е длабоко расипан и поправката предизвикува болка. Ако детето поправа заби додека не се предлабоко расипани, мали се шансите да развие страв од стоматолог.
Фала ви на сите на споделените искуства. Може да е до доењето, секогаш кога се буди многу тешко презаспива и плаче ако не му дадам да цица, а искрено после 3тото будење веќе почнувам да се нервирам и се обидувам да не му дадам да цица, па го нишкам. А не ни знам како да го одбијам, премногу сака да цица и јас уживам да го дојам ама будењево ме утепува...Башка ако не му дадам да цица кога бара преку ден, плаче, вришти, се треска од земја. Пред некој ден видов дека во 10тиот скок е исто така, така што ете се надевам дека и тоа има придонес.
Најјак е што вика „тите“ ама онака без престан едно по друго додека не добие, ако му речам „не сега мама, кога ќе спиеш„ или било што друго само почнува погласно да вика „титееее, титеееееее“ и краен стадиум е вриштење со солзи. Пробувам преку ден нешто друго да му понудам, на пример му викам сакаш ли вода, сокче, јогурт, праска, смоки, нешто што знам дека можно е да му се јаде/пие и некогаш успева. Ако падне/се удри во нешто одма доаѓа да го бацам и пак вика „тите“ за да се смирел Навечер ако не му дадам директно на вриштење преоѓа пошто му се спие. Сакав да цица додека самиот не се одбие ама ептен ми е напорно посебно навечер или надвор кога ќе го фатат лудите дека му се цица баш во тој момент и не прифаќа ништо друго.
Исто сме веќе 2 и пол години е вака, не да ми е мачно навечер ќе пукнам од ненаспаност секоја вечер по 2 години можеш да замислиш. Кога беше бебе толку не се будеше како сега. На секој саат, два максимум ме бара и вика цицее мамо и ме тегни за блузата, заедно спиеме. Јас сум веќе спремна за откажување ама таа не е воопшто и ја жалам, ама мене лој ме жали, никој
Скроз те разбирам...и мене ми е мнооогу жал, како плаче со солзи и ради тоа уште не сум се решила да го одбијам, се уште имам надеж дека едноставно ќе престане да сака да цица самиот.
Спрејче бејби диво оригано дали може за 14м и колку пати може да се прска днево и дали може во комбинација со синомарин? Дивото оригано е за затнат или растечен нос? Цела недела сум затната јас и еве денес малку мрсулчиња ќере ми јави. И се фатив за аспираторот, вриштење е по дома. Може од мене нешто да префатила?
Може од 6+ месеци да се користи. Прскам и за затнато и за растечено, за да го прочистам носето. Составот му е физиолошки раствор со диво оригано. Можеш и во комбинација со синомарин.
Majki sto moze da e eve skoro cel mesec se isfrla i se cesa od hrana so novo pocnavme so med go prekinavme,davav jajca od prepelica zivi vo mleko i toa prekinavme a ova ne pominuva.Dali nekoj se soocil so vakvo nesto,21 mesec sme i odime vo gradinka bliznacinja i dvete gi imat
Личат на комарци. И мојава е партал периодов деновиве многу има. За чешањето да смири можеш со течна пудра да мачкаш. Смирува.
Леле исто сме и ние еве 15 месеци. Се мислам и јас за одбивање, веќе не знам ни дали толку имам млеко туку пуста навика за цицка
Ова не е алергија од храна. Ова е од инсекти, полазано, касано, па чешано. Може од комарци, болви, пајачиња... Од што се чеша, се зголемуваат и стануваат црвени, па се разранува, и затоа не поминуваат брзо. Мачкај камагел или синопен да не се чеша, ќе пројде.