Татко му го држи седнат во скут, пуштаме дарко биберко да го слуша, пееме ние на цел глас, јас изигравам кловн и со маската полека, да не се плаши туку нежно ја доближувам. Во исто време некогаш и големата на мене ја ставам демек еве и мама прави исто и не е страшно. Првите 3 пати вриштеше ама полека се навикна и не прави проблем веќе
Ако е само физиолошки немора да му ја лепиш маската приближи ја макс што можеш нека му испарува во близина. По два три пати инхалирање ќе ти дозволи да ја ставиш. Пуштете нешто цртани, песнички дајте играчки.
Хидроциклин маст за очи за мене сум ставала. Јас имам цел живот таков проблем со десното уво и ретко можам да носам обетки тоа невидени болки ми се ако носам цел ден. Исто ми црвенее а за течност ко помала исто ми правеше и ден денес знае да ми се деси со злато проблем 3 пати уши дупнував , само со медицински челик немам проблем. Мене ако ме прашуваш би и ги тргнала. Нека порасне па ќе ги дупне пак 14м гледам има пипни ја може ја боли
Пишти вришти уште звукот кога ќе го слушне. Ни телефон, ни песни. После инхалации има прозирен секрет. Да го чистам така? Еден ден црвено баш жар. Ставив хидроген и утредента немаше ништо. Ја пипкам не ја боли. Ама ако се повтори ќе ги вадам.
Prskam sprejce i davam sirup poso inhalacija e nevozmozna. Edna majka imase pisano tuka na spienje deka inhalira ama ne sum probala toa
Мене педијатарот ми рече мед после 2 год. Ја мислев после година е, па изнакупував од Тасос, сеа ене ги теглите седат во фиока, гарант ќе ги излапаме дур напраи 2.
После година ипол почнав да му давам почесто ( мед ) , а маџун 2-3 пати да му имам дадено само. Првично мед почнав да му давам на 13-14 месеци , ама не беше нешто воодушевен. Сега на скоро 20м јаде често , па и сам си бара веќе
Jas med (domashen) mu davam od 13 meseci 3-4 pati nedelno po edno laziche polno,a madzun ne sum seushte.
Nie sme 13 i pol meseci , od koi ste zadovolni vitD na babytol ili na plivit? Bukvalno neznam sto se slucuva so mene , na polnok spiejki mi padna od spalna a spiese megu nas , nemirno spiese deka kasla mnogu pa na sekoi pola saat stanuvavme i op odednas ne sme osetile koga padna i sigurno dolgo vreme placese, abe srceto mi se skrzi koga slucajno osetiv i se razbudiv i gledam go nema lele koga stanav i sto gledam... Se drzese na krevetot stoejki na kolena i tazno ne cekase i vednas go zemav i tolku bese isplasen Ve molam majki sto da prevzemam jas za energijata i koncentracija , znaci pred poragaj za sekoj zvuk vednas se busev ama sega nikako ne osekjam.. i premnogu zaboravam sto e najloso
Си проверила ли во скоро време хемоглобин, железо и тироидната жлезда? Најчесто умор и немање концентрација е поради слабокрвност и проблеми со тироидната.
Зарипнато и е гласчето и малку црвено грло.правиме инхалации. Дали ладниот воздух надвор би и бил од корист или не?
Ладното помага при ларингити и опструкции. Слободно изнеси дете надвор, макар што сега баш и не е ладно.
Добро мајка. . Така имам прочитано за ларингит дека ладниот воздух помага. Кај нас е нешто ублажена форма. Не е баш ларингит.
Помага, да. Ако не е ладно надвор, отвораш фрижидер да дише ладно или даваш ладни пијалоци и храна, овошје, сладолед... Помага доста.
Супер. Идеме надвор одмаааа. Кажете ми читам за чепчиња дијазепам. Тие за што се точно. Имаат нешто доза или едно паковање е? Посебни се за бебе?!
За да спречат грчеви ако бебе нагло качува температура. Ако е чепче се дозира според кг. Ако е течност ке прашаш лекар.
Можеби периодов ќе можат да ми донесат од србија. Читав на форумов дека таму ги има. Ќе консултирам и педијатар. Тоа е за не дај боже. А како што да ги барам... дијазепам за бебиња?